Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


Информатор бр. 42


Стигнавме и до 20 годишнината и ШТО ПОНАТАМУ?!?!
Стигнавме и до 20 годишнината а и сами не знаеме како бидејќи во сите тие ургентни барања за помош на децата погодени од војните, децата кои беа злоупотребувани, малтретирани, силувани... ние не помислувавме на бројки, на јубилеи, едноставно немавме време за тоа.

КОГА ПРЕД 20 ГОДИНИ СЕ ОФОРМИВМЕ НЕ ЗНАЕВМЕ ВО ШТО СЕ ВТУРНУВАМЕ СО СЕТО СРЦЕ И ПРЕД КАКВИ ПРЕДИЗВИЦИ ЌЕ СЕ НАЈДЕМЕ.
Не беше лесно да се трасира патот на новото светско детско движење во Македонија наречено Прва детска амбасада во светот - Меѓаши. Секако пионерските зафати во промоцијата на детската кауза и најдобрите интереси на децата не секогаш наидуваа на разбирање и допираа до светот на возрасните. Но, ние во Амбасадата Меѓаши втемеливме нови и поинакви вредности.

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА Меѓаши наполни 20 години
Првата детска амбасада во светот, Меѓаши, со вчерашната манифестација во Драмскиот театар го одбележа 20-годишниот јубилеј. Свеченоста ја отворија ученици од средните училишта во Скопје, а веднаш по нив свое обраќање имаше Коле Ангеловски, амбасадор на Меѓаши, кој правејќи ретроспектива на изминатите 20 години, го отслика трнливиот пат по кој минале и предизвиците со кои амбасадорите се соочиле низ годините.

ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ - 20 ГОДИНИ РАСТЕШЕ СО ДЕЦАТА
Децата нe препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и да ги застапуваме. Проговоривме јавно за многу проблеми со кои тие се соочуваат и ја издигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитувањето на правата на детето На прославата беше презентиран документарниот филм „20 години прва детска амбасада во светот – Меѓаши“


Коле Ангеловски - Амбасадор
Кога ќе споредиш, можеби и не се многу 20 години, но се она што го направи Детската амбасада за овие 20 години значи многу, значи многу за сите тие деца на коишто на некој начин им помогнавме, ги згриживме, поразговаравме со нив, се дружевме со нив, учествувавме во нивните проблеми, болки, маки и мислам дека Првата Детска Амбасада Меѓаши како организација е нешто што ќе остави траен белег во животот на цела Македонија.

Високите казни не можат да ги запрат педофилите
Скопје, 9 мај - Деновиве треба да профункционира регистар за педофили, кој треба на интернет да ги прикаже осудените педофили од Македонија. Министерството за труд и социјална политика подготви листа од седумдесетина педофили, кои граѓаните ќе можат да ги видат преку интернет, преку страницата: www.stop-pedofilija.org.mk. Таму ќе бидат објавени фотографии, имиња и презимиња на осудените педофили. На страницата , можат да се најдат поуки, совети и насоки за жртвите И за нивните родители.

Хемиска кастрација за педофилите во Македонија
Педофилите претставуваат опасност за секое општество, а нивните злосторства се сигурно меѓу најгнасните кои може да ги стори едно човечко суштество. Лузните кои ги оставаат овие полулуѓе се трајни и неизбришливи, а жртвите засекогаш ќе ги носат траумите од пеколот низ кој минале, секако ако успеале да го преживеат.

Уште осум ученици го пријавиле професорот за злоупотреба
Се проширува истрагата за грозоморниот случај во драчево

Веќе нема табуа и молк за страдањата на децата
Под мотото „20 години за децата“, Детската амбасада „Меѓаши“ оваа година прославува 20-годишен јубилеј. Формирана во 1992 година, Амбасадата најпрво се оформи како група на граѓани кои имаа цел да им помогнат на децата-бегалци од војната во БиХ, но предизвиците не застанаа таму...

Се повеќе деца жртви на насилство и злоупотреби
Дури сто деведесет и едно дете се изложени на насилство и злоупотреба од страна на семејството, училиштето, институциите, покажува Извештајот за 2011 година на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. За подобрување на ваквата состојба на децата, "Меѓаши" препорачува родителите да поминат квалитетно време со своите деца и да поразговараат со нив за сите проблеми со кои тие се соочуваат.

