Почетна » За Амбасадата


ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992 - 2015

 

 

ИНФОРМАЦИЈА 
 

23 години од постоењето и делувањето на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992 - 2015

 

Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ - Република Македонија е меѓународна граѓанска организација за заштита на правата на детето формира на 29 април 1992 година во Скопје, Република Македонија, како светска асоцијација и прва регистрирана меѓународна, непрофитна, непартиска и невладина организација во Република Македонија за заштита на правата на детето. Основачи се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац.„Меѓаши“ се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини, кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето, развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.

Амбасадата со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

Мисија: Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација која ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство, почит на детската личност. Го зајакнува граѓанското движење за правата на децата и функционалност од страна на институциите во најдобар интерес на детето. Амбасадата го промовира мировниот активизам и волонтерство развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство. Истовремено ги негува различностите и се залага за еднакви можности за сите.

Клучни вредности и принципи во работењето на Детската амбасада Меѓаши се: Партиципација (учество, вклученост) на децата и возрасните во процесите на одлучување за прашања кои се од нивен интерес; Волонтерски пристап во заштитата на правата на децата; Промовирање и практикување на мир и толеранција преку почитување на ставовите и однесувањата на другите; Еднакви можности за сите во остварувањето и почитувањето на нивните права; Отчетност, одговорност и непартизираност во работењето на организацијата.

Главното мото на Детската амбасада Меѓаши е: Сите идеали на светот се побеззначајни од солзите на едно дете.

Детската амбасада МЕЃАШИ дејствува на меѓународно, регионално, национално и локално ниво. Согласно со Статутот на организацијата, можат да членуваат индивидуални и колективни членови. Својата дејност Детската амбасада МЕЃАШИ ја остварува делувајќи во следните сфери:

-Психо-социјална, правна и др. видови поддршка на деца кои имаат потреба од помош со посебен акцент на маргинализирани групи деца

-Мониторинг на детските права и промоција на правата на детето во Република Македонија и пошироко

-Преземање иницијативи за унапредување на законската регулатива за заштита на децата во Република Македонија и нејзина имплементација и

-Активности за градење на мирот и ненасилна разработка на конфликти

 

Во изминатиот период (1992-2015) Детската амбасада МЕЃАШИ работеше примарно на заштитата на правата на детето и промоција на детските права како и на информирање, советување, едукација и застапување на интересите на детето. Овоj домен останува од примарен интерес и во наредниот период.

 

Најзначајни резултати во изминативе 23 години:

1992-1997 година. Веднаш по започнувањето на кризата во Босна и Херцеговина, Првата детската амбасада даде апел за поддршка и организираше прифаќање на децата бегалци, дестинации во странски земји, хуманитарна помош и креативни активности со што им помогна на шеесет илјади деца бегалци;

1993-2007 г. Амбасадата го отвори првиот дежурен СОС телефон за деца и млади и психолошко советувалиште во Република Македонија. Во 2005 од Македонски телекомуникации го добивме бројот 0800 1222 и на тој начин им овозможивме на децата нивните јавувања да бидат бесплатни. За 14 години - над 17000 повици;

1993 г. ја објави книгата Правата на детето, прва од таков вид во Република Македонија;

1993-2006 г. Детски работилници, креативно користење на слободното време- вклучени над 8000 деца

1994- г. започна со лобирање за ратификување на Хашката Конвенција за граѓанско-правните аспекти на меѓународни грабнувања на деца. Во 1995 г. оваа Конвенција беше ратификувана од Собранието на Република Македонија;

1996 г. започна со лобирање за воведување на институцијата Детски омбудсман. Во 1999 г. Република Македонија воспостави Народен правобранител лице надлежно за правата на детето;

1997 г. Амбасадата Меѓаши пристапи како придружна членка на Defence for Children International и оформи Комитет на DCI во Македонија. Во 1999 г. овој Комитет се регистрира како посебна НВО за правата на детето - Здружение за заштита на правата на детето;

1997-2002 г. Амбасадата формираше Македонска национална коалиција за правата на детето (28 НВОи), со Секретаријат во Амбасадата Меѓаши; Оваа коалиција достави и алтернативен извештај за состојбата со правата на детето во Комитетот за правата на детето во Женева;

1999- г. како национален координатор се придружи на семејството Global March Against Child Labour, одржуваjќи акција за подигање на јавната свест против експлоатација на детскиот труд и вклучување на сите деца во образование.

1999-2000 г. Амбасадата Меѓаши им даде поддршка на децата бегалци од Косово, пружајќи им заштита на психосоцијален план; Беа опфатени сите кампови во Македонија каде што беа згрижени децата бегалци од Косово.

2000-2001 г. кампања за ратификација на Конвенцијата 182 и Препораката 190 за итно елиминирање на најлошите форми на детски труд. Во 2002 г. Собранието на Република Македонија ги ратификува истите;

2001- 2006 г. отворено е Прифатилиште за деца во кризна состојба, во кое се згрижени 16 раселени лица од с. Арачиново, од кои 8 се деца. Три од нив се родија во прифатилиштето. Тие сеуште се во нашето прифатилиште.

2001 г. Амбасадата Меѓаши ја добива наградата за граѓанско општество и демократија, за долгогодишен придонес во изградбата на граѓанското општество во Република Македонија. Наградата е доделена од страна на МЦМС;

2001-2004 г. Амбасада го оформи Сојузот на детски организации на Република Македонија и го креира и објави првиот КОДЕКС на НВОи за правата на детето кај нас. Истиот е преведен и на албански и поставен на нашиот сајтwww.childrensembassy.org.mk;

2001-2002 г. Амбасадата покрена иницијатива за измена на даночните закони што се однесуваат на непрофитните организации популарно наречен 1%;

2002-2004 г. за унапредување на волонтеризмот во Република Македонија, Амбасадата Меѓаши работеше преку Програмата Македонска волонтерска акција (МВА);

2002-2006 г. започна програмата за ненaсилна разработка на конфликти во средните мултиетнички училишта во Република Македонија;

2003 г. Амбасадата во соработка со Centro Regionale di Intervento per la Cooperacione (CRIC) од Италија реализираа проект „Акција за граѓанство преку театар“ во кои беа вклучени 60 деца од 3 мултиетнички училишта како и нивните родители;

2003 г. Амбасадата започна со креирање Работилници за детски права во мултиетнички основни училишта а подобрување на разбирањето помеѓу децата кои потекнуваат од различни етнички средини.Опфативме 15 групи деца во 15 мултиетнички основни училишта во Скопје и околината, Координатор на овој проект беше Реџеп Раими.

2004 г. во соработка со Х.A. EСE во период од јуни до септември, подготви 53 предлог амандмани за измена и дополнување на законот за семејство и забелешки по предлог законот за социјална и детска заштита;

2004 г Амбасадата Меѓаши заедно со неколку членки на Граѓанската платформа на Македонија одлучија доброволно да ги објават годишните извештаи, вклучувајќи ги финансиските извештаи и независните ревизорски мислења.

2004 г Амбасадата ја издаде кннигата “Заштита на правата на децата” како преглед на состојбата на децата во Република Македонија каде авторката Милица Панева предлага одредени заклучни сугестии и препораки за подобрување на состојбата на децата во Република Македонија

2005 г. реализирана е светската кампања за вклучување на децата во училиште „Global Campaign for Education”, со мотото Да ги вклучиме децата во училиште - Што може јас да сторам ?

2005 г. Ја реализиравме активноста за намалување на конфликтите меѓу средношколците низ обука на наставниците и учениците за ненасилна разработка на конфликти. Другарувањето низ мултиетничка соработка се изведуваше во 5 мултиетнички средни училишта во Скопје, Куманово и Тетово.

2005 г. На 09.11.2205 година-меѓународнот ден против фашизмот и антисемитизмот, организиравме акција на бришење графити “Да го симнеме насилството од ѕидовите”. Графитите: ”Стоп на насилството”, “Сакај за да бидеш сакан”, “Мир” ги заменија насилните пораки испишани на ѕидовите. Цел на оваа акција беше, во јавноста да се промовираат вредности на траен мир, солидарност, ненасилство и почитување на правата на сите луѓе што живеат во Република Мкедонија.

2006 Амбасадата комплетно опреми еден стан со мебел и друга покуќнина која е идно живеалиште на четирите младинки Фатима Ајдар, Александра Спасовска, Сања Спасовска и Надира Бајрамовска до нивната 26-та година. Станот го додели Министерството за труд и социјална политика, а неговото опремување е финасирано од Проект за развој на општините (ПРО) Министерство за финансии-Светска Банка. Младинките официјално се вселија во станот на 15.02.2006 година.

2007 Амбасадата ја започна годината со кампањата “Стоп на насилството на децата“ и “Дали денес го гушнавте вашето дете“. Ова беше реакција на последните претепувања до смрт над 3 годишно и шестмесечно дете. Како резултат на бројките на пораст на пријавување на насилство на 20% од вкупниот број на пријавувања на случаи на нашиот СОС телефон за деца и млади 0800 1222 кој е бесплатен за сите деца во Македонија.

2007 Акција за вклучување на сите деца во образованието со мото Придружете се!! Право на образование сега!!! Вклучени над 50 училишта, општини во активностите. Прием на делегација на децата членови на амбасадата кај претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски и потпретседателот на Собрание на Република Македонија г. Иван Анастасовски. Акцијата на денот на централната манифестација која се оддржа на плоштадот Македонија ја поддржа и претседателот на Владата на Република Македонија г.Никола Груевски. Амбасадата Меѓаши доби и писмени гаранции од г. Бранко Црвенковски, г.Никола Груевски, г. Иван Анастасовски и г. Перо Стојановски државен советник во Министерството за образование и наука на Република Македонија дека ке се залагаат да се оствари правото на секое дете да оди на училиште.

2008 Една од најтешките злоупотреби и трауми на децата е сексуалната. Како резултат на зголемениот број на случаи на педофилија и инцест во Македонија Првата детска амбасада во 2008 го подигна прагот на нетолерантност кон силувачите, го подигнаа јавното мислење за последиците кои децата ги трпат и побара зголемување на казните за сторителите на ова тешко кривично дело вклучувајќи ја и казната доживотен затвор. Истата година Собранието на Република Македонија го усвои новиот Кривичен закон каде според член 188 е предвидена и казната доживотен затвор.

2008 ја започна борабата против педофилија, родосквернавење и сексуално злоставување на децата во Македонија. Упати бројни рекации, барања за одговорност и писмени претставки до Народниот правобранител, Јавниот обвинител за непочитување и кршење на правата на децата. Ја започна иницијативата за зголемување на казните за овие кривични дела (педофилија, родосквернавење и сексуално злоставување на деца) на минимум 15 години затвор до доживотен затвор. Напорите на застапување и лобирање за построго казнување на педофилите беа прифатени од Министерството за правда на Република Македонија и казните за сексуално злоставување на деца од страна на педофилите беа зголемени на минимум 10 години затвор.

