Почетна » Архива » 1994

Реализирани активности 1994 година
1.(11.01.)Одговорните во Центарот за другарство се обратија до Управата на Градаски кина на Скопје за посета на една кино претстава заедно со децата бегалци(средношколци) од кампот "Чичино село" во Скопје.Беа обезбедени 25 билети за македонскиот филм "Светло сино".
ставата "Не сега драга" од режисерот Коле Ангеловски.Оваа претсвава заедно со 
      2.(20.01.)Одговорните во Центарот за другарство се обратија до Драмскиот театар од Скопје за посета на претчленовите од Центарот за другарство ја посетија и децата бегалци(срердношколци).
      3.(03.02)Денес при Детската амбасада "Меѓаши" од Скопје и официјално почна со работа Центарот за деца алергични на глутен, а основан по иницијатива на родителите чии деца боледуваат од овој вид алергија. Досега се пријавени на 50 деца алергични на глутен (состојка во житата), а во два наврата Генералниот конзулт на Детската амбасада обезбедуваше како странска хуманитарна помош посебно произведена храна за нив.Бидејќи ваква наменска храна не се произведува кај нас и треба да се набавува од странство, целта на овој Центар е да помогне во набавка на наменските прехранбени артикли во што ќе партиципираат и родителите, а Ќе се бараат и спонзори.
      Освен обезбедување храна, Центарот, во кое членуваат и лекари специјалисти, ќе се организира и советување и ќе издава брошури со кои родителите ќе можат подобро да се информираат за негата при оваа алергија. Со Центарот ќе, раководи Д-р Александра Гордова Муратовска од Детската клиника во Скопје при Медицинскиот факултет.
      4.(04.02.)Членовите од Ценртарот за другарство се обратија до Центарот за организирање приредби при Универзалната сала со молба салата бесплатно да се добие за организирање хуманитарен концерт по повод двегодишнината од формирањето на Првата Детска амбасада во светот-Генерален конзулат за Македонија.Центарот за организирање приредби одговори позитивно и оваа свеченост ќе се одржи на 29.04.1994.
      5.(08.02.)Генералниот конзулат за Македонија на Првата Детска амбасада во светот, Првата Детска амбасада во светот"Меѓаши" од Сраево и фабриката за чоколади, бонбони и фавли "Европа" од Скопје за време на Зимските олимписки игри во Лилехамер-Норвешка покренаа иницијатива за отварање "слатки коридори", низ кои до најмладите сараевчани ќе пористигнат пратки со чоколади и бонбони. Акцијата е по повод десетгодишнината од Сараевската олимпијада, со надеж дека барем деновите додека траат Зимските олимписки игри во Лилехамер на децата од Сараево ќе им минат без крв и солзи-со бонбони, а не бонби.
      6.(21.02.)Детската амбасада започна распределба на прехранбени и хигиенски артикли за децата бегалци до 6 години.Со проектот беа опфатени вкупно 312 деца бегалци од кои 150 згрижени во камповите, а 162 во семејства.Донатор:Католички служби за помош.
      7.(22.02)Координаторите за распределба на хуманирана помош(Амира Базарџановиќ, Јово Димитриеви и Лидија Фајдига) во рамките на активностите на Детската амбасада започнаа со распределба на опрема по физичко воспитување(патики, шорцеви и маици) за децата бегалци од основните и средните училишта, згрижени во камповите.Со проектот беа опфатени вкупно 245 деца бегалци:"Бунец"(82),"Чичино село"(56),"Даре Бонбол"(13),"Катланово"(77) и "Ранка Милановиќ"(5).
      8.(02.03.)Во рамките на соработката на Генералниот конзулат на Детската амбасада "Меѓаши" со претставници ВАУЛЏ-ЕН-ВЕЛИН, ГРАД ВО БЛИЗИНА НА лИОН,фРАНЦИЈА, ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ шТО СЕ СМЕСТЕНИ ВО ПРИФАТНИОТ ЦЕНТАР "бУНЕЦ", ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ ТЕЛЕВИЗОР,школски прибор,спортска опрема и играчки.
