Почетна » СОС телефон » Кампања за промоција на детски права


Кампања за промоција на детски права и промоција на АлоБушавко / СОС телефон за деца и млади 

  

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во текот на 2022 година, последните 3 месеци од учебната година ги искористи да спроведе кампања за промоција на детските права во основите и средни училишта. Целта на оваа кампања е запознавање на децата и младите со нивните права, и отворање на прашањата колку од нив се запознаени и го разбираат нивното вистинско значење. Но најважен акцент се става на прашањето: Колку овие права се почитувани од врсниците во пракса?

Дополнително, една од целите на кампањата е промовирање на АлоБушавко / СОС линијата за деца и млади, каде што беа разгледани следниве прашања: Зошто е потребен СОС- телефонот, принципот на работа на СОС- телефонот и кој стои зад СОС- телефонот, како едни од најскокотливите прашања кои будат дилеми кај најмладите.

Непомалку значајно беа промовирани комуникациски канали на АлоБушавко меѓу кои и ново-лансираната веб страница alobushavko.mk која нуди содржини од интерес за младата популација, но и за родителите и наставниот кадар.

Кампањата беше реализирана преку онлајн–работилници на платформата ZOOM со интерактивно учество на децата преку гледање слики и видеа, каде беа опфатени 3 теми: живот, образование и родители.

За училиштата од град Скопје работилниците беа реализирани со физичко присуство. Кампањата беше спроведена во 10 училишта од кои 3 основни и 7 средни училишта каде беа опфатени повеќе од 200 ученици и тоа во неколку градови: Скопје, Велес, Штип, Прилеп, Струга и Гостивар.

Работлниците беа одржани од страна нa следниве волонтерки/волонтери: Емине, Иларија, Викторија, Марија, Емира, Десислава, Даниел, Софија, Стефани, кои вложија голем труд и покажааа голема мотивираност и желба да се промовираат детските права, а  воедно и да се подигне свесноста кај децата и младите за проблемите кои следуваат од прекршување на истите. Процесот и текот на кампањата беше под менторство на Јорданка Ч.Трајкоска (проектен коодинатор), Клементина Добревска (координатор на АлоБушавко) и Виолета Илиоска (психолог).

PDF...