2008 Амбасадата Меѓаши и Фондацијата Метаморфозис го реализираа проектот за ‘‘Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет”- CRISP (www.crisp.org.mk илиwww.bezbednonainternet.org.mk), со задача да ги едуцираат пред сe децата, потоа родителите и наставниците за начините како децата да бидат заштитени и безбедни на интернет.

2008 Во рамките на проектот „ Детето е сведок кој бара посебна грижа„ отпечатена е книгата „Одам на суд„.Книгата е напишана за помали деца на возраст од 5 до 11 години кои ќе даваат изјава како сведоци во Кривичниот суд. Наменета е за деца на кои им е нанесено зло или врз кои е направено злосторство или тие биле сведоци на злосторства. Информациите кои ги содржи оваа книга имаат за цел да го запознаат детето за ситуацијата со која ќе се сретне во судницата и да го подготват за учество во судска расправа

2009 Отсуство на механизми на слушање на гласот на децата на национално ниво се дел од причините зошто детски глтас не се слуша, зошто децата активно не се вклучени во создавање и креирање промени. Градењето култура на детско учество претставува важен чекор кон постигнување на оваа цел. Детската амбасада со своите активности им овозможува на децата да учествуваат во креирањето на општествените прашања од различни области, а се однесуваат на правата на детето. За таа цел се организирани тренинзи, работилници, летни кампови и други форми на охрабрување на децата и младите за активно учество во донесувањето одлуки кои се од нивен интерес.

2009 Првата детска амбасада во светот трета година по ред ја организираше кампањата за одговорно родителство, но, овој пат со слоганот ‘‘Дали денес разговаравте со вашето дете„. Оваа кампања е продолжение на кампањата “Дали денес го гушнавте вашето дете” и „Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?‘‘ кои Првата детската амбасада во светот Меѓаши ги спроведуваше на почетокот на 2007 и 2008 година

2009 Првата детска амбасада во светот по повод Светската кампања за образование на 22 април на Плоштадот заедно со децата МАРШИРАА со транспаренти со испишани пораки за правото на сите деца на образование и писменост. Мирно маршираа во знак на солидарност со сите деца на светот кои не одат на училиште и кои не знаат да читаат и пишуваат. Во светот има 774 милиони возрасни и 75 милиони деца кои не знаат да читаат и пишуваат. Во Македонија има над 18.500 деца кои не одат на училиште, од кои 2000 деца се на улица. Во Македонија 200.000 возрасни немаат завршено основно образование. 50 деца остварија средба во Собранието на Република Македонија со г-дин Сафет Незири, Претседателот на Собраниската комисија за образование, наука и спорт. Децата разговараа и поставуваа прашања во врска со образованието и за тоа што тој може да направи за децата кои не одат на училиште. Исто така децата побараа од Претседателот на Собраниската комисија да ја потпише писмената гаранција дека во текот на својот мандат ќе се залага да се оствари правото на секое дете да оди на училиште. Децата остварија средба и со г-дин Перо Стојановски министерот за образование и наука. На оваа средба децата имаа можност да поразговараат со Министерот за значајноста на образованието, како и да му поставуваат прашања за тоа што тој како Министер може да направи и ќе направи за сите деца кои не одат на училиште. Децата побараа од Министерот да објасни што тој до сега има направено во однос на залагањата за кои веќе ја има потпишано гаранцијата да се оствари правото на секое дете да оди на училиште

2010 Детската амбасада Меѓаши иницираше и организираше подготовка на Детски алтернативен извештај во соработка со деца членови на 7 локални партнерски организации. Во истиот извештај децата ги изразија своите мислења и ставови по низа прашања: колку се запознаени со нивните права и Конвенцијата, колку се почитува нивното мислење, за насилството помеѓу нив, дискриминацијата, колку се запознаени со институциите кои ги штитат децата, каков им е квалитетот на животот, и на крај дадоа препораки за подобрување на состојбата на децата во Република Македонија. Ова е за првпат во Република Македонија деца да подготват нивен извештај и истиот да го застапуваат пред Комитетот за правата на детето при Организацијата на Обединетите нации. Многу малку држави досега во светот биле претставувани пред Комитетот со алтернативен извештај за состојбата со праватa на детето подготвен од деца. Истата година, Детската амбасада Меѓаши организираше и подготовка на алтернативен извештај од страна на Македонската национална коалиција за правата на детето која е формирана од страна на Меѓаши во 1997 година. Во подготовката на тој извештај учествуваа 21 граѓанска организација. И детскиот извештај и оној од граѓанските организации беа оценети како сеопфатни од страна на Комитетот за правата на детето.

2010 На 3ти Фебруари 2010 година, на 54-та предсесија на Комитетот за правата на децата при ОН во Женева, тројца претставници од Македонската национална коалиција за правата на децата (23 граѓански организации) ги презентираа следните Алтернативни извештаи за состојбата со правата на децата во Македонија пред 9 члена на Комитетот.

•Алтернативен извештај на НВОи кон вториот периодичен државен извештај по Конвенцијата за правата на детето во РМ

•Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за трговија на деца, детска проституција и детска порнографија

•Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за инволвираност на деца во вооружени конфликти

Две деца претставници имаа посебен состанок со членовите на Комитетот на кој го претставија нивниот Детски алтернативен извештај - изработен од самите деца.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше Прва национална конференција за детско учество на 16 Март 2010 година во Младинскиот културен центар, кино Фросина. Конференцијата беше дел од проектот Градење култура на детско учество, финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од УНИЦЕФ. Конференцијата беше организирана и водена од самите деца.

На конференцијата збор имаше М-р Драги Змијанац, Извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Свое обраќање до публиката имаа и Неговата Екселенција г-н Ерван Фуере, амбасадор на Европската Унија, г-н Шелдон Јет, шеф на мисијата на УНИЦЕФ во Република Македонија, г-ѓа Невена Крушаровска, Заменик Народен правобранител, г-ѓа Елена Лазовска, претставник од Министерството за труд и социјална политика, г-ѓа Наде Стојменова, претставник од Министерството за образование и наука и г-ѓа Кети Јандријеска Јованова од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија.

2011 Во својата суштина Детската амбасада Меѓаши од самиот почеток и со самата нејзина поставеност е всушност мировна организација за заштита на децата и нивните права. Тоа е евидентно преку нејзините основни документи, повелбата и програмските задачи поставени пред самото формирање на организацијата како и преку спроведуваните активности од почетокот до денес.

Започнавме со поддршка на децата погодени во војните на балканскиве простори, за да продолжиме со активности за градење на мирот и промоција на Мирот и Ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем. Организираме оформување мировни клубови во училиштата и обезбедуваме обуки за педагошкиот кадар и за учениците. Пробуваме мировниот активизам да го спроведуваме на дело, сите заедно, преку најразлични активности, како и со употреба на техники за креативна разработка на конфликти . Нашата цел е да укажеме на потребата од вградување на Мировното образование во наставните програми. Некои од тие содржини се веќе вметнати но само информативно. Она што недостасува е целосното вградување на Мировното образование во наставните програми, искуствено и вредносно определено, вклучувајќи ја и личната одговорност. Се надеваме дека ќе успееме во тоа.

2011 Во истражувањето наменето за "Довербата во граѓанското општество“ и „Познавањето и мислењата за граѓанските организации“ Првата детска амбасада во светот според анкетираните граѓани е на следните позиции:.

(1) прво место во однос на доверба или позитивни наспроти негативни ставови за органзиацијата. За Првата детска амбасада во светот Меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1

(2) второ место како пример на најуспешна организација

(2) второ место на граѓани кои знаат за Првата детска амбасада во светот Меѓаши 56,2%. Додека 81,4%, од граѓаните во Република Македонија слушнале за МЕЃАШИ

Во одредени потсектори е препознаен како:

(2) МЕЃАШИ е на второ место во секторот Демократија и човекови права.

( 4) четврто место во секторот организација во Развој (јакнење)на граѓанско општество

2012, Кога ќе кажеш дека си дете од дом, не ти даваат можност да се покажеш во која било работа, не ти даваат да одиш напред, оти немаат доверба, оти мислат дека децата се криминалци, децата се вакви-такви. А има деца што завршуваат за полицајци и сега се инспектори, значи големи луѓе што станале, кои покажале дека можат да бидат и они луѓе како секој граѓанин.“

Ова е изјава на И.Ј. еден од младинците кој ја напушти установата за згрижување на деца и младинци без родители и родителска грижа на 18 годишна возраст, а е вклучен во активностите спроведувани од страна на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во изминатите години.

Проблемите со кои се соочуваат младинците по напуштањето на установите за згрижување на деца и младинци без родители и родителска грижа се дополнителен мотив за Првата детска амбасада во светот – Меѓаши неколку години наназад да иницира активности во насока на поддршка во решавањето на овие проблеми. И оваа година, активностите за психосоцијална и едукативна поддршка на децата без родители, продолжија. Но не само тоа, правиме и напори да ги потикнеме социјално одговорните компании во Македонија да ги вработуваат и да им даваат предност, а ако тоа не е можно барем да овозможат еднакви можности при вработувањето, да не се дискриминирани како што тоа е случај досега.

Некои бројки говорат сами за себе. За овие 23 години (1992-2012) регистрирани се над 20 000 повици на СОС телефонот. Над 1 200 волонтери земале учество во активностите. Истите одработиле над 700 000 работни часа. Нивната работа пресметана во пари е над еден ипол милиони евра. Поделени се преку 100 тони хуманитарна помош. Повеќе од 1 500 натписи за активностите на амбасадата излезени се во печат. Над 2000 деца ги посетувале бесплатинте детски работилници. Околу 8500 деца се зачлениле во Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Повеќе од 500 деца биле опфатени во летните кампови

2013. ПРВО МЕСТО ЗА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО ОДНОС НА ДОВЕРБА ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Првата детска амбасада во светот Меѓаши е рангирана на прво место по односот на позитивнo мислење за граѓанските организацииГраѓаните имаат позитивно мислење за граѓанските организацииПрвата детска амбасада во светот Меѓаши е рангирана на прво место по односот на позитивно/негативно мислење како и во претходните истражувања (2007, 2008,2010), односно кај оваа организација најмногу преовладувало позитивното мислење

Оваа година извештајот е нарачан од страна на проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО)“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), а е подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС и Македонската канцеларија на ТАКСО му ја доверија анкетата на јавното мислење, врз којашто се базира овој извештај, на М-проспект, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата

2014. Силното застапување, залагање и лобирање на Првата детска амбасада Меѓаши за постого санкционирање на сексуалните злосторници, родосвернувачи, педофили, посебно кон деца под 14 години вродија со плод, Собранието на република Македонија ги прифати и вгради нашите препораки со измените и дополните во Кривичниот законик. Она што се залагавме беше прифатено, медикаментна терапија или хемиска кастрација, минимум 15 години до доживотна казна затвор .

