Почетна » Промоција на безбедна училишна средина » Повици


Првата детска амбасада во светот Меѓаши објавува повик за двајца/две обучувачи/ки за спроведување тридневна обука во два циклуса за унапредување и зајакнување на вештините и знаењата на стручните соработници во основни и средни училишта. Фокусот на обуката ќе биде зајакнување на капацитетите на членовите од стручните тимови преку обработка на две тематски целини насочени кон развој на безбедна училишна средина:


- Улогата на родителот во креирање безбедна училишна средина и
- Врсничка едукација


Потребни квалификации за избор на стручните лица 
1. Обучувач/ка за улогата на родителите во превенција и спречување на насилство во училиштата.

●       Најмалку две години искуство во спроведување на едукативни настани, спроведување на активности од областа на неформалното образование (искуство со образование за возрасни и/или нивна доквалификација ќе се смета за предност)
●       Искуство во соработка со родители/ старатели, обезбедување на нивна помош и поддршка директно или индиректно
●       Познавање на поставеноста, начинот на функционирање, процесите во националниот образовен систем, училиштата, во делот на системска поддршка и мрежа за учениците ќе се смета за предност
●       Учество во развој  на програми поврзани со образованието, образовниот систем и неговото функционирање како јакнење на капацитетите на засегнатите страни во образовниот систем ќе биде предност
●       Завршени додипломски студии/ VI - А ниво на образование во сегментот на општествени науки


2. Обучувач/ка за врсничка едукација
- Најмалку две години искуство во спроведување на едукативни настани, спроведување на активности од областа на неформалното образование (искуство со образование за возрасни и/или нивна доквалификација ќе се смета за предност)

- Искуство во поддршка на млади, деца или ученици преку директен и/или индиректен пристап со развој на програми, активности, едукативна поддршка или развој на одредени механизми или инструменти

- Искуство во развој на програми за обуки за врсничка едукација и/или спроведување на обуки за врсничка едукација

- Познавање на поставеноста, начинот на функционирање, процесите во националниот образовен систем, училиштата, во делот на системска поддршка и мрежа за учениците ќе се смета за предност

- Завршени додипломски студии/ VI - А ниво на образование во сегментот на општествени науки; 


 Потребни документи при аплицирање: 
 
Професионална биографија Писмо за мотивација (содржината во писмото не треба да надминува повеќе од 1 страна, А4 формат) Референци од претходни и тековни професионални искуства и соработка 

Сите дополнителни и потребни информации можете да ги најдете на следниов линк. Заинтересираните кандидати/ки треба да ги испратат своите апликации во електронска верзија не подоцна од 28.04.2024 на следнава адреса iro@childrensembassy.org.mk.  



ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДВЕ СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИРАЧНИК ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

IОпшти информации

               Првата детска амбасада во светот Меѓаши објавува повик за ангажирање  две стручни лица за изработка на прирачник за улогата на родителите во превенција од насилство во училиштата.

               Меѓаши е граѓанска организација чија мисија е да ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование, развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.

II. Опис и цел на проектот

Проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина” има за цел да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Проектот се фокусира кон унапредување на постоечките механизми и инструменти за превенција од насилство во училиштата, развој и јакнење на капацитетите на стручните тимови, претставници од училиштата и високото образование, претставници од јавните институции и самите ученици, како и градење на соработка помеѓу сите засегнати страни на различни нивоа за да може да се овозможи промоцијата на безбедната средина преку имплементација на ученичкото учество и заштита од насилство како основни механизми во целиот процес.

III. Цел на повикот

Во согласност со предвидените активности во самиот проект, ќе се обезбеди ангажман за 2 (две) стручни лица за изработка на Прирачник за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата. Изработката на Прирачникот треба да придонесе кон поддршка на родителите/старателите во превенцијата и справувањето со насилството во училиштата како и нивно активно вклучување во тие процеси. Ќе бидат опфатени две тематски области. Првата ќе биде насочена кон значењето и функцијата на Советот на родители и активното учество на родителите/старателите во обезбедувањето безбедна училишна средина. Втората тематска област ќе биде насочена кон поддршката од страна на родителот, однос и комуникација родител - дете и промоција на позитивното родителство како пристап во градење односи на меѓусебна доверба. 

Прирачникот треба да стави акцент на улогата на родителите и Совет на родителите, улогата на стручните служби, запознавање со механизмите за ученичко учество, како и дополнителни начини за превенција и заштита од насилство во училиштата. Истиот ќе биде наменет за поддршка на родителите, Советите на родители и за стручните тимови во училиштата, дополнително како тренинг материјал како и за поддршка за сите засегнати страни во целиот воспитно-образовен процес.

