Правилник за собирање средства преку касички
поставени кај бизнис партнерите и поддржувачите на Детската Амбасада
1. носење празни каси
Лице со овластување од овластување од Прва детска амбасада во светот – Меѓаши, со членска карта и лична карта која го потврдува неговиот идентитет, може да однесе празна каса со претходна најава на координаторот за соббнвнвбнвбнирање средства до бизнис партнерот.
2. земање полни каси
Полна каса се подига исклучиво со претходна најава до бизнис партнерот. Полната каса можат да ја подигнат најмалку две лица кои се овластени од Прва детска амбасада во светот – Меѓаши, кои ќе приложат официјален меморандум кој ги овластува – потпишан од извршниот директор Драги Змијанац, како и приложени лични карти од лицата највени за подигање на касата.
3. броење каси со комисија
Касата се празни комисиски во просториите на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши. Комсијата е составена од три лица од организацијата, а претседател на комисијата е Извршниот директор
Составот на комисијата се менува секои шест месеци. 4. огласување на износот и намената на собраните средства
Координаторот за промоција и собирање средства писмено ги информира бизнис партнерите за собраните средства и нивната намена. Информирањето, исто така ќе се врши и преку електорнскиот информатор и интернет страницата на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.
|