2014 ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ Е ПРВАТА ГРАЃАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОЈА ГО ДОБИ СЕРТИФИКАТОТ ISO 9001:2008 ЗА СИСТЕМ ЗА КВАЛИТЕТ НА МЕНАЏМНЕТ. Со овој станандард се потврдува дека системот за управување со квалитетот кој го воспоставила и го применува Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија ги задоволува критериумите за систем за квалитет.

2015 Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ поддрѓа повеќе граѓански иницијативи: среношколскиот пленум , група на Здруженија за поддршка на деца и возрасни со здравствени проблеми и ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА НА ГРУПА РОДИТЕЛИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА 50/50 ПОДЕЛЕНО, ПОДЕДНАКВО, ЗАЕДНИЧКО ИЛИ СПОДЕЛЕНО СТАРАТЕЛСТВО И ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ НА ДВАТА РОДИТЕЛА ЗА ПРАВИЛЕН РАСТ И РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА ПОСЛЕ РАЗВОЈ

 

Детската амбасада МЕЃАШИ е член и активно соработува со повеќе меѓународни организации за правата на детето како на пр: Global Campaign for Education, The European Federation for Street Children, Global March against Child Labour, Child Helpline International, European Children's Network; EUROCHILD; Human Rights House Network; Child Rights Information Network; UNITER for Intercultural Action.

Детската амбасада Меѓаши е основач и член на неколку домашни коалиции од граѓански организации: Македонската коалиција на НВОи за мониторинг на правата на детето (неформална коалиција); Граѓанска платформа на Македонија; Коалиција „Сите за правично судење“ и Македонија без дискриминација.

 

Амбасадор на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши е г-дин Коле Ангеловски.

 

Основачи nа Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац

 

Членови на Колегиум; Коле Ангеловски, Душко Арсовски, Драги Змијанац, Ајрије Дачи, Лена Дамовска, Роза Василева, Благоја Чорески, Сашо Трајковски, Зумрета Јакупи, Гордана Пирковска Змијанац и Евридика Шашкова.

 

За повеќе информации контактирајте не на овие тел. броеви:

+ 389 (02) 2465 316; е-mail first@chidrensembassy.org.мк

www.childrensembassy.org.mк

 

Цитат од Повелбата на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши

“Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човекови трагедии. ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА. СИТЕ ИДЕАЛИ НА СВЕТОТ ПОБЕЗНАЧАЈНИ СЕ ОД СОЛЗИТЕ НА ЕДНО ДЕТЕ.”

 

Идејата, името (Прва детска амбасада во светот Меѓаши) и маскотата (Бушавко) се заштитени во Министерството за развој на Република Македонија, Завод за заштита на индустриска сопственост под жиг бр. 863, 864 и 865 во 1994 година.

 

Првата детска амбасада во светот е презапишана во Регистарот на здруженија на граѓани и фондации во Основниот суд – Скопје 1, под регистарски број 297, со решение бр. 162/98 од 15.06.1999 година. Матичен број 4377249. Единствен даночен број 4030995179890.



ПОВЕЛБА

НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ

“М Е Ѓ А Ш И” - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководители. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА.

“СИТЕ ИДЕАЛИ НА СВЕТОТ ПОБЕЗНАЧАЈНИ СЕ ОД СОЛЗИТЕ НА ЕДНО ДЕТЕ”.
 
Првата детска земја на светот Меѓаши во целост им припаѓа на децата и на возрасните кои ја прифаќаат оваа Повелба.
Првата амбасада на децата во светот Меѓаши - Македонија ја претставува, застапува и штити Првата детска земја во светот Меѓаши. Првата детска амбасада во светот формира и ги претставува и другите слободните детски територии во светот. Амбасадата ги има следните објекти: Паркот на континентите, Улица на тишината, Патека на добрината, Улица на детето, Улица на смеата, Меморијалот “Рането детство”, Детска опсерваторија, Слаткиот пат, Цветната патека, изградба на Светски детски град, Детски културени центри, Детските информативни центри, Детски ликовни студија и др.

Иако најмалечка и најмлада земја на светот, Детската земја не се брани со војска, полиција и царина. Нејзината територија се прогласува за слободна и отворена за целиот свет. Детската земја нема граници бидејќи: “каде започнува светот со граници, таму престанува детството”.

Основна задача на ПРВАТА АМБАСАДА НА ДЕЦАТА ВО СВЕТОТ е заштита на децата и нивните права. Амбасадата посебно се занимава со заштита на децата во време на воени конфликти (спасување, згрижување и дестинирање на деца бегалци во земји во кои не се води војна), спречување на појавите за злоупотреба на децата во сексуални, економски и политички цели, верска неслога и национални судири. Слободната детска територија не признава никакви тајни освен тајните на природата и тајните што ги открива науката. Затоа на децата најголеми сојузници им се хуманистите, научниците, културните пратеници, медицинските работници, спортските активисти и сите кои ги сакаат децата. Во детската земја ќе се негува само љубов и знаење, бидејќи нејзин најголем противник е омразата и незнаењето.

Први граѓани на Детската земја се: Децата амбасадори и Децата конзули-Детскиот дипломатски кор.
Првата светска амбасада на децата “Меѓаши”- Македонија имаа свои симболи(знаме, грб, химна и маскота).
Идејата, името (ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ) и маскотата “БУШАВКО” се заштитени во Министерството за развој на Република Македонија-Завод за заштита на индустриска сопственост(жиг.бр.863,864и865/94).
Во случај на губење на статусот на Детските територии и гаснење на Првата детска амбасада во Светот “Меѓаши” во Македонија имотот ќе припадне на ООН, односно на УНИЦЕФ.
 
ДЕТЕ АМБАСАДОР                                                  

Стефан Плескониќ
 
А М Б А С А Д О Р                                               

Н.Е. Коле Ангеловски
 
ОСНОВАЧ И ПРОГРАМ МЕНАЏЕРКА      

Гордана Пирковска Змијанац
 
ОСНОВАЧ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР                       

М-р.Драги Змијанац 


ПРОГРАМСКИ ЗАДАЧИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ Првата амбасада на децата на светот “Меѓаши” Македонија е меѓународна невладина, непартиска и непрофитна светска асоцијација и движење за грижа и заштита на правата на децата на децата, формирана на 29.04.1992 година во Скопје. Основачи се Гордана и Драги Змијанац.

Оваа светска асоцијација како Прва детска амбасада во светот на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ” дејствува преку своите почесни Амбасадори, почесни Вице Амбасадори, почесни Генерални Конзули и Конзули, постојани дипломатски претставници и почесни членови на Колегиумот во земјата и странство и како и преку своите членови во Македонија.

Амбасадата ги соединува децата од Македонија со децата на светот и соработува со други меѓународни невладини организации чии активности се насочени кон заштита на детето.

Основни задачи на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА се реализацијата на Конвенцијата за правата на детето и Декларацијата на Обединетите Нации за правата на детето.

ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ” преку Првата детската амбасада во светот и нејзините Почесни членови особено ќе ги подржуваат следните задачи:

-прогласување одредени простори за детски територии (со посебен сатус верификуван, гарантиран и заштитен од ООН);

-остварување на научно-верификуваниот хуманитарно-еколошки-културен и рекреативен проект на Првата детската амбасада - “МОСТ” (Младоста Облагородува Секаква Територија);

-заштита на децата од националистички и шовинистички еуфории;

-заштита на децата од злоупотребата и искористување во економски, сексуални и политички цели;

-борба против злоупотреба на децата за економски цели;

-заштита на децата од воени судири;

-заштита на децата од конфликти на етничка, верска, расна, јазична, полова и друг нетрпеливост;

-неповредливост на детските територии и забрана за користење на детските објекти за ненаменски, а особено воени цели;

-сестрано застапување на интересите на децата од светот во ООН(реализација на заложбата за детска амбасадорска столица во Генералното Собрание-ООН)

-признавање на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ”, како и други слободни детски земји формирани и заштитени од Првата детска амбасада во светот како слободни детски територии на најбројниот народ во светот - детскиот народ;

-финансирање и подршка на проекти од детскиот фонд на ООН;

-номинирање и доделување дипломатски пасоши на Почесни амбасадори, Почесни Генерални Конзули, Конзули, Постојани претставници и Почесни членови на Колегиумот на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА како заслужни граѓани од земјата и странство кои се борат за заштита на правата на децата во светот.


О С Н О В Е Н  А К Т  НА ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ 
”М Е Ѓ А Ш И”

Член 1.

 

Првата детска земја во светот е територија од 30.000 м2 подарена на сите деца на светот и се наоѓа во Меѓаши на тромеѓето Босна и Херцеговина, Србија и Хрватаска.

Член 2.

Првата детска земја во светот како претсавништва на децата-детскиот народ има Амбасада, територии на децата во други држави, Меморијали на “Рането детство”, Светски детски градови, Детски опсерватории, Парк на континентите, Патишта на добрината, Детски улици, Улици на тишината, Слатки патишта, Улица на смеата, Цветни патеки,Детски културни центри, Детски ликовни студија и др.

Член 3.

Првата детска земја во светот “МЕЃАШИ” е детска теритотрија која е формирана на 8.06.1991 година во Меѓаши.

Член 4.

Првата Детска Амбасада во Светот “Меѓаши” од Република Македонија е формирана на 29. 04. 1992 и ја претставува, застапува и штити Првата детска земја во светот. Првата Детска Амбасада во Светот е меѓународна невладина, неполитичка, непрофитна хуманитарна асоцијација и дејствува во интерес на децата на светот “ДЕТСКИОТ НАРОД” без разлика на нивната расна, национална, верска, полова и државна припадност, се обидува животот на децата да го збогати со содржини кое детсвото го прават среќно, радосно и творечко, се стреми да придонесе во олеснување на комуникацијата со возрасните.

Член 5.

Повелбата и Програмските задачи на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ се засноваат врз Декларацијата на Организацијата на Обединетите нации за правата на детето.

Член 6.

Првата детска амбасада во светот ја претсавуваат децата Амбасадори и децата Конзули, односно лица овластени од Амбасадорот. За деца Амбасадори и деца Конзули се бираат истакнати деца дејци и мандатот важи до наполнети 18 години.

Во составот на Амбасадата дејствува Дипломатски кор составен од деца Амбасадори од другите земји и деца Конзули од Република Македонија.

Орган на Првата детска дмбасада во дветот е Извршниот Колегиум во состав Амбасадорот, Вице Амбасадорот, детето Амбасадор, Програм Менаџерката и Извршниот Директор. Колегиумот е избран на Првото Основачко Собарание на Амбасадата. Начинот на работата, односно правата и обврските на Колегиумот и Извршниот Колегиум се предвидуваат со Статутот на Амбасадата.