СУДОТ ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ БРАТЧИЊАТА ПРЕЖИВЕАЛЕ ХОРОР
Скандалот дека две деца биле психички и физички малтретирани додека биле сместени во згрижувачкото семејство,што го објави весникот “Фокус”,по сведочење на нивната мајка Катерина Ѓеорѓиевиќ,ќе го истражува јавното обвинителство.

ФАНТОМСКИ ДЕЦА ПИТААТ НИЗ ЗЕМЈАВА
Најмалку 370 деца – питачи во Македонија се оставени сами на себе, со родители кои наместо да се геижат за нив, заработуваат на нив, но и без никаква можност за помош бидејќи за државава – тие не постојат. Оваа шокантана бројка, која може да биде многу поголема, но никкао помала, ја соопшти канцеларијата на Народниот правобранител, а произлезе од нивно истражување и првпат ја објавувава една државна институција. Уште една лоша вест е дека само девет од вкупно 14 центри за социјална заштита имаа некаква евиденција за овие деца. Вкупно ви државава има најмалку 1.000 деца – питачи, покажува ова истражување.

ПИТАЧЕВ, А РОДИТЕЛИТЕ ГИ ЛАЖЕВ ДЕКА СИ ИГРАМ
Многумина што ја виделе единаесетгодишната Марсела како питачи пред еден голем супермаркет ја паметат по нејзините големи сини очи. Оние што се сожалиле и тутнале ситни пари. Нејзините родители, пак, долг период не знаеле дека таа питачи. Девојчето секојдневно им пријавувало дека си игра со децата некаде по маалото. Но, по неколкумесечно питачење ја фатиле екипи од центрите за социјална работа.

Децата питачи оставени и на минус на улица
Поради ниските температури во зимските месеци расте бројот на починати во земјава, а долгогодишните анализи покажуваат дека во овој период особено во јануари, се регистрираат најголем број смртни случаии. Но и покрај овие податоци, засега надлежните не преземаат никакви мерки за заштита барем на ранливите групи, како што тоа се прави во другите држави. Новина е само тоа што од вчера Црвен Крст го стави во 24-часовна функција пунктот за бездомници во Момин поток, кој досега работеше само два дена во неделата.

Децата на улица, надлежните си ја префрлаат одговорноста
Пријавите за злоупотреба на децата се зголемуваат, а лошата координираност меѓу невладините организации и институциите е причина поради која многу работи завршуваат само на телефонската пријава

Пропадна проектот на владата за отстранување на децата питачи од улиците
Целосно пропадна владиниот проект за отстранување на децата питачи од улиците. Анонимни извори од министерствата за труд и социјала и за внатрешни работи, за 24 Вести тврдат дека транзитните центри во кои требаше да се собираат овие деца не функционираат.

12 Април Меѓународен ден за децата на улица
Меѓународниот ден за деца на улица за прв пат беше меѓународно одбележан на 12 април 2011 година од страна на Конзорциумот за деца на улица (GSC), една од водечките меѓународни мрежи за остварување на правата на децата на улица во светот. Кампањата се одбележа во Националниот театар во Лондон, каде се изложија фотографии од деца на улица, а го прославија децата на улица, невладиниот сектор, политичари, славни личности, компании и индивидуалци од целиот свет.

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ДЕЦАТА НА УЛИЦА
Во дворот на Амбасадата со музичка точка, ликовни творби, изработка на оригами и гимнастички точки децата ќе покажат дека и тие и сите деца во светот се исти, со исти потенцијали, желби и потреби.

Насилници воведуваат „ред“ во школите
Македонски ученици се изложени на насилство од соученици. Погрдни зборови, тупаници, омаловажување во училници, училишни дворови и автобуси се секоjдневие за многу наши ученици. Психолозите и социолозите предупредуваат дека надлежните, но и родителите и наставниците не треба да ја игнорираат оваа појава.

Потребна е заедничка стратегија за воспитување на младите
Не успеавме да изградиме заедничка стратегија со заеднички вредности во кои младите ќе веруваат и самите и ќе се втемелат. Стратегија со конкретни активности кои ќе помогнат тие да се сплотат и да веруваат во заедничка иднина и заеднички вредности.

ПРОГРАМА ЗА МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во април 2011. започна со спроведување на проект за Мировно образование заедно со партнерската организација KURVE Wustrow од Германија со која има долгогодишна соработка. Проектот има за цел промовирајќи ги мирот и ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем да укаже на потребата од вградување на мировното образование во наставните курикулуми.

