Работилница за лобирање и застапување, 27.05.2015, во Берово
На 27 мај 2015, Детската амбасада Меѓаши организираше работилница за лобирање и застапување во градинката „23 Август“ во Берово, на која што присуствуваа родители, воспитувачи од градинката и директорот. На работилницата преку кратка презентација беше објаснета целта за лобирањето и застапувањето, беа разгледани чекорите за остварување на таа цел, релевантните засегнати страни и идните активности кои што треба да бидат преземени. За време на работилницата родителите истакнаа дека им е важно да бидат консултирани и да учествуваат во предлагање и препораки во креирањето на програмите во предучилишниот образовен систем.
Работилница за акциско истражување и мониторинг, 04,06.2015 во Штип
Детската амбасада Меѓаши организираше работилница за акциско истражување и мониторинг за воспитувачите во градинката „Астибо“ во Штип. За време на работилницата, учесниците беа запознаени со концептот за акциско истражување како и соодветна имплементација на истото во пракса. За времетраење на работилницата, учесниците покажаа интерес да направат истражување за програмите посветени на талентираните деца.
Регионална обука за „Меѓународен прирачник за градење на мир и почитување на разликите“ во Скопје, од 24 до 29 август 2015 година
Од 24-ти до 29-ти август 2015, беше оддржана регионална обука за „Меѓународен прирачник за градење на мир и почитување на разликите“ во Скопје, во хотелот „Best Western“. На обуката присуствуваа над 80 воспитувачи од градинки, директори на градинки и претставници од надлежни државни институции од неколку земји во регионот, и тоа: Република Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Косово. Обуката беше оддржана од обучувачи од „Early Years“- организација за ран детски развој од Северна Ирска.
Обуката беше означена како многу успешна од страна на учесниците, а за времетраење на истата беа поставувани прашања во врска со целиот процес, начинот на употреба на персонализирани кукли, емоциите и другите алатки.
Работилница за лобирање и застапување- 23 ноември 2015, Куманово
На 23.11.2015, беше одржана работилница за застапување и лобирање во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово, на која присуствуваа родители, воспитувачи и други вработени во градинката и претставници од општината. На работилницата преку кратка презентација беше објаснета суштината на застапувањето и лобирањето, дефинирањето на чекорите за постигнување на целта, релевантните засегнати страни и идните активности кои што треба да бидат преземени. Целта на оваа работилница беше да се определи соодветната тема, која што би била корисна за идна анализа, и што ќе биде предмет за застапување и лобирање.
Работилници за акциско истражување и мониторирање, 24-ти и 26ти ноември 2015, Скопје
На 24ти и 26ти ноември 2015, се одржаа работилници за акциско истражување и мониторирање во градинката „Детска Радост“ во Скопје. Овие работилници беа посетени од воспитувачи од градинките, претставници од партнерските невладини организации, директорот на градинката и претставници од општина Гази Баба. Главната цел на овие работилници беше да се зајакнат вештините и да се продлабочат знаењата во врска со акциското истражување, како значаен и адекватен пристап кој може да се користи во раниот детски развој, како и да се сподели искуство во врска со неговите предности и недостатоци.
Внатрешен мониторинг и евалуација, 01-02 декември 2015, Скопје
На 1-ви и 2-ри декември 2015, беше одржана Евалуација на проектот од страна на Регионалниот координатор за мониторинг и евалуација, Ингрид Џонс (Ingrid Jones). За време траење на дводневната евалуација, Г-ѓа Џонс имаше можност да дискутира за ПРЕЦЕДЕ програмата со претставници од градинките вклучени во Прецеде, претставници на граѓанските организации, како и тимот на Меѓаши за ПРЕЦЕДЕ.
Работилница за лобирање и застапување- 13.12.2015 во Берово
Работилница за лобирање и застапување беше одржана на 13-ти декември во Берово. Темата на оваа работилница беше лобирање и застапување за прифаќање на разликите и градење на мир со фокус на медиумите и начинот на комуницирање со медиумите како алатка за застапување во раниот детски развој и образовни реформи. Работилницата беше означена како многу успешна од учесниците и тие ја разбраа важноста за лобирањето и застапувањето за влијание на програмите за едукацијата во раното детство посветена на почитување на разликите, толеранцијата и креирањето на позитивен емоционален став кон оние кои што се поразлични по било која основа. Учесниците прашуваа прашања во врска со целиот процес, начинот на кој што можат да се користат овие алатки за застапување, итн.
Работилница за одговорно родителство, 14 декември 2015, Берово
За времетраење на состанокот на ПРЕЦЕДЕ мрежата, беше спроведена работилница за одговорно родителство од страна на професорката Лена Дамовска. Таа ја објасни улогата на родителите во воспитувањето на децата и важноста за одговорно и позитивно родителство. Таа исто така нагласи дека на родителите им е потребна поддршка и едукација за зајакнување на вештините за родителство.