Член 7.

Првата детска дмбасада во светот МЕЃАШИ - Македонија има свои Генерални Конзулати во други држави, Конзулати или Канцеларии во градови и Конзуларни претсавништва во помали места.Со Генералниот Конзулат и Конзулатот раководи Колегиум составен од Генерален конзул, Конзул, Вице конзул, Дете Конзул, Секретар и членови. За Дете Конзул се бираа истакнат дете деец, односо активист. Начинот на избор и работа на Колегиумот се утврдува со посебен документ.

Член 8.

Член на Амбасадата може да стане секое дете до 18 години и возрасни лица кои покажуваат хуман однос спрема децата.
 
 
ДЕТЕ АМБАСАДОР                                                  

Стефан Плескониќ
 
А М Б А С А Д О Р                                              

Н.Е. Коле Ангеловски
 
ОСНОВАЧ И ПРОГРАМ МЕНАЏЕР          

Гордана Пирковска Змијанац
 
ОСНОВАЧ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР                    

М-р.  Драги Змијанац



дополнет СТАТУТ

на ЗДРУЖЕНИЕ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со седиште во СКОПЈЕ

Член 1 ЗДРУЖЕНИЕ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со седиште во Скопје е меѓународна, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација за грижа, заштита и унапредување на правата на децата. Здружението Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е основана од: Гордана Пирковска-Змијанац и Драги Змијанац во Скопје на 29.04.1992 година.

Член 2


Полниот назив на организацијата е: „Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Република Македонија, со седиште во Скопје “, а нејзиниот скратен назив е Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Во понатамошниот текст ќе се користи скратеното име односно Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Полниот назив на организацијата на англиски јазик е: “ Association First Children’s Embassy in the World Megjashi – Republic of Macedonia, based in  Skopje “ Скратен назив е First Children’s Embassy in the World Megjashi – Republic of Macedonia.
Седиштето на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е во Скопје, ул. Коста Новаковиќ 22а
Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е светско детско движење и има статус на граѓанско-правно лице и во рамките на тоа има свој печат и жиро сметка. Печатот содржи скратен назив на асоцијацијата на кирилица-македонски јазик (за домашна употреба) и латиница - англиски јазик (за надворешна употреба):
ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ -
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,  Скопје 

FIRST CHILDREN’S EMBASSY IN THE WORLD - MEGJASHI  REPUBLIC OF MACEDONIA, Skopje


Член 3


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија  дејствува во согласност со Основниот акт на Првата детска земја на светот “Меѓаши“, со Статутот и Правилникот за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


Член 4


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, во Македонија и светот формира, застапува, штити и доделува статус на Детска земја на територии кои се подарени или заветени на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија за остварување на нејзините активности. Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија управува со детската земја врз основа на посебен документ - Основен акт.

Член 5


Основните програмски задачи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето донесена од Организацијата на Обединетите Нации и други меѓунардони документи кои се однесуваат на заштитата на правата на детето.


Член 6


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија како невладина, непартиска и непрофитна асоцијација се занимава со хуманитарна, дипломатска, едукативна, социјална, културно-рекреативна дејност.
    МИСИЈА


Член 7


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е граѓанска асоцијација чија цел е заштита на децата и нивните права и зајакнување на движењето на Невладините организации за правата на детето во Република Македонија. Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на најдобри интерси  и збогатување на животот со содржини кои детсвото го прават сигурно и творечко. Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги и поврзува децата од различни меридијани и го збогатува животот на децата со содржини кои детството го прават среќно, радосно и творечко.
                                                  
        ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ И НАЧИНОТ НА НИВНО ОСТВАРУВАЊЕ


Член 8


Генерална цел на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е: Заштита на правата на детето.

Цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се:
• заштита на правата на децата
• градење и зачувување на мирот
• заштита на децата од воени судири и други конфликти
• заштита од злоупотреба на децата за политички, економски, воени и сексуални цели, како и заштита од сите форми на злоупотреба на детскиот труд
• заштита, помош и поддршка на деца и родители во кризни ситуации и во ризични ситуации, деца со инвалидитет, деца со низок социјален статус, деца на улица, улични деца, деца без родители и др.
• подршка и зајакнување на НВОи и институции од областа на правата на детето
• афирмирање и овозможување на креативна детска личност
• давање на бесплатна правна помош во областа на заштитата на децата и нивните права
Дејности преку кои се остваруваат целите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се:
- застапување и лобирање за детските права
- следење и имплементација на Конвенцијата за правата на детето и други меѓународни и национални акти кои се однесуваат на заштитата на правата на детето
- набљудување и изготвување на извештаи за состојбата со детските права
- соработка со соодветни институции и други организации од земјата и светот за заштитата на детските права
- истражување, прибирање, обработка и презентација на податоци за состојбата со детските права
- давање на основна психосоцијална помош и поддршка, психолошко советување и психотерапевтски услуги
- давање и обезбедување на бесплатна правна помош
- активности за подигнување на јавната свест за детските права
- едукативни, креативни и забавни активности за збогатување на детската личност преку неформално и формално обраование
- превентивни активности за навремено спречување на повреда на децата и нивните права
- и други активности потребни за заштита на децата и нивните права
 
                             
ОРГАНИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 9


Органи на Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши – Република Македонија се:
• Колегиумот
• Амбасадорот
• Дете амбасадор
• Вице Амбасадаор
• Извршен директор
• Извршниот колегиум
• Програмски раководител               
• Надзорен одбор


ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 10


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ја претставуваат и:
•  Почесни амбасадори, Почесни Вице Амбасадори, Почесни генерални конзули, Почесни конзули (за региони, држави и градови), Почесни вице конзули, постојани дипломатски претставници и Почесни членови на Колегиумот во земјата и странство
• Генерални конзулати, Конзулати и Конзуларни одделенија во светот
• Координатори во градовите во Македонија
• Канцеларии во светот
Колективни и поединечни членови (деца и возрасни)


Член 11


Генералниот Конзулат, Конзулатите и Конзуларните одделенија во светот и во Р. Македонија дејствуваат во согласност со Повелбата на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ, Правилникот за работа и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Сите почесни амбасадори, почесни генерални конзули и конзули, постојни претставници и почесни членови на колегиумот дејствуваат во сооднос со Повелбата, програмските задачи и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОЛЕГИУМОТ


Член 12


Највисок орган на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е Колегиумот составен од 11 членови.
Во Колегиумот се бираат активисти, хуманисти, истакнати научни и културни дејци, спортисти и јавни работници признати од средината со мандат од 4 години со тоа што мандатот може да се обнови во зависност од ангажманот и резултатите во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Членот на Колегиум има право да биде избран и да бира Амбасдор или Вице Амбасадор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


Член 13


Во составот на Колегиумот влегуваат  основачите.
Основачите имаат право на вето на одлуки кои ги донесува Колегиумот доколку сметаат дека истите се спротивни со мисијата, програмските задачи и цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Барање за свикување Колегиум може да поднесат и основачите.


Член 14


Колегиумот се состанува најмалку еднаш годишно.
Колегиумот го свикува Амбасадорот или во негово отсуство Вице Амбасадорот, на барање од најмалку 3 негови членови или на барање на Извршниот директор.
Колегиумот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број присутни членови.
                                                 
Член 15


Колегиумот:
- го бира и разрешува Извршниот директор
- ја следи и унапредува работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- носи финансиски и други извештаи
- ги потврдува и одобрува одлуките донесени од Извршниот директор од важност за Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- наименува членови и почесни членови на Колегиумот,
- разрешува членови или почесни членови кои не се придржуваат на Повелбата, Програмските задачи и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија или кои не се ангажираат за остварување на истите.
- носи планови за работа како и годишната/тригодишната програма за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија како и одобрува нејзини измени и дополнувања
- Номинира деца конзули во градовите на Р. Македонија
- Номинира деца амбасадори во другите дражави во состав на детскиот дипломатски кор
- се грижи за унапредување на сите форми на финасирање на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
- ги избира и разрешува членовите на Надзорниот одбор
 
Надзорен одбор


Член 16


Од активисти или јавни личности Колегиумот бира три члена кои ќе го сочинуваат надзорниот одбор со мандат од четири години. Надзорниот одбор има обврска:
- да го следи спроведувањето на Статутот и програмата на организацијата,
- се грижи за работењето и имотот на организацијата,
- го контролира начинот на работењето на органот на управување,
- ги потврдува и одобрува финасиските и други извештаи
- ги потврдува и одобрува плановите и програмата за работа
 - поднесува извештај на Колегиумот најмалку еднаш годишно за финансиското и сметководственото работење,
- ја прегледува завршната сметка и други акти на организацијата
- и врши други работи утврдени со закон и статут.

Права и обврски на Амбасадорот


Член 17

Амбасадорот раководи со Колегиумот.
За својата работа Амбасадорот е одговорен пред Колегиумот.
Амбасадорот:
-         ги свикува седниците на Колегиумот
-         ја застапува Првата детска амбасада во земјата и странство
Права и обврски на Детето амбасадор


Член 18


Раководи со детскиот дипломатски кор на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
Права и обврски на Вице Амбасадорот


Член 19


Да ги повикува и води Седниците на Колегиумот во отсуство на Амбасадорот.
Права и обврски на Извршен директор

Член 20


            Извршниот директор е законски застапник на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија со мандат од четири години.


Член 21


Извршниот директор:
- е одговорен за програмското и материјално-финансиско работење на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- е одговорен за реализација на статутарните, програмските и стратешките насоки и активности утврдени од страна на Колегиумот
- е одговорен за изнаоѓање на финансии за реализација на програмските и проектни активности
- се грижи за објективното и навремено информирање на јавноста,
- се грижи за угледот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и нејзините членови во јавноста
- одговорен е за реализација и подготовка на специјални настани кои помагаат да се унапреди самофинасирањето
- ја следи реализацијата и спроведувањето на Програмските задачи, Повелбата, Статутот и Правилникот за работа кај Конзуларните одделенија, Канцелариите, Конзулатите и Генералните Конзулати и работата на координаторите
- дава мислење до Колегиумот за утврдено непочитување и кршење на актите на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- дава предлог за одземање акредитивни писма, печати, ополномоштувања и одлуки за работа на Претставништвата и натамошно застапување на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, а на координаторите им го одзема правото на застапување во местото на работа и живеење,
- ги потпишува дипломатските пасоши,
- донесува одлуки од важност за Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- одобрува реализација на проекти
- раководи со дипломатскиот сервис
- предлага номинација за почесни членови,

                              Права и обврски на Извршен колегиум


Член 22


Извршен орган  на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е Извршниот колегиум.
Извршниот колегиум го сочинуваат: извршниот директор, програмскиот раководител, раководителите на секторите администрација, финансии и логистика и по потреба проект раководителите и проектните координатори.