Две години ги нема ни живи, ни мртви
Седумгодишниот Митат и петгодишните Дане и Мирсада, исчезнаа во рок од еден месец, во крајно мистериозни околности

Наме­сто редовен ручек, ни даваат ќотек
На СОС-те­ле­фо­нот во „Ме­ѓа­ши“ има­ло 235 ја­ву­ва­ња за 465 слу­чаи во кои жр­тви би­ле де­ца­та

Стриптизерка во пелени
Поради нереализирани желби и фантазии, родители сакаат тоа да го направат преку своите деца. Тие по секоја цена ги втурнуваат своите деца не сфаќајќи ги последиците коишто можат да бидат катастрофални за самото дете, вели во изјавата за Вечер социологот Тања Стојаноска

Лани 462 дојавени случаи на злоставување деца
На СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 во текот на минатата година се регистрирани 235 дојави. Од вкупниот број на дојави само 15 деца се јавиле како дојавувачи. Останатите 220 дојавувачи биле возрасни кои пријавиле вкупни 462 случаи на проблеми кои ги имаат деца. Тоа значи дека во просек една дојава се однесува на две деца. Точно 84 деца од вкупниот број евидентирани случаи биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство. Според податоците на Првата детска амбасада Меѓаши, 86 деца биле незаштитени и изложени на насилство во своето училиште.

Потресни сведоштва за деца- жртви на насилство
Физички и психички се малтретирани од оние кои треба да ги заштитат- родителите, учителите, пријателите....

17 ти мај - Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата
17 ти мај се одбележува како меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата низ целиот светот, а воедно се одбележува и Светскиот ден на телекомуникациите и информатичката технологија.

Вработување на младинци од детските домови
Поттикнување на работодавачите да вработуваат младинци без родители од детските домови и дом-семејствата е целта на кампањата што ќе ја спроведува Првата детска амбасада "Меѓаши" во рамките на проектот "Од дом на свое". Директорот на "Меѓаши", Драги Змијанац, нагласи дека и институциите каде што се згрижени овие деца треба да посветат максимално внимание за нивно стручно образование со цел, како што рече, на пазарот на трудот да бидат соодветно квалификувани за да бидат почитувани и прифатени во заедницата и да добиваат повисоки материјални средства.

Згрижени и независни на свое
Предвидено е проектот „Од дом на свое“ да се реализира за една година и во овој период би требало да се вработат некои од овие млади лица во соодветни компании, институции и фирми, според нивните квалификации 

Манипулирани деца не знаат за што протестираат
Демократското право на протест по дефиниција го исклучува искористувањето на децата во политички цели и нивно вклучување во ризични настани кои може да ескалираат со насилство.

Правната регулатива за деца сторители, деца жртви и деца сведоци на кривични дела
Четврток, 02 февруари 2012 година ЕДИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА Седница бр.11 на Комисија за труд и социјална политика, започната на 02.02.2012 год. Дневен ред: 1. Јавна расправа на тема: Правната регулатива за деца сторители, деца жртви и деца сведоци на кривични дела Дискусија М-р Драги Змијанац Директор и основач на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Првата детска амабасада во светот Меѓаши наскоро со нов веб сајт
20 годишното работење и јубилејот кој го одбележавме на 29.04.2012 година беше причина да се размислува за редизајн на веб страната. За жал немавме финансии за такво нешто но за среќа Некстсенс компанијата која е долгогодишен подржувач на нашите активности уште еднаш ни излезе во пресрет и овојпат ја подготвуваат новата веб страна на Првата детска амабасада во светот Меѓаши.

Каси за донации од страна на граѓаните
Касите за донации кои Првата детска амбасада во сетот Меѓаши ги има поставено во маркети, хотели и други фрекфентни места во Република Македонија и понатаму се во употреба преку кои можете да ги подржите активностите кои ги спроведуваме. Преку донација во касичките знаете дека помагате во функционирањето на СОС телефонот, Дневниот центар за деца кои не одат на училиште како и бесплатната правна служба.

Листа на поддржувачи за 20 годинишнината
Првата детска амбасада во светот Меѓаши на 27.04.2012 ја одбележа својата 20 годишна активност за заштита на правата на децата. На прославата беше прикажан новиот документарен филм преку кој се презентираа главните активности на Амбасадата, како и кратка презентација и говор за работата. По презентацијата следеше и изложба на ликовни и литературни творби од деца од основните училишта во Македонија.


Бушавко бр. 42

Преземи
PDF 656 KB