      иИсто така, дел од Ученичкиот прибор е предаден на Детската амбасада за детските работилници, како и за хендикепираните деца од Домот во Прилеп.Инаку, соработката со Во-Ан_Волан е воспоставена минатата година, кога беше обезбедена првата пратка помош за децата-бегалци, а наедно дојде до збратимување меѓу училиштето "Лазо Ангеловски" од Скопје со "Фредерико Гарсија Лорка" од овој град.Оваа посета на Детската амбасада градоначалникот Морис Шарие ја искористи и за посета на градоначалникот на Градското собрание на Скопје Горан Николовски, каде беше информиран за штетата која на Македонија и ја нанесе блокадата на Грција и беШе договорена и стопанска соработка меѓу овие два града.
      9.(02.03.)По барање на родителот Ерол Сулјемановски, Де4тската амбасада се обрати до г-дин Луис Кухн да посредува во постапката за враќање на грабнатото дете Емил Сулјемановски кај својот татко.Оваа дете беше грабнато од неговата мајка и покрај тоа што според судската постапка при бракразводната парница детето го одреди за старател таткот Ерол Сулјремановски.Потребната документација од швајцарските власти Детската амбасада ја прердаде на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија која спред Хашката конвенција за грабнати деца од 1980 година е должно да покрене постапка за враќање на детето. 
      10.(06.03) Г-дин Антонио Марин Руиз-Дирецтор дел Габинете де Цомуницатион(Универсидад де Гранда) од Еспана, го посетија Генералниот конзулат на Првата Детска амбасада во светот за Македонија од Скопје со намера да се запознаат за досегашните и идни активности и изразија подготвеност да финансираат еден проект на Детската амбасада.
      11.(09.03.)Г-ѓа Анна Цоугхлин Цонсултант Сњедисх Саве тхе Цхилдрен го посети Генералниот конзулат на Детската амбасада со намера да се запознае со активнопстите на Детската амбасада околу грижата за децата бегалци, особено на возраст од 14-18 години. БеШе запознаета со нашиот Центар за другарство, форми и активности каде нашите деца од Македонија се дружат и комуницираат со децата бегалци од камповите(посета на кино,театарски и други претсави).
      12.(11.03.) Македонско-полското друштво "Висла" од Скопје и Детската амбасада упатија барање до француски "ЕКИЛИБР" во Краков и Варшава од Полска за помош во 1Т специјална храна за над 50 заболени деца од Целијакија во Македонија.Во оваа акција е вклучена и матицата на иселеници "ПОЛОНИА" од Варшава.
      13.(4.04.)ПРВАТА ДЕТСКА  АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА и претсавникот на Универзитеот од Гренада(Шпанија)Г-дин Антонио Марин Руиз го потпишаа Договорот за финансирање на три проекти за 1994 година, итоа:
а)Проект-Операции на деца од Македонија во Шпанија и набавка на лекарства кои се дефицитрарни во Македонија.
б)Континуирано снабдување со храна за децата заболени од Целијакија и
в)финансирање на Центарот за Другарство при Детската амбасада.
      14.((6.04.)По повод двегодишнината од започнувањето на војната во Босна и Хецеговина и згрижувањето на децата-бегалци во Македонија,Првата Детска амбасада заедно со делегација од деца бегалци го посетија претседателот на Република Македонија,г-дин Киро Глигоров.Децата бегалци се заблагодарија за грижата која ја води Македонија за нив.
      15.(6.04.)Почесниот конзул,Г-дин Цхарлес Мерциеца,Пх.Д,Еџецутиве Вице Пресидент оф ИНТЕРНАТИОНАЛ АССОЦИАТИОН ОФ ЕДУЦАТОРС ФОР ЊОРЛД ПЕАЦЕ НГО,УНИТЕД НАТИОНС&УНЕСЦО се обрати до Првата Детска амбасда - Генерален конзулат за Македонија со намера еден наш Член да номинираме за национален консулатант за Македонија на оваа Меѓународна асоцијација со седиште во Алабама,САД.
      16.(6.04.)Г-дин Герт Јан Ван Апелдрон од Холандската меѓуцрковна помош потпиша Договор со Гордана Пирковска Змијанац од Првата детска амбасада за финансирање на Проектот за С.О.С. дежурен детски телефон на Детската амбасада во наредните три месеци, започнувајќи од 4.05.1994.