Член 23


Извршниот колегиум се состанува најмалу еднаш месечно.
Состаноците на извршниот колегиум ги свикува извршниот директор или во негово отсуство програмскиот раководител.


Член 24


 Извршниот колегиум:
- е надлежен да ги спроведува одлуките на  Колегиумот и Извршниот директор.
                  Права и обврски на Програмскиот раководител


Член 25


Програмскиот раководител:
- се грижи за спроведување на Програмата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- ја следи работата  на стручните служби и центри во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија,

- ја подготвува програмата за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија за секоја наредна година,
- ги разгледува предлог проектите и ги доставува до Извршниот директор

-  го известува Извршниот колегиумот/директор за работата на службите и центрите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија,
- ги подготвува описните годишни извештаи за Колегиумот
- предлага ангажирање или вработување на волонтери по основ договор за дело или вработување со времен карактер


Член 26


Во рамките на активностите на Првата детска амбасата во светот Меѓаши – Република Македонија се формираат стручни служби.
Со стручните служби раководат раководителите или проектни  координатори.

Структурата и начинот на ангажирање на волонтери како и работата во стручните служби се уредува со посебен правилник.


ЧЛЕНСТВО

Член 27


Член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде државјанин на Р.Македонија и странски државјанин кој ги прифаќа основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. 
Статусот на член се потврдува со врачување на дипломатски пасош или членска карта од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


Член 28


Членството во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е почесно, колективно и индивидуално.

Член 29


Почесното членство го утврдува Колегиумот.
Статусот на почесен член се потврдува со врачување на дипломатски пасош.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија номинира почесни членови од земјата и странство за особен придонес во афирмација на идејата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и лица кои се грижат за заштита и спроведување на правата на децата во земјата каде што работат и живеат.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија именува и номинира почесни Амбасадори, почесни генерални конзули, почесни Козули за региони и држави и Вице конзули, постојани претставници и почесни членови на Колегиумот.
За сите почесни членови се води регистар со куса биографија и слика на корисникот на пасошот.
Почесното членство во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија трае 4 (четири) години со можност за реизбор и продолжување на важноста на дипломатскиот пасош.
Корисникот на дипломатскиот пасош уплаќа членарина во висина утврдена од страна на Извршниот директор.


Член 30


Колективни членови можат да бидат граѓански организации, претпријатија, заводи и други организации кои даваат посебен придонес за заштита на правата на децата, кои се грижат за нивната рекреативна, социјална, едукативна и културна активност.
Колективното членство се потврдува со врачување Одлука за колективен член.
Колективниот член уплаќа годишна членарина во висина утврдена од страна на Извршниот колегиум за тековната година.


Член 31


Индивидуален член може да биде секое дете до 18 години, со давање потпишана изјава за согласност на неговиот застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон, кое ги прифаќа и се придржува на Повелбата, Програмските задачи на Првата детска земја во светот Меѓаши и Првата детска амбасата во светот Меѓаши – Република Македонија.
Секој член потполнува пристапница за зачленување во амбасадата каде ги наведува своите афинитети за ангажман во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Членството кај децата членови се потврдува со уплата на годишна членарина утврдена од страна на Извршниот колегиум и со заверена членска карта со впишан регистерски број, слика на членската карта и печат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде и лице над 18 години доколку ги прифаќа се придржува на основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Членството кај возрасните членови се потврдува со врачување на пристапница со регистерски број и врачување на членска карта на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Децата чии родители примаат социјална помош, децата бегалци и децата без родители се ослободени од членарина.


Член 32


Членот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги има следниве права и обврски:
- да учествува во остварувањето на програмските цели и задачи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;

- да бира и да биде биран во органите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
- да се обраќа на органите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија заради заштита на своите права:
- да дава предлози и покренува и спроведува иницијативи за подобрување на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
- да биде информиран за сите прашања во врска со дејствувањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
- со своето однесување да придонесува за угледот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија во местото на учење, работа и живеење.


Член 33


Почесниот, колективниот или индивидуалниот член престанува да биде член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ако постапува спротивно основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, како и  во случај кога не се ангажира во спроведувањето на основните документи, програмските задачи и определби на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Одлука за тоа донесува  Извршниот директор или Колегиумот.
При исклучување од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија дипломатскиот пасош и членската карта задолжително се враќаат.
                      


ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 34


Програмските задачи и активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија  се финансираат од сопствени извори по пат на проекти, спонзорства, донаторство, доброволни прилози на граѓани, членарина и на други начини предвидени со Закон.


Член 35


Финансирањето од сопствени извори го остварува по пат на спортски манифестации и концерти, аукции на слики, лицитација на вредни предмети, издавачка дејност, туристички активности, членарина, давање на експертиза и услуги и друго.
Финансиските средства се употребуваат за остварување на целите на организацијата утврдени со Статутот и Програмата.


     ПРЕТСТАВУВАЊЕ
 
Член 36


Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија во земјата и странство ја претставуваат: Амбасадорот, Вице Амбасадорот, Детето Амбасадор, Извршниот директор и Програмскиот раководител.
Во одредени случаи Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да ја претставуваат и лица овластени од Амбасадорот, Вице Амбасадорот, Детето Амбасадор, Извршниот директор.
                                                  
ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ВО РАБОТАТА


Член 37


Работата на Првата детска амбсада во светот Меѓаши – Република Македонија е јавна.
За сите активности што ги презема Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија јавноста ќе биде информирана преку печатените и електронските медиуми со писмени информации и соопштенија, прес  конференци, одбележување на годишнини од центрите и стручните служби кои работат во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, одбележување на годишнините на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и одбележување на позначајните светски детски манифестации во Македонија и светот.
Единствени овластени лица за информирање се: Амбасадорот, детето Амбасадор, Вице Амбасадорот, Извршниот директор кои имаат обврска за овие активности да го информираат Колегиумот. Во одредени случаи со одобрение на Извршниот директор јавноста може да ја информираат и други лица.

 Судир на интереси

Член 38


За дефинирање на поимот на судир на интереси како и за настанати ситуации кои ќе произлезат од работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, а при кои може да дојде до судир на интереси ќе се применат одредбите од позитивното законодавство на Република Македонија.

 

ДРУГИ ОДРЕДБИ

Член 39


За реализација на програмите и активностите се регрутираат волонтери кои се обучуваат и ангажираат во реализација на истите. Волонтер во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде секое лице кое ги прифаќа основните документи на Амбасадата и кое со своето работење ќе придонесува за остварување на програмските задачи и цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

Член 40


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија издава дипломатски пасоши на  дипломатскиот кор на Амбасадата, како и на Амбасадорот, Вице Амбасадор,  Децата Амбасадори, Децата Конзули, Членовите на Колегиумот како и на основачите.

 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 41


За измените и дополнувањата на Статутот како и за статусните промени одлучува Колегиумот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

Член 42


Одлуката за престанок на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ја донесува Колегиумот.
Оваа одлука Колегиумот може да ја донесе во одредени случаи: ако за тоа одлучат две третини од членовите на Колегиумот, ако се намали бројот на членовите под бројот определен за оснивање и ако нема средства за одржување на тековното работење на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Пред укинување на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се продава оној дел од подвижниот и неподвижниот имот во висина на долгот што Амбасадата го има, доколку го има, сторено во нејзината работа спрема доверителите, неисплатените фактури, хонорари, позајмици и слично.
Средствата што Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги стекнала и имотот при претсатнок на работа може да се подарат на други хуманитарни или невладини организации или поинаку како што ќе решат  со одлука Колегиумот  или основачите на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

 Член 43


Измените и дополнувањата на Статутот стапуваат во сила со денот на неговото донесување и верифицирање од страна на Колегиумот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.


 
м-р Драги Змијанац
                         
Извршен директор и основач



Врз основа на Законот за здруженија на граѓани и фондации (Сл. Весник на Република Македонија бр.31/1998) и Одлуката за основање на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ” РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, донесена на ден 29.04.1992 година, а согласно со ПОВЕЛБАТА И ОСНОВНИОТ АКТ НА ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ”, Колегиумот на ПРВАТА СВЕТСКА ДЕТСКА АМБАСАДА “МЕЃАШИ” во Република Македонија на ден 23.12.1998 година изврши усогласување на Статутот според Законот за здруженија на граѓани а истиот го измени и надополни на Седницата на Колегиумот оддржана на 10 март 2003.

С Т А Т У Т
на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ”МЕЃАШИ” РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 1
ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА е меѓународна, невладина, непартиска и непрофитна хуманитарна организација за грижа, заштита и унапредување на правата на децата. 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е основана од: Гордана Пирковска-Змијанац  и Драги Змијанац во Скопје на 29.04.1992 година.

 
Член 2
Полниот назив на организацијата е: Прва детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија (во понатамошниот текст: Прва детска амабсада), а нејзиниот скратен назив (акроним) е ПДАСМ.

Седиштето на Првата детска амбасада е во Скопје.

Амбасадата е светско детско движење и има статус на граѓанско-правно лице и во рамките на тоа има свој печат и жиро сметка. Печатот содржи полн назив на асоцијацијата на кирилица-македонски јазик (за домашна употреба) и латиница - англиски јазик (за надворешна употреба):

 
ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ -  МЕЃАШИ 
 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
FIRST CHILDREN’S EMBASSY IN THE WORLD - MEGJASHI 
 REPUBLIC OF MACEDONIA


Член 3
Првата детска амбасада дејствува во склад со Основниот акт на Првата детска земја на светот “Меѓаши”.

 
Член 4
Првата детска амбасада, во Македонија и светот формира, застапува, штити и доделува статус на Детска земја на територии кои се подарени или заветени на Првата детска амбасада за остварување на нејзините активности. Амбасадата управува со детската земја врз основа на посебен документ - Основен акт.


Член 5
Основните програмски задачи на Првата детска амбасада произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето донесена од ООН и други меѓунардони документи кои се однесуваат на заштитата на правата на детето..

 
Член 6
Првата детска амбасада како невладина, непартиска и непрофитна асоцијација се занимава со хуманитарна, дипломатска, едукативна, социјална, културно-рекреативна дејност.


МИСИЈА


 Член 7
 
Првата детска амбасада е граѓанска асоцијација чија цел е заштита на децата и нивните права и  зајакнување на НВО движењето за правата на детето во Република Македонија. Амбасадата   се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на најдобри интерси  и збогатување на животот со содржини кои детсвото го прават сигурно и творечко. Амбасадата ги и поврзува децата од различни меридијани и го збогатува животот на децата со содржини кои детството го прават среќно, радосно и творечко.
 

Член 8
Генерална цел на Првата детска амбасада е: Заштита на правата на детето.


