
Меѓународна конфернција - Креирај го твоето место за растење

🗓️25 октомври I 📍 Хотел Холидеј Ин, Скопје

📢Со големо задоволство ја најавуваме Меѓународната конференција: Креирај го твоето место за растење, организирана во рамките на нашиот проектот Место за растење: Општини пoсветени на децата.

👥🗣Нашата примарна цел е да ја поттикнеме соработката за унапредување на правата на децата, а дополнително, овозможувајќи им на локалните власти во земјата да се здобијат со увид во практиките на локалните власти во државите од Европска Унија кои имаат долгогодишно искуство во локално планирање за деца.

ℹ️Дознајте повеќе за конференцијата на следниов линк: https://www.placetogrow.mk/news-events/
#местозарастење #placetogrow #детскиправа #креирајготвоетоместозарастење #меѓаши #кмопскопје
https://www.placetogrow.mk

Детската амбасада МЕЃАШИ објавува оглас за вработување раководител/ка на проекти.
Краен рок за пријавување: 11 декември 2023
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација што 31 година работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата во Македонија и пошироко, можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисијата и визијата нѐ движат кон креирање општествени промени кои обезбедуваат подобрување на состојбата на децата и младите.
Мисија на ПДАС Меѓаши:
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.
Визија на ПДАС Меѓаши:
Поправеден свет за секое дете.
Доколку се препознавте во наведените вредности и ги разбирате мисијата и визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ, верувате во активно граѓанство и промени, се стремите кон праведност, правичност, функционален систем кој работи во интерес на децата, имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во раководење проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти како и желба за нови предизвици, имате висок интегритет, одговорност и отчетност и доколку сакате да станете дел од нашиот мал но посветен тим прочитајте ги долунаведените критериуми за аплицирање за позицијата Раководител/ка на проекти во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.
Квалификации:
- Неформално или формално образование во областа на ненасилната трансформација на конфликти;
- Искуство во областа на Мировното образование;
- Најмалку 2 години работно искуство во раководење, спроведување проекти финансирани од Европската унија и/или меѓународни проекти во областа на човековите права и слободи (детските права и проекти со млади ќе се сметаат за предност);
- Одлично познавање на проектен менаџмент и сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус;
- Напредно познавање и користење на говорен и пишан работен англиски јазик;
- Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа;
- Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери;
- Завршено високо образование;
- Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, посветеност кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите;
- Одлични аналитички способности, работа со рокови, подготвеност за медиумски настапи, способност за навремено и редовно планирање, подготвеност за соработка и способност за поттикнување и мотивирање;
- Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок;
- Возачка дозвола Б категорија.
повеќе...