Работилница за акциско истражување и мониторирање, 15ти и 16ти декември 2015, Берово
На средбата во Берово, меѓу другите работилници беше одржана и работилница за акциско истажување. Целта на оваа обука беше да се охрабрат учесниците и оние кои што директно работат со деца да ја разберат практичноста на акциското истражување. Другата цел беше да се мотивираат воспитувачите да го користат овој тип на истражување со цел да ги подобрат нивните професионални капацитети. За времетраење на обуката, на учесниците им беше претставен процесот за документирање на податоците, како и важноста на документацијата за активностите и акциите кои што беа одржани за времетраењето на истражувањето.
Работилница за вклученоста на родителите во акциското истражување во градинката „Детска Радост“ – Гази Баба на тема „Родителска вклученост во програмите за ран детски развој во сферата на толеранцијата и почитувањето на разликите“
На 25-ти април 2016, беше оддржана работилница со наслов „Родителска вклученост во програмите за ран детски развој во сферата на толеранцијата и почитувањето на разликите“ во Скопје, во просториите на градинката „Детска Радост“. На работилницата присуствуваа неколку родители чии што деца се дел од градинката, воспитувачите од градинката и претставници од општината Гази Баба. Главната цел на оваа работилница беше да се потенцира важната улога на родителското вклучување во програмите за ран детски развој. Целта на оваа работилница беше да се дискутира во врска со начините на кои што родителите би можеле да се вклучат во развојот на програмите за рано детско образование и важноста на почитувањето на разликите во овој концепт. За времетраење на работилницата, ние исто така бевме фокусирани на одговорното родителство и почитувањето на разликите како еден од аспектите на одговорно родителство. Оваа работилница е дел од серијата на работилници кои што се ко-финансирани од општината Гази Баба, во рамките на ПРЕЦЕДЕ проектот.
Обука за воспитувачите од градинките кои се вклучени во ПРЕЦЕДЕ програмата за подготвување на Национален прирачник за почитување на разликите, Берово (27-29.06.2016)
Од 27 до 29 јуни 2016, во Берово, беше оддржана обука за воспитувачите за подготвување на Национален прирачник за почитување на разликите. На оваа обука присуствуваа воспитувачи од 11 градинки од Македонија кои што беа вклучени во ПРЕЦЕДЕ програмата. Оваа обука беше продолжение на предходната обука која што беше оддржана во предходниот период од имплементација на проектот. Обуката беше базирана на резултатите од пилотирањето на „Регионалниот прирачник за интегрирана програма за почитување на разликите“ кој што беше спроведуван во 11 градинки од Македонија. Главната цел на оваа обука беше да се разгледаат наодите од тестирањето на прирачникот, како и да се се споделат искуства во врска со предностите и недостатоците. На вториот ден од обуката, учесниците ги презентираа нивните активности кои што беа предложени да бидат дел од Националниот прирачник. Тие исто така ги објаснија нивните методологии, користените техники, и го споделија нивното лично исктуство за процесот. Третиот ден од обуката, координаторот на проектот ги сподели плановите за следните активности, а воедно имаше и дискусија во врска со одржливоста на проектот по неговото завршување. На самиот крај од обуката, учесниците го споделија нивното генерално задоволство од обуката, кое што го објаснија во поднесените листови за евалуација.
Фокус групи за Интерен Мониторинг и Евалуација, 31 август и 1 септември 2016, Скопје
На 31 август и 1 септември 2016, беа одржани две фокус групи во просториите на Детската Амбасада Меѓаши како дел од Интерниот мониторинг и евалуација на проектот. Фокус групите беа спроведени според насоките дадени од експертот за мониторинг и евалуација. Целта на оваа евалуација, е да ги согледа резултатите, научените лекции, влијанието и одржливоста на резултатите за корисниците на проектот.
Лабораторија за Акциско Истражување; Работилница за Мониторинг и Евалуација, 17 и 18 октомври 2016, Скопје
На 17 и 18 октомври 2016, во хотелот Томче Софка во Скопје, беше оддржана работилница на тема „Работилница за лаборатории за акциско истражување; Мониторирање, евалуација и нивна практична имплементација“. На работилницата присуствуваа членови на мрежата, главно тие кои што имаат подготвено акциони истражувања. Со тоа што обуката беше посветена на акциското истражување и мониторирање и евалауција, беше одлучено поголем фокус да се стави на конкретни случаи и истражувања спроведени во рамките на Прецеде програмата.