 Цели на Првата Детска Амбасада се:

  •  градење и зачувување на мирот
  • заштита на децата од воени судири и други конфликти
  • заштита од злоупотреба на децата за политички, економски, воени и сексуални цели, како и заштита од сите форми на злоупотреба на детскиот труд
  • заштита, помош и поддршка на деца и родители во кризни ситуации, хендикепирани деца, деца со низок социјален статус, деца на улица, улични деца, деца без родители и др.
  • подршка и зајакнување на НВОи и институции од областа на правата на детето
  • афирмирање и овозможување на креативна детска личност 

     
    Член 9
    Првата детска амбасада ја претставуваат:
  •   Почесни амбасадори, Почесни Вице Амбасадори, Почесни генерални конзули, Почесни конзули (за региони, држави и градови), Почесни вице конзули, постојани дипломатски претставници и Почесни членови на Колегиумот во земјата и странство
  •  Генерални конзулати, Конзулати и Конзуларни одделенија во светот
  • Координатори во градовите во Македонија
  • Канцеларии во светот

Колективни и поединечни членови (деца и возрасни) 

 
Член 10
Генералниот Конзулат, Конзулатите и Конзуларните одделенија во светот и во Р. Македонија дејствуваат во склад со Повелбата на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ, Правилникот за работа и Статутот на Првата детска амбасада.

Сите почесни амбасадори, почесни генерални конзули и конзули, постојни претставници и почесни членови на колегиумот дејствуваат во склад со Повелбата, програмските задачи и Статутот на Првата детска амбасада во светот.
 

ОРГАНИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА
 
Член 11
Органи на Првата Детска Амбасада се:

  • Колегиумот
  • Амбасадорот
  • Дете амбасадор
  • Вице Амбасадаор
  • Извршен директор
  • Извршниот колегиум
  • Програмски раководител

ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОЛЕГИУМОТ

Член 12
Највисок орган на Првата Детска Амбасада е Колегиумот составен од 11 членови.

Во Колегиумот се бираат активисти, хуманисти, истакнати научни и културни дејци, спортисти и јавни работници признати од средината со мандат од 4 години со тоа што мандатот може да се обнови во зависност од ангажманот и резултатите во Првата детска амбасада. Членот на Колегиум има право да биде избран и да бира Амбасдор или Вице Амбасадор на Првата детска амбасада.
 
Член 13

Во составот на Колегиумот влегуваат  основачите.

Основачите имаат право на вето на одлуки кои ги донесува Колегиумот доколку сметаат дека истите се спротивни со мисијата, програмските задачи и цели на Првата детска амбасада.

Барање за свикување Колегиум може да поднесат и основачите.

 
Член 14

Колегиумот се состанува најмалку еднаш годишно.

Колегиумот го свикува Амбасадорот или во негово отсуство Вице Амбасадорот, на барање од најмалку 3 негови членови или на барање на Извршниот директор.

Колегиумот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број присутни членови.

 Член 15

 Колегиумот

-         ја следи и унапредува работата на Првата детска амбасада,

-         ги потврдува и одобрува описните и финансиски извештаи

-         ги потврдува и одобрува одлуките донесени од Извршниот директор од важност за Амбасадата

-         наименува членови и почесни членови на Колегиумот,

-         разрешува членови или почесни членови кои не се придржуваат на Повелбата, Програмските задачи и Статутот на Амбасадата или кои не се ангажираат за остварување на истите.

-         ја усвојува годишната/тригодишната програма за работа на Првата детска амбасада како и одобрува нејзини измени и дополнувања

-         Номинира деца конзули во градовите на Р. Македонија

-         Номинира деца амбасадори во другите дражви во состав на детскиот дипломатски кор

-         се грижи за унапредување на сите форми на финасирање на Амбасадата.

 Надзорен одбор

 Член 16
 
Од активисти или јавни личности се бираат три члена кои ќе го сочинуваат надзорниот одбор. Надзорниот одбор има обврска најмалку еднаш годишно да го провери административното и финансиско работење на Амбасадата и да направи Записник и да го извести Колегиумот за тековната состојба.
 
Права и обврски на Амбасадорот

 Член 17
 
Амбасадорот раководи со Колегиумот.

За својата работа Амбасадорот е одговорен пред Колегиумот.

            Амбасадорот:

-         ги свикува седниците на Колегиумот

-         ја застапува Првата детска амбасада во земјата и странство
 

Права и обврски на Детето амбасадор
                                                                     
Член 18

Раководи со детскиот дипломатски кор на Амбасадата

Права и обврски на Вице Амбасадорот

 Член 19

Да ги повикува и води Седниците на Колегиумот во отсуство на Амбасадорот.

 
Права и обврски на Извршен директор

 
Член 20

            Извршниот директор е законски застапник на Првата детска амбасада.


Член 21
 
Извршниот директор:

-         е одговорен за програмското и материјално-финансиско работење на Амбасадата

-         е одговорен за реализација на статутарните, програмските и стратешките насоки и активности утврдени од страна на Колегиумот

-          е одговорен за изнаоѓање на финансии за реализација на програмските и проектни активности

-         се грижи за објективното и навремено информирање на јавноста,

-         се грижи за угледот на Амбасадата и нејзините членови во јавноста

-         одговорен е за реализација и подготовка на специјални настани кои помагаат да се унапреди самофинасирањето

-         ја следи реализацијата и спроведувањето на Програмските задачи, Повелбата, Статутот и Правилникот за работа кај Конзуларните одделенија, Канцелариите, Конзулатите и Генералните Конзулати и работата на координаторите

-         дава мислење до Колегиумот за утврдено непочитување и кршење на актите на Амбасадата

-         дава предлог за одземање акредитивни писма, печати, ополномоштувања и одлуки за работа на Претставништвата и натамошно застапување на Амбасадата, а на координаторите им го одзема правото на застапување во местото на работа и живеење,

-         ги потпишува дипломатските пасоши,

-         донесува одлуки од важност за Амбасадата

-         одобрува реализација на проекти

-         раководи со дипломатскиот сервис

-         предлага номинација за почесни членови,

 
Права и обврски на Извршен колегиум

Член 22

Извршен орган  на Првата детска амбасада е Извршниот колегиум.

Извршниот колегиум го сочинуваат: извршниот директор, програмскиот раководител, раководителите на секторите администрација, финансии и логистика и  по потреба проект раководителите и проектните координатори.


Член 23

 Извршниот колегиум се состанува најмалу еднаш неделно.

Состаноците на извршниот колегиум ги свикува извршниот директор или во негово отсуство програмскиот раководител.


Член 24
 
Извршниот колегиум:

-         е надлежен да ги спроведува одлуките на  Колегиумот и Извршниот директор.


Права и обврски на Програмскиот раководител
 
Член 25
 
Програмскиот раководител:

-         се грижи за спроведување на Програмата на Првата детска амбасада во светот

-         ја следи работата  на стручните служби и центри во рамките на Амбасадата,

-         ја подготвува програмата за работа на Амбасадата за секоја наредна година,

-         ги разгледува предлог проектите и ги доставува до Извршниот директор

-         го известува Извршниот колегиумот/директор за работата на службите и центрите на Амбасадата,

-         ги подготвува описните годишни извештаи за Колегиумот

-         предлага ангажирање или вработување на волонтери по основ договор за дело или вработување со времен карактер
 
Член 26

Во рамките на активностите на Првата детска амбасата се формираат стручни служби.

Со стручните служби раководат раководителите или проектни  координатори.

Структурата и начинот на ангажирање на волонтери во стручните служби се уредува со посебен правилник.

ЧЛЕНСТВО

Член 27

 Член на Првата детска амбасада може да биде државјанин на Р.Македонија и странски државјанин кој ги прифаќа основните документи на Првата детска амбасада.

Статусот на член се потврдува со врачување на дипломатски пасош или членска карта од Првата детска амбасада.

Член 28

Членството во Првата детска амбасада е почесно, колективно и индивидуално.


Член 29
Почесното членство го утврдува Колегиумот.

Статусот на почесен член се потврдува со врачување на дипломатски пасош.

Првата детска амбасада номинира почесни членови од земјата и странство за особен придонес во афирмација на идејата на Првата детска амбасада и лица кои се грижат за заштита и спроведување на правата на децата во земјата каде што работат и живеат.

Амбасадата именува и номинира почесни Амбасадори, почесни генерални конзули, почесни Козули за региони и држави и Вице конзули, постојани претставници и почесни членови на Колегиумот.

За сите почесни членови се води регистар со куса биографија и слика на корисникот на пасошот.

Почесното членство во Првата детска амбасада трае 4 (четири) години со можност за реизбор и продолжување на важноста на дипломатскиот пасош.

Корисникот на дипломатскиот пасош  уплаќа членарина во висина утврдена од страна на Извршниот директор.

Член 30


Колективни членови можат да бидат граѓански организации, претпријатија, заводи и други организации кои даваат посебен придонес за заштита на правата на децата, кои се грижат за нивната рекреативна, социјална, едукативна и културна активност.

Колективното членство се потврдува со врачување Одлука за колективен член.

Колективниот член уплаќа годишна членарина во висина утврдена од страна на Извршниот колегиум за тековната година.
 

Член 31

Индивидуален член може да биде секое дете до 18 години кое ги прифаќа и се придржува на Повелбата, Програмските задачи на Првата детска земја во светот Меѓаши и Првата детска амбасата во светот Меѓаши.

Секој член потполнува пристапница за зачленување во амбасадата каде ги наведува своите афинитети за ангажман во Амбасадата.

Членството кај децата членови се потврдува со уплата на годишна членарина утврдена од страна на Извршниот колегиум и со заверена членска карта со впишан регистерски број, слика на членската карта и печат од Амбасадата.

Член на Амбасадата може да биде и лице над 18 години доколку ги прифаќа се придржува на основните документи на Амбасадата. Членството кај возрасните членови се потврдува со врачување на пристапница со регистерски број и врачување на членска карта на Амбасадата.

Децата чии родители примаат социјална помош, децата бегалци и децата без родители се ослободени од членарина.

 
Член 32

Членот на Првата детска амбасада ги има следниве права и обврски:

-         да учествува во остварувањето на програмските цели и задачи на Амбасадата;

-         да бира и да биде биран во органите на Амбасадата;

-         да се обраќа на органите на Амбасадата заради заштита на своите права:

-         да дава предлози и покренува и спроведува иницијативи за подобрување на работата на амбасадата;

-         да биде информиран за сите прашања во врска со дејствувањето на Амбасадата;

-         со своето однесување да придонесува за угледот на Амбасадата во местото на учење, работа и живеење.


Член 33

Почесниот, колективниот или индивидуалниот член престанува да биде член на Амбасадата ако постапува спротивно основните документи на Првата детска амбасада, како и  во случај кога не се ангажира во спроведувањето на основните документи, програмските задачи и определби на Амбасадата.