 
      17.(8.04.)ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ-Генерален конзулат за Македонија организираше за децата бегалци од Кампот "Катланово" бесплатна посета и возење во Забавниот парк во Скопје.
      18.(09,10.04.)ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА организира за децата од Демир Хисар и Прилеп,Детски ликовен караван.Хамерот и организацијата се обезбедени од Детската амбасада, организационата единица на мИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА дЕМИР хИСАР И КООРДИНАТОРОТ НА ДЕТСКАТА АМБАСАДА за Прилеп,Благоја Спирковски Џумерко.
 
      ПОКАНИ-ГОСТУВАЊА-НАСТАПИ-ПРИЗНАНИЈА
      __________________________________________
1.На покана од Тхе Аустриан Студѕ Центер фор Пеаце анд Цонфлицт Ресолутион (АСПР) се одрза цонференце он тхе Балканс Пеаце Пројецт, во Стадтсцхлаининг,Аустриа во Април 1-5,1993.На оваа конференција учествуваше Гордана Змијанац,генерален секретар.Патните трошоци ги надомести Фондот отворено општество на Македонија.
2.Општообразовната програма на Македонската телевизија(уредник Блаже Смилевски) во октомври 1993 година, на втората програма ја емитуваше емисијата со наслов "ЕДНО НЕБО ЗА СИТЕ" посветена на раотата на Првата Детска амбасда во светот-Генерален конзулат за Македонија од Скопје.
      Гости на оваа емисија беа:Коле Ангеловски,генерален конзул;Калина Мрмевска,детеконзул;Гордана Змијанац,генерален секретар;Демир Ајвази,дете бегалец;Невена Зупчевиќ,дете активист;Славица Николовска,актер и водител;Д-р Марија Ралева,Член ан Колегиум;Проф Д-р Никола Софијанов,Директор на детската клиника од Скопје и Директор на стручниот тим за здраствена заштита на децата при Детската амбасада;м-р Лина Ќостарова Унковска,психолог;Лиза Дејо-Католички служби за помош;Андре Вињ-Француски културен центар од Скопје;Анке Ериксон-Висок комесаријат за бегалци;Јово Димитриевиќ,новинар од Сараево;Есма и Стево Теодосиевски,естардни уметници-почесни конзули;Драган Мијалковски,естарден уметник-вице коинзул;Слободанка Марковска-Хелсиншки парламент на Македонија;Д-р Олга Мурџева Шкариќ,психолог-член ан КОлегиум;Стефан Миленковиќ,вилинист-прво дете амбасадор и Драги Змијанац,Директор на Маркетинг и односи со јавноста.
Продуцент,Раде Ниотис;
Монтажа,Коле Јовановски и
Сценарио и Режија,Виолета Џолева
3.На покана на Здружението за заштита на децата на Македонија, на Семинарот"Проекции на образованието-влијание на натамошното живеење" кое се одржа во Охрид од 9 до 12.12.1993 година,учествуваше Гордана Змијанац,генерален секретар на Првата Детска амбасада "Меѓаши" од Скопје.
      Трошоците за превоз и сместување ги надомести Здружението за заштита на децата на Македонија.
4.Детската амбасада со свој претставник беше поканета на роботилниците на Балканскиот мировен проект за усовршување на на техниката за решавање на конфликтите која сеодржа од 1-5.04.1994 во Сцхлаининг,Аустрија.Поради неможноста да се најде финансиер за патните трошоци,оваа покана беше одбиена.
5.Детската амбасада со еден свој претставник беше поканета од Тхе сенате оф тхе Опен Интернатионал Университѕ  за учество во Тхе Интернатионал Семинар кој се одрза во Хонг Конг од 25-27,март,1994.Поради финансиски потеШкотии Детската амбасада небеше во можност да учествува на  овој семинар.
6.Коле Ангеловски,генерален конзул и Гордана Змијанац,генерален секретар од страна на Институт мондиал дес релатионс цултуреллес & Институт де дроит пратиљуе  се прогласени за почесни членови на овие две организации.
7.Во организација на УНХЦР-Високиот комесаријат за бегалци се организира семинар со наслов "ПЕОПЛЕ ОРИЕНТЕД ПЛАННИНГ"(ПОП),кој се одрза во хотрл "Цонтинентал"Скопје,17 анд 13 Фебруарѕ 1994.На овој семинар учествуваше Коле Ангеловски,генерален конзул на Детската амбасада.