Работилницата беше подлена во два дена. Првиот ден се однесуваше на тоа како да се користи акционото истражување во секојдневната работа како во градинките така и во граѓанските организации. Во рамките на проектот беа изработени неколку акциони истражувања и тоа: градинката „Ангел Шајче“ од Куманово, направи акциско истражување насловено како „Развој на детскиот говор“; граѓанската организација „Отворете ги прозорците“ направи акциско истражување насловено како „Процесот на инклузија во предучилишните установи во општина Карпош“, градинката „Астибо“ од Штип – „Персонализираните кукли во мојата градинка“ и градинката „Детска Радост“ од Гази Баба, Скопје, „Култура на мир“. По презентацијата, имаше групна дискусија во врска со можностите да се употреби акциско истражување во секојдневната работа и како овие типови на истражување придонесуваат кон градење на мирот и почитување на разликите.
Вторит ден од работилницата беше повеќе посветен на процесот за мониторирање и евалуација, алатки за мониторирање, избор на соодветни методи за мониторирање, важноста за мониторирањето и евалуацијата. На оваа работилница, учесниците имаа можност да ги разгледаат прирачниците „Прирачник за акциско истражување за почитување на разликите и градење на мир“, „Националните мрежи како координирани центри за мониторинг“ и „Работните групи како лабораторија за акциско истражување“.
Обука за менаџмент на квалитет во граѓанските организации, одржан во Скопје од 25 до 26 октомври 2016
На 25 и 26 октомври во хотел Порта, Скопје, беше одржана обука за менаџмент на квалитет во граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од граѓански организации, а беа поканети и директори од две градинки вклучени во Прецеде активностите со цел да се запознаат со ИСО 9001 стандардот за менаџмент на квалитет и да ги разгледаат потребите на градинката од воведување ва вакви стандарди во нивната работа. Обуката беше поделена на неколку сесии со цел да се покријат повеќето организациски потреби. Првата сесија беше посветена на можностите и потребите на воведувањето на меѓународни стандарди за квалитетно менаџирање во работата на граѓанските организации. Втората беше во врска со предностите кои ги носат овие стандарди во работата на организациите, и третата беше во врска со минималните услови за обезбедување на квалитет во работата на граѓанските организации. Вториот ден беше посветен на основните точки на ИСО 9001 кои што значат квалитетна политика, одговорно менаџерство и лидерство, планирање и обезбедување на ресурси; мерки, анализирање и подобрување на услугите, проверка на квалитетот на системот за менаџмент. Главниот фокус беше поставен на организациските потреби како што се организациска структура, сратешко планирање во организацијата, менаџирањето на човечките ресурси и други елементи идентификувани како потреба за организацијата. Одделна сесија беше посветена на новата верзија на ИСО 9001:2015 и размислувањето базирано на ризици и менаџментот на ризици. Беше разгледана и СТЕМ алатката за само евалуација на граѓанските организации. Учесниците беа заинтересирани за темата и изразија задоволство во врска со СТЕМ - алатката за само-евалуација на граѓанските организации која што беше развиена во Прецеде проектот. Претставниците на градинките исто така беа многу заинтересирани и започнаа да размислуваат за воспоставување на дополнителни стандарди во нивната работа.
Состанок на ПРЕЦЕДЕ мрежата и Семинар за градење на мир и почитување на разликите, одржани од 30 октомври до 2 ноември 2016 во Берово
Состанокот на ПРЕЦЕДЕ мрежата и семинарот за градење на мир и почитување на разликите се одржа од 30 октомври до 2 ноември во Берово, во просториите на хотелот Аурора. На овој состанок присуствуваа воспитувачи од градинки вклучени во ПРЕЦЕДЕ програмата, директори на градинки, претставници од партнерските невладини организации, претставници од општините Гази Баба, Штип и Куманово и претставници од надлежните државни институции како Министерството за труд и социјална политика и Бирото за развој на образованието. Темите на оваа средба беа постигнатите резултати од ПРЕЦЕДЕ проектот; пречките за времето на имплементацијата на активностите и начинот на кој што се надминати; обезбедување оддржливост на националната ПРЕЦЕДЕ мрежа по завршување на проектот како и одржливоста на самата програма. Посебен фокус беше ставен на другите можни извори за финансирање на оваа програма како локални власти, социјално одговорните компании итн. Учесниците го споделија нивното мислење и предлози преку групна работа и пленарни презентации. Главниот заклучок беше дека програмата е многу корисна за македонското општество и дека истата би требало да продолжи со имплементација како што беше предложено да се продолжи програмата и вклученоста на повеќе градинки во неа.
Повеќето од учесниците има одредена улога на оваа средба така што беа вклучени како фацилитатори/модератори на некои од сесиите, а некои од нив водеа дел од активностите кои беа спроведувани. Средбата беше поделена во неколку сесии кои што беа посветени на различни апсекти на функционирањето на мрежата.
За време на средбата на Прецеде мрежата беа оддржани неколку сесии со различни теми: - Форми на одржливост на програмата и мрежата; - Прецеде Манифест и Стратегија за