Одлука за тоа донесува  Извршниот директор или Колегиумот.

При исклучување од Амбасадата дипломатскиот пасош и членската карта задолжително се враќаат.

 
ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА
 
Член 34

            Програмските задачи и активностите на Првата детска амбасада се финансираат од сопствени извори по пат на проекти, спонзорства, донаторство, доброволни прилози на граѓани, членарина и на други начини предвидени со Закон.


Член 35

 
            Финансирањето од сопствени извори го остварува по пат на спортски манифестации и концерти, аукции на слики, лицитација на вредни предмети, издавачка дејност, туристички активности, членарина и друго.

           
ПРЕТСТАВУВАЊЕ
 
Член 36

             Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија во земјата и странство ја претставуваат: Амбасадорот, Вице Амбасадорот, Детето Амбасадор, Извршниот директор и Програмскиот раководител.

            Во одредени случаи Првата детска амбасада може да ја претставуваат и лица овластени од Амбасадорот, Вице Амбасадорот, Детето Амбасадор, Извршниот директор.

 
Член 37

            За сите активности што ги презема Амбасадата јавноста ќе биде информирана со писмени информации и соопштенија, прес  конференци, одбележување на годишнини од центрите и стручните служби кои работат во Амбасадата, одбележување на годишнините на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и одбележување на позначајните светски детски манифестации во Македонија и светот.

            Единствени овластени лица за информирање се: Амбасадорот, детето Амбасадор, Вице Амбасадорот, Извршниот директор кои имаат обврска за овие активности да го информираат Колегиумот. Во одредени случаи со одобрение на Извршниот директор јавноста може да ја информираат и други лица.

 
ДРУГИ ОДРЕДБИ

 Член 38

За реализација на програмите и активностите се регрутираат волонтери кои се обучуваат и ангажираат во реализација на истите. Волонтер во првата детска амбасада може да биде секое лице кое ги прифаќа основните документи на Амбасадата и кое со своето работење ќе придонесува за остварување на програмските задачи и цели на Амбасадата.

Член 39

Првата детска амбасада издава дипломатски пасоши на  дипломатскиот кор на Амбасадата, како и на Амбасадорот, Вице Амбасадор,  Децата Амбасадори, Децата Конзули, Членовите на Колегиумот како и на основачите.

 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
 
Член 40

            За измените и дополнувањата на Статутот одлучува Колегиумот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

 
Член 41
 
Одлуката за престанок на работата на Првата детска амбасада ја донесува Колегиумот.

Оваа одлука Колегиумот може да ја донесе во одредени случаи: ако за тоа одлучат две третини од членовите на Колегиумот, ако се намали бројот на членовите под бројот определен за оснивање и ако нема средства за одржување на тековното работење на Амбасадата.

Пред укинување на работата на Амбасадата се продава оној дел од подвижниот и неподвижниот имот во висина на долгот што Амбасадата го има, доколку го има, сторено во нејзината работа спрема доверителите, неисплатените фактури, хонорари, позајмици и слично.

Средствата што Амбасадата ги стекнала и имотот при претсатнок на работа може да се подарат на други хуманитарни или невладини организации или поинаку како што ќе решат  со одлука Колегиумот  или основачите на Амбасадата.
 
Член 42

Измените и дополнувањата на Статутот стапуваат во сила со денот на неговото донесување и верифицирање од страна на Колегиумот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.

  
    м-р Драги Змијанац                         
   Извршен директор-основач  



Проф. Д-р, Стојан Т. Томиќ - Светот се одржува со духот на невините деца - Талмуд - Ниту за една задача не постои подобро вложување од давањето млеко на децата - Черчил 
  Прва Детска Амбасада во Светот - Меѓаши 
социолошки и политички димензии и аспекти 
 
Децата не треба да се виновни што се (родени) живи 


            Човекот уште од самиот почеток на својот живот е немоќен. Тој не одлучува дали сака или не сака да се роди, кој ќе го роди  (дали родителите ќе бидат од бела, црна или жолта раса), во какви услови и во кое време ќе се роди, во сиромаштија и војна, во мир и богатство. Самиот тој факт, немоќта на детето, уште на почетокот го става малиот детски свет во драматични или трагични услови. Едно дете почнува да живее (живурка) во сите видови социјална и човечка сиромаштија, а друго во услови на општествен раскош. Така, едно дете, и тоа не по негова вина (само што е родено), ќе тагува и плаче гладно, голо и босо, а друго ќе пее весело и сито.

            Хуманите социјални движења, организации и институции ја имаат и таа задача да ја намалат, ако неможат и да ја запрат споменатата неправда, колку-толку да ги стават децата во приближно еднакви услови за  живот  барем во раната младост (да можат сите деца да одат на училиште, да пијат чаша млеко,  да имаат можност за лекување). Таква и слична задача презеде Првата Детска Амбасада во Светот - Меѓаши. Велиме ја презеде, а ниту самата не е доволно свесна за големината и тешкотиите од таквата задача. За да реализира барем  мал дел од преземената задача,  Амбасадата ќе се пробива од вистинската (навистина тешка и бедна) состојба кон онаа замислената односно идеална или приближно идеална состојба.

            Во тоа пробивање Детската Амбасада по многу нешта е слична на децата - таа со ситни, мали, несигурни  чекори, детски ќе се  искачува и пробива и единствено така ќе го покаже и докаже  своето постоење  (постоењето се покажува и докажува чекорејќи). А какви ќе бидат тие први чекори на Амбасадата со хумана цел зависи од многу нешта, па и од тоа како споменатото движење ќе биде “снабдено” со идеи, модерни мисли и територии, колку и како ќе биде заштитено од сите можни девијации и расипувања (судбината на големите идеи е да се расипат уште на почетокот - постои закон за расипување на идеи, а Првата Детска Амбасада во Светот - Меѓаши е голема идеја, неопходна и е и голема адекватна заштита).

            Со тоа, неопходно е уште на самиот почеток на дејствување на Амбасадата да се размислува за тоа како да се избегнат и заобиколат сите невнимателности, секоја замка, секоја грешка, а сe со намера детското чекорење да биде што поисправно, што похумано, да не заталкува, да не се сопнува, да не се компромитира. Во тој правец одат и нашите намери - сакаме да изучуваме, а не  да подучуваме еден проект. 
 
Несебични движења восебично (егоистичко) време

Хуманите социјални движења  на крајот од ХХ и на почетокот на XXI век се лоцирани во незгодно време, во време на разновиден егоизам  и себичност, омраза и поделеност, во време на неправда и нееднаквост.. Хуманитарно-социјалните движења се распнати меѓу вредноста и антивредноста - меѓу себичноста и несебичноста, меѓу солидарноста и егоизмот, меѓу еднаквоста и нееднаквоста, меѓу правдата и неправдата. Сето тоа ја неметнува неопходноста на  адекватна локација на Првата детска амбасада  како хумано движење, а тоа, пред сe, значи дефинирање на темелите врз основа кои е втемелено споменатото движење.  Во потрагата по хумани и стабилни темели на Детската Амбасада,  се неопходни  два столба - а тоа е адекватен систем на вредности и адекватен систем на потреба (детски). Со вредностите треба да се стабилизираат однесувањето и делувањето на Амбасадата и како нешто свето треба да  се заштити Амбасадата од можните девијации и компромитирања - хуманититарните движења се склони на компромитации, злоупотреби, измами, криминал. Покрај несебичност и солидарност како две вредности, на врвот од скалилото на вредносниот систем на Амбасадата треба да се стави, и тоа како стандарт за однесување, вредноста почитување на помошта која спречува злоупотреба и неверство дури и на еден денар, долар. Оние кои даваат помош на хуманитарните организации со право се сомневаат во тоа дали помошта ќе стигне до оние за кои е наменета или ќе дојде до злупотреба. Таква компромитација во движењето  може да настане ако се случи некој да изневери, украде, задржи нешто од помошта и да си ја присвои.

            Покрај наведените вредности во системот на Амбасадата треба да се вградат уште неколку добри особини како што се правда и праведност, еднаквост, законитос, скромност и други.

            Паралелно со инсталирањето на адекватен вредносен систем во социјалниот систем на Амбасадата, треба да се размисли и за тоа како целосното делување (и верување) на Амбасадата да се лоцира кон адекватен систем на потреба - детска.  Детската Амбасада  е инструмент, средство за задоволување на неки потреби на децата од светот, Амбасадата не е самата за себе цел и треба да се спречи Амбасадата да стане цел на самата за себе (непотребни скапи патувања, нерационални материјални и други трошоци во канцелариите на Амбасадата и нејзините Конзулати, преголеми плати на службениците, раскошна опрема во канцелариите и друго). Сите трошоци на Амбасадата и Конзулатите треба да се проценат според условите и според критериумот на условите - да се троши онолку колку што е неопходно да се извршат виталните функции на Амбасадата и Конзулатите. Во социјалниот систем на Детската Амбасада треба да се вгради  систем на потреба од широк распон и богата содржина, а тоа значи дека Детската Амбасада ќе ги задоволи како елементарните така и потребите од висок ред - оние духовни, модерни, секундарни, а не само примарните. За волја на вистината треба, пред сe, гладните да се нахранат, голите облечат, босите обујат, неослободните ослободат, но паралелно треба да се задоволат другите потреби - социјалното движење на Детската Амбасада  ќе стане и ќе се развие како модерно движење (за модернизација и иновација ќе има уште некој збор). Сe што е претходно кажано упатува на заклучокот дека системот на потреба како темелна ориентација на Амбасадата, секогаш проучува, иновира, модернизира, хуманизира, особено да се избегнат лажните, вештачки и штетни потреби, меѓу нив и потребата за престигнување (што кај децата е присутно). Човекот е цел на човекот, детето е цел на детето, а не средство, а сето тоа е во спротивно со поребите на престигнување.
 

Идејно гледање и институционално - нормативно решение

            Во изградбата, развојот, промените (Амбасадата како проект не само што ќе се развива туку и ќе се менува) и модернизација на амбасадата како социјално хумано движење, неопходно е уште на самиот почеток да го усклади идејното гледање од институционални и нормативни решенија (станува збор за идејно, духовно, а не за идеолошко гледање). Неадекватните институции обично ги малтретираат, компромитираат добрите идеи, па треба да се внимава да не се редуцира од некое одбрано организационо, нормативно и институционално решение, и да не ги запостави првобитните идејни хоризонти на Амбасадата.