8.Членовите на Детската амбасада беа поканети од Детскиот хор"ПИКОЛО" про МБУЦ,Музичката и касетна продукција  при МРТ и Самостојниот синдикат  за здраство, фармација и социјална заштита на Република Македонија по повод промоцијата  на аудио касетата  со "ДУХОВНА МУЗИКА" со Детскиот хор "ПИКОЛО".
Промоцијата се одржа  во концертната сала на Факултетот за музичка уметност на 5..02.1994.
9.По повод започнувањето со работра на Клубот на млади амбасадори при Пионерскиот дом "АСНОМ" од Кочани беа поканети:
Д-р Владимир Ортаковски,професор по Меѓународно јавно право на Универзитетот во Скопје и заменик министер во Министерството за наука кој одржа предавање на тема"ДЕТЕТО ВО СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ",Г-ѓа Гордана Змијанац,генерален секретар на Првата Детска амбасада "Меѓаши"од Скопје која на овој клуб им подари книги "Првата на децата" и ги поздрави од сите членови на Детската амбасада и 
Г-дин Сајмон Страхан Шпретсавник на УНИЦЕФ во Македонија од Скопје.
10.Фондот за хуманитарно право од Белград по втор пат се обрати до Генералниот конзулат на Првата Детска амбвасада во Македонија  за натамошна соработка околу формирањето извештај за воени злочини кој се направени во Источна Босна,особено во Скелане и Чајниче.Детската амбасада одговори позитивно на ова барање и на располагање ги стави своит активнсти и возило за посета на камповите за бегалци во Македонија.
11.Во организација на црвениот крст на Република Македонија на ден 25.02.1994 година Детската амбасада со останатите хуманитарни организации во Македонија учествуваше на меЃу агенциски состанок за натамошна координација на хуманитарните активности.
12.До г-дин Благоја Петрушевски,заменик министер во Министерствот за труд и социјална политика на Република Македонија од страна на Детската амбасада беше доставен Извештај за примената хуманитарна помош од странски донаци и список на извршената дистрибуција.
13.Во Организација на жените на град Скопје на 7.03.1994 година се организира хуманитарен бал посветен на болните од СИДА.Детската амбасада беШе поканета и учествуваше на оваа хумнитарна манифеставциаја  која се одржа во хотел Континентал во Скопје.
14.Во организација на Домот на Пионерите "29 Ноември" од Куманово по повод 150 -та емисија од детската радио програма "Голем одмор",во името на членовите на Детксата амбасада ,со пригодни подароци на книги "Правата на детето" ги поздрави присутните Гордана Змијанац,генерален секретар.На оваа манифестација настапи и членот на Детската амбасада со најпопуларната детска песна за 1993 година "НИКОЛА,НИКОЛА" изведена на "Златното славејче 93" во интерпретација на Оливера Лазаревска.
15.Во организација на Католичките служби за помош на 18-19 март 1994 година  на семинарот "Организација и реализација на проекти" зема учество и Детската амбасада со свој претставник.
16.Детската амбасада со свој претставник учествуваше на Семинар посветен на толеранцијата :меѓуверската,,меѓуетничка и меѓукултурна.Овој Семинар  се одржа во Охрид од 25 до 27 март 1994 во организација на Младинскиот совет на Македонија.На овој семинар беа поканети сите демократски ориентирани младински организации кои постојат во Република Македонија.Специфика на годишниот семинар е фактот дека тоа ќе биде македонско вклучување во Европската кампања против расизмот,ксенофобијата , антисемитизмот и нетолеранцијата,како актуелна програма на Советот на  Европа.
17.Во организација на Детската амбасада на 20.03.1994 по повод денот на пролетта на градскиот плоштад "МАКЕДОНИЈА" се одржа пролетниот ликовен караван.На оваа манифестација учествуваа сите деца членови на Детската амбасада.