За потребите на изработка на Прирачникот, првично ќе треба да се формираат и организираат и фокус групи со родители, за да може да се согледаат предизвиците со кои се соочуваат родителите на деца со типичен и атипичен развој поврзани со училишната средина, соработката со претставниците од училиштата, учеството во училишната заедница и комуникацијата помеѓу учениците. Искуството споделено од страна на фокус групите ќе претставува еден од изворите за изработка на Прирачникот кој ќе треба да биде применлив за сите родители и/или старатели и да го почитува начелото на инклузивност.

Ангажираните стручни лица треба да се координираат меѓусебно и со проектниот тим на ПДАС Меѓаши за концептот, фокус групите, содржината и начинот на изработка на материјалот.

Ангажираните лица претставуваат носители на активноста за спроведување и реализација на фокус групите и изработка на Прирачникот.

Предвиден период на ангажман за двете стручни лица претставува од 01.11.2023 до 30.11.2023 со 8 (осум) работни денови за испорака на услугата.

Повеќе...



ОТВОРЕН ПОВИК

АНГАЖИРАЊЕ КОМПАНИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ МЕДИУМСКА КАМПАЊА


IОпшти информации 

            Првата детска амбасада во светот Меѓаши објавува повик за ангажирање медиумска/маркетинг агенција која ќе биде одговорна за креирање и спроведување кампања што ќе промовира детско учество и ненасилство и ќе влијае на создавање безбедна средина во училиштата. Кампањата ќе биде предводена од ученици кои со поддршка од агенцијата и во соработка со тимот на детската амбасада Меѓаши ќе ги керираат потребните материјали, план и канали на комуникација.

II. Опис и цел на проектот

Проектот “Промоција на безбедна средина во училиштата” има за цел да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Проектот се фокусира кон унапредување на постоечките механизми и инструменти за превенција од насилството во училиштата, развој и јакнење на капацитетите на стручните тимови, претставници од училиштата и високото образование, претставници од јавните институции и самите ученици, како и градење соработка помеѓу сите засегнати страни на различни нивоа за да може да се овозможи промоцијата на безбедната средина преку имплементација на ученичкото учество и заштита од насилство како основни механизми во целиот процес.

III. Цел на повикот

Во согласност со потребите на проектот и предвидените активности, ќе се обезбеди ангажман на медиумска/маркетинг агенција која ќе биде одговорна за спроведување кампања за промоција на учеството на децата и младите, ненасилство и создавање безбедна средина во училиштата, предводена од ученици.

За изработката на предвидената кампања, во соработка со проектниот тим, агенцијата ќе подготви комуникациски план, ќе испорача обука за млади на која, заедно со проектниот тим и волонтери ќе помогнат во подготовка на самата кампања, како и подготовка на 10 кратки видеа. Дополнително, агенцијата ќе биде дел од подготовката и развојот на содржини, дизајн на постери, видео продукција, визуелна комуникација и ширење на кампањата на социјалните медиуми итн. 

Ангажираната компанија ќе претставува носител за изработка на промотивните материјали за целосно спроведување и реализација на медиумската кампања против насилството во училиштата до јуни 2026.

Повеќе...



ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ОБУЧУВАЧ/КА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ОБУКА 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши објавува повик за обучувач/ка за спроведување дводневна обука за унапредување и зајакнување на комуникациските вештини на волонтерите од линијата за поддршка на деца и млади ,,Ало Бушавко“. Целта е волонтерите да се здобијат со вештини и знаења кои ќе им овозможат ефективна комуникација и поддршка на родителите/старателите кои се соочуваат со предизвици во односот со децата - ученици.

Проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина” има за цел да придонесе кон остварување на квалитетно образование на децата во безбедна и партиципативна училишна средина. Фокусот е кон унапредување на постоечките механизми и инструменти за превенција на насилство во училиштата, развој и јакнење на капацитетите на стручните тимови, претставници од училиштата и високото образование, претставници од јавните институции и самите ученици, како и градење соработка помеѓу сите засегнати страни на различни нивоа.

Обучувачот/ката ќе треба да спроведе дводневна обука за тим од 10 волонтери насочена кон зајакнување и развој на нивните вештини и знаења за ефективна комуникација со родителите/старателите на деца во развој и предизвиците во односот со деца – ученици, со акцент на превенција и заштита од насилство во училиштата. Обуката треба да ги развие вештините и знаењата на тимот волонтери во однос на методи, техники и начини на комуникација со родителите/ старателите, примена на позитивни примери во практиката и начини и видови развој на само – помош кај родителите како и зајакнување на нивното вмрежување со засегнатите страни.

Ангажираното лице ќе треба да развие сеопфатен план за обуката, вклучувајќи модули, методологија, програма на обуката, работни материјали и евалуација, во консултација со проектниот тим.

 

Обуката е дводневна (предвидени се три работни денови заедно со подготовки и евалуација) а истата треба да се спроведе некој од деновите во периодот од 15.01.2024 до 19.01.2024.

повеќе...