            Во Детската Амбасада, како движење, (акцентот е на движењето, а не на институцијата) ќе се сплотат следните конститутивни елементи:

ИДЕЈА*ИНСТИТУЦИЈА*НОРМА*СОЦИЈАЛНА*АКЦИЈА*РЕЗУЛТАТИ

            Идејата за Детската Амбасада не лебди во воздухот, таа е лоцирана во институции и организации на кои што им одговара (институцијата Амбасада, Конзулат, Канцеларии), а институциите имаат свои пишани норми со кои се регулира однесувањето на институцијата, а сe со намера да се стимулира саканата социјална акција - движење и да се постигнат саканите резултати. Меѓутоа, познато е дека ниедна институција ниту норма не може да го искаже сето богатство на идеи, дека институцијата и нормата ги кова и заковува идеите, ги замрзнува, ги става во “институционален фрижидер”. Сето тоа води кон намалување на можните резултати, односно кон дестимулација на социјалните акции, до преголеми напори, а премали резултати.

            Должни сме да го илустрираме најавениот проблем (на релација идеја - институција - норма - социјална акција - резултати), и тоа не со намера да нудиме решенија и рецепти, туку да помогнеме при операционализација на најавениот проблем. Земаме неколку прашања за илустрација:

 
            1 идеја: Нема метрополи ниту провинција, постои само провинциско     мислење и однесување

            Современиот свет, посебно оној техничкиот, технолошкиот и научниот, инсистираат на споменатата идеја, а Првата Детска Амбасада во Светот - Меѓаши се зафати со реализација на споменатата идеја така што една современа, модерна идеја ја лоцира и развива во “провинција” во регионот Семберија, во малото село Меѓаши. Да не биде нескромно, идејата за едно движење отиде од едно село до метрополите до Њујорк, Париз, Токио, Белград и други. Затоа треба да се спомене идејата да се заштити од компромитација  на неадекватни институционални решенија, а тоа значи дека изворот на иновација и модернизација и натаму ќе остане во споменатото село, главната содржина да се негува во селото, а околината, па и онаа високоурбана да партиципира во сето тоа на модерен начин. Затоа треба да се внимава на дислоцирањето (преместувањето) на некои социјални функции од село во градовите - на пример, преместување на Амбасадата од село Меѓаши во град Сараево,Скопје од практични причини. Поделба на работите - да, но не и поделба на содржината на центарот на Амбасадата. Убавината и задоволствата на Детската Амбасада ќе траат до тогаш додека таа успее да ги сочува руралните инспирации, содржина и локација, не бегајќи од урбаната модернизација (треба да се чуваме од имитацијата, како и квазимодернизација). Патем да кажеме, регионот Самберија е типично селски социјален систем, по многу нешта е специфичен и како таков е склон на иновации и модернизации - треба да му се помогне на овој реон во тоа.

            2 идеја : Да се сочува детскиот стил на верување и делување

            Детската Амбасада е детска по намерата, целите и смислата, таа ги задоволува детските потреби и интересирања, без оглед што Амбасадата ја водат и предводат возрасни луѓе. Затоа треба да се размислува за тоа како да се негува и заштити споменатата идеја, а се со намера да не се западне во стари - мали обрасци на делување и однесување. Детските проблеми треба да се третираат на детски начин, но не и на старечки начин. Сето тоа упатува на потребата за преиспитување на институциите и организација на состаноците, договорите, симпозиумите, донесувањето заклучоци, придобивање нови членови и водење на работите. Во тоа добредојдена би била сугестијата од детскиот психолог, педагог, социолог, лекар. Единствено така сите детски институции ќе бидат научно втемелени, но по форма раскошни, лесни и блиски до децата.

 3 идеја: За трите фази на развојот на движењето

            Детската Амбасада како социјално движење и како нституција ќе помине низ три неизбежни фази на развој и промени, така наречена детска фаза, потоа цветна фаза и кризна фаза.

            Затоа треба да се води уште сега, на почетокот сметка што подолго да потрае почетната детска фаза од развојот, зад неа онаа цветната, а да се одложи онаа кризна фаза - одложи, ако не и да се спречи.

            Првата фаза од развојот на проектот настанува тогаш кога движењето го поставува прашањето ШТО треба да се работи, кога ги најавува целите, смислата, плановите, а се уште нема одговор како сето тоа да се постигне. Во таа фаза движењето триумфира (Детската Амбасада сега е во фаза на триумфирање). Другата цветна фаза настанува тогаш кога движењето се обидува да одговори на прашањето КАКО да се постигнат целите, по кои методи и средства тоа да се прави, како да се усогласат целите и методите, како да се заштитат благородните цели од недозволените методи за реализација (движењето западнува во кризи кога ќе почне да служи на недозволените методи). Сето тоа упатува на заклучокот дека Амбасадата како движење треба да    го резервира прашањето ШТО треба да се работи, а прашањето КАКО тоа да се постигне да се остави на науката, вклучените во Амбасадата, на нивната фантазија и самоиницијатива.

            Целите на Амбасадата може да бидат единствени (но и разновидни), а начините на реализација на целите плуралистички, алтернативни, а до алтернативни сценарија најдобро ќе стигнат две сили - со помош на умот (науката) и волја (демократија)  приврзаници на Амбасадата, така Амбасадата како движење мора да биде и демократска и научно заснована. Единствено така движењето ќе се заштити од кризните методи на реализација на целите и програмите, бидејќи претераниот институционализам и педантна организација на сегментот КАКО да се делува доведува до загушување на социјална акција, до кризана партиципацијата.

            Третата фаза е кризна фаза во развојот на движењето и институцијата  настанува во оној момент кога движењето ќе почне да се брани од напади од надвор и од внатре, кога,  значи, ќе го изгуби полетот и сe помалку ќе го поставува прашањето што треба да се прави И да се помине во дефазива, бранејќи го својот опстанок, својата програма, своите методи. Ако движењето е витално, во полет тоа нема причина да се брани, движењето тогаш “напаѓа”. Само себеси  си прави нов пат и го шири просторот на своето делување.

4 идеја: За иновациското јадро и за социјалниот замор и премор на движењето  и неговиот институционален ансамал

            Секое движење се одржува, развива, менува и модернизира со помош на така нареченото иновациско јадро кое движењето го одржува не само кога е во кондиција, туку постојано да го освежува.  Со исчезнувањето на иновациското јадро или предолгото задржување на имитацијата наместо иновацијата (имитацијата е смртта на иновацијата) движењето се доведува до социјален  замор и до премор, до сронета и изнемоштена состојба. Од тука постојаните барања за свежо иновациско јадро, а тоа може да се квантицифира  - се верува дека е неопходно околу 30% програмата и деловности секоја година да се менуваат, иновираат. Тоа ќе биде голема, да не кажеме и преголема обврска  - секојдневно да се иновираат содржините и формите на делување на Амбасадата. Тоа не се постигнува со реорганизација, туку со нови идеи, свежи потреби и витални форми на делување.

5 идеја: За избор и селекција на партициентите

            Движењето брилјира не тогаш кога има масовна, туку селективна, квалитативна партиципативна основа  (тоа не значи дека треба се секташи  и од движењето да се одбиваат партиципантите). Меѓутоа, за секое движење претставуваат поголема опасност несаканите сојузници - партиципиенти, отколку недостатокот од партиципиентите. Несаканите сојузници - партиципиенти со своите дела го компримитираат движењето, му ги  менуваат првобитните цели, смислата. Идејата за Првата Детска Амбасада може да се употреби и злоупотреби ( за профитерски цели и намери, за антихумани цели, несаканите партиципиенти  можат да ја трансформираат Амбасадата од институција  за задоволување на потребите на децата во институција  за задоволување  на потребите на партиципиентите - помагачите и некои членови).

            Според некои научни истражувања, а меѓу нив и според нашите истражувања, движењето одржува мал процент партициенти во  материјален па и во духовен поглед: 3-5%, според нашето истражување, односно околу 8% партиципиенти, според другите истражувања, задоволува околу 80% од потребите на проектот. Ако наведените сознанија  се приближно вистинити, тогаш се наметнува потребата за внимателна селекција на партиципиентите по принципот: “Подобро малку, но добро” (како да се однесуваме, на  пример, кон големите фирми - партиципиентите, кои нудат голема материјална помош во вид на реклама  и на други начини, а чии цели не се во склад со  целите на Амбасадата, дали да се прифати или одбие политичката подршка на Амбасадата и движењето, како би се заштитило движењето од  напотребната и штетна политизација (минимална политизација е неизбежна).

            Паралелно со селекција на партиципиентите - оние кои се борат за движењето, неопходна е згрижувачка и хумана селекција на оние на кои движењето им помага, а сe со намера да се избегне секава дискриминација, да не се западне под доминација на некој приоритет - како меѓу гладни да се одберат оние најгладни, како меѓу загрозените да се одберат оние најзагрозените. Затоа е неопходно да се биде опремен со вредности (како стандардите на однесување) и критериуми за тоа кому да се даде, а кому моментално или никако да не се даде помош и поддршка од Амбасадата, зошто Амбасадата собира еден слој  на деца, а не другите - прашања кои ќе бидат сe почести,  пожешки, раздразнувачки. Познато е почуствително е прашањето за делење на помошта, за разлика од прашањето за собирање на помошта. Поединците, социјалните групи и институциите не се толку раздразливи кога даваат  колку што се кога се дели помош.

                                    *   *   *

Не се овде наведени сите, ниту пак најважните прашања конституирањето и функционирањето на Првата Детска Амбасадса во Светот-  Меѓаши - изборот е случаен и илустративен, а не сеопфатен. Имавме намера  да размислуваме за некои општи, потоа посебни, како и за поединечни неопходни луѓе за социјална акција, насобрани околу Детската Амбасада (паралелно некои десетина општи  функции, односно може да функционираат и неколку стотини посебни  и поединечни услови за социјална акција,   а за тоа може да се поведе дополнителна расправа).

            Овде не стана збор за една многу важна тема - за водењето на Амбасадата, за водењето на работата и за управувувањето  на едно движење и систем, доста сложен (како да се совлада сложеноста, а да не се западне во компликација, да речеме, и тоа е едно од прашањата). Науката, без вообразување, може и на наведениот сегмент да понуди некои видувања кои имаат тенденција за модернизација  на управувањето на системот и подсистемот на Амбасадата. Водењето е битен конститутивен елемент на секое движење и може да се очекува дека ќе се појават одредени прашања, ако не и проблеми во наведената област (да речеме, како да се предводи, а не да се владее, како во движењето да се воведат наука и демократија, како да се интегрираат големиот број иницијативи и самоиницијативи, а не да се централизира и бирократизира работата на Амбасадата, како да се обезбеди секоја единица - Конзулат и други единици, да имаат оптимална автономија, но и оптимална друштвеност, единство, како во рамките на Амбасадата како движење и како сложена институција да се врши поделба на работата, а да се избегне поделбата на големи функционери - тоа се само некои прашања за расправа).

            Да и посакаме на Амбасадата успешни први чекори  - само со чекорите таа ќе го покаже и докаже своето постоење.

                                                                                                        текстот е напишан 1991 година.