 
      ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ги известува децата од Демир Хисар и Прилеп дека оваа сабота Детскиот ликовен  карван ќе се одржи во Демир Хисар пред училиштето Гоце Делчев со почеток во 10 часот, а в Недела(10.04.94) во Прилеп на градскиот плоштад со почеток во 11 часот.  Секое дете кое сака да учествува, треба да донесе водени или темперни боици, четкица и чашка за вода. Хамерот и организацијата ќе бидат обезбедени од Детската амбасада, организационата единица на Министерството за образование во Демир Хисар и координаторот на Детската амбасада за Прилеп Благоја Спиркоски - Џумерко. 
                        8.06.1994
      Во рамките на активностите на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА  во светот "МЕЃАШИ" од Македонија, започна  реализацијата на  проектот "ДЕТСКА ДОПИСНА ШКОЛА". Овој проект е помогнат и ќе се реализира во соработка со Движењето за мир, разоружување и слобода од Шпанија. Всушност,  акцијата овозможува контакт на сите заинтересирани ученици од Македонија со врсници од Шпанија.Учениците кои добро го познаваат францускиот и англискиот јазик,  преку дописните катички  изработени двојазично (шпански и македонски јазик, со заштитните знаци на двете организации), можат да стапат во контакт со своите врсници од Шпанија. Дистрибуцијата на детските дописни картички ќе ги извраши ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА. 
      Сите заинтересирани ученици од Македонија кои сакаат да се вклучат во овој проект може да се јават на контакт телефонот 091/116-064 или да пишат на адреса:"Чедомир Миндеровиќ" 39,Скопје.Бројот на картичките е ограничен (1000).
 
                        16.08.1994.
      Во организација на      Првата светска детска амбасада "МЕЃАШИ"-Генерален конзулат за Македонија од Скопје и  Шпанското Движење за мир, разоружување и слобода од Мадрид, беше организиран награден детски ликовен карван за децата од Охрид.Карванот, што е во рамките на програмата за анимација  на децата од Македонија, при ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА, започна со натпревари во Скопје, Прилеп, Демир Хисар,а последниот се одржа во Охрид.
      На овој патувачки ликовен карван во Охрид со свои ликовни творби се претсавија 300 деца-уметници.Комисијата во состав:Слободан Пупиновски-наставник по ликовна уметност во Охрид, Никола Боздоганов Киселинов-апсолвент по Историја на уметноста и координатор на Детската амбасада за Охрид и Коле Ангеловски режисер и генерален конзул на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА се одредија за 12 награди. 
      За победниците Детската амбасада обезбеди пригодни награди (Книгата "Правата на децата", играчки и школски прибор). Доделувањето на наградите беше организирано на 5 август со мала изложба и промоција  во студиото на Телевизијата "М"од Охрид, во специјалната емисија ТВ "Уно форте банбини".
      Од 300 учесници на ликовниот карван, наградени се следните деца:Аврамовски Владимир ,Весна Стрезовска , Димче Гроздановски, Петар Матиловски од  О.У."Григор Прличев"; Даниела Ц. и Митреска Марина од О.У. "Христо Узунов"; Тања Речкоска, Михаела Костадиновска и Крсте Колески од О.У."Коле Неделковски"; Арта Ќато и Тони Хусеини од О.У."Братство и единство" и Мартин Пејовски од О.У. "Климент Охридски" од Охрид. Сецијална награда и беше доделена на Митреска Марина за најдобар цртеж на плочникот кој го нацрта пред Домот на културата "Григор Прличев" во Охрид.
            Денес(19.08.1994), во организација на ПРВАТА СВЕТСКА ДЕТСКА АМБАСАДА-ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛАТ ЗА МАКЕДОНИЈА од Скопје и Шпанското Движење за мир, разоружување и слобода од Мадрид и Платформата Гранада  пристигна хуманитарна помош  од 148 кг. лекови, клинички материјали, прехрана за деца, витамини и антибиотици за Детската клиника во Скопје.
            Свеченото предавање на хуманитарната помош ќе го изврши Г-дин Мигел Ангел Гонзалес, претставник на МПДЛ од Шпанија, во понеделник, во 11 часот во просториите на Детската клиника во Скопје.
 
 
 
                        22.08.1994
      Во рамките на своите хуманитарни активности за помош на децата во Македонија кои имаат потреба од неопходни здраствени и едукативни помагала, ПРВАТА СВЕТСКА ДЕТСКА АМБАСАДА-ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛАТ ЗА МАКЕДОНИЈА  од Скопје за сестрите Јулија и Милица Пешеви од Кочани обезеди две Брајови машини од Хановер-Германија. Хуманитарната пратка на Јулија и Милица ќе им биде врачена деновиве во Кочани.
      Првата Детска Амбасада во светот "Меѓаши" од Македонија започна со распределба на 715-сет комплети училишен прибор(чанти,тетратки,моливи,ленири и др.) како хуманитарна помош за децата со ниско заштитно социјално ниво во Македонија. Донатор на оваа хуманитарна пратка се Католичките служби за помош.
            Деновиве помошта беше распределена на децата од детските домови во Скопје: "11 Октомври", "Ранка Милановиќ" и "25-ти МАЈ", а во наредните денови  училишниот прибор ќе се распредели во Прилеп (за децата без родители од Интернатот "Орде Чопела"); Куманово (за децата од специјалните паралелки во основните училишта); во Титов Велес за децата со ниско заштитно социјално ниво на трудовите инвалиди; Ресен, за децата бегалци од Пустец-Албанија сместени во Царина;  Охрид за деца чии родители не се во можност да купат училишен прибор и Штип за дел од децата чии родители се под стечај.
      Исто така, во ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА  во тек се подготовките за одбележување на Светската недела на детето која се одржува од 5-11 Октомври и по тој повод во повеќе Детски домови во Македонија Детската амбасада ќе подели хуманитарна помош во постелнина, храна и друго, обезбедена од претпријатија кои се вклучија во реализацијата на Хуманитарниот концерт 'ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО" кој се одржи на 16. јуни оваа година на Градскиот стадион во Скопје.
                        1.10.1994.
      По повод Неделата на детето од 3 до 9 Октомври 1994 година Министерството за образование и Првата детска амбасада упатија АПЕЛ до сите училишата во Република Македонија, еден од часовите оваа недела да се посвети на запознавањето на учениците со нивните права, гарантирани со Конвенцијата за правата на децата.
      Како прирачна литература наменета за детската возраст се препорачува користење на книгата 'ПРАВАТА НА ДЕЦАТА' што како програмска активност на Првата детска амбасада  за истиот повод беше издадена минатата година. 
      ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА упатува апел  до сите редакции на телевизијата, радиото и печатот во Република  Македонија, во своите програми  да отстапат простор за содржини посветени на правата на децата.
      НАПОМЕНА: Првата детска амбасада од книгата 'ПРАВАТА НА ДЕЦАТА' од Зарина С. Кан досега бесплатно распредели над 2000 примероци.
                        6.10.1994.
      ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА денес започна со распределба на 1.000 литри млеко донација од Скопски пазар за децата во детските домови во Македонија.
      В петок 7.10.1994., во Штип по препорака на Организационата единица на Министерството за образование ќе се распределат  седумдесет училишни чанти и школски прибор за децата чии родители се под стечај.Донацијата е обезбедена од Завод за унапредување на стопанството на Македонија и Католичките служби за помош. 
      В Сабота 08.10.1994, за децата членови на Центарот за другарство при ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА од сите градови на Македонија, обезбедено е дводневно бесплатно сместување во Планинарскиот дом "ТАЈМИШТЕ" близу Кичево.
                        14.11.1994.
      Прес конференцијата по повод одбележувањето на годишнината од работата на С.О.С. ТЕЛЕФОН ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ  ќе се одржи во вторник, 15.11.1994 година, во 10 часот во просториите на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА,Ул."Чедомир Миндеровиќ" 39 - Скопје( во близината на Соборниот храм "Св.Климент Охридски").
 
      На прес конференцијата ќе  биде соопштен Извештајот за работата на првиот С.О.С дежурен телефон за деца и младинци во Република Македонија.
      Гости на пресот ќе бидат Г-дин Герт Јан Ван Апелдоорн од Меѓуцрковна Холандска Организација(ДИА) и Г-дин Проф.Д-р Никола Софијанов Директор на Детската клиника во Скопје и Директор на стручниот тим за здравствена заштита при Детската амбасада. На оваа свеченост ќе биде врачена и статуетката "БУШАВКО" маскота на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА на Г-дин Апелдорн претставник на Меѓуцрковната холандска организација и досегашен финансиер на С.О.С. телефонот, во знак на соработка, доверба и подршка на активностите на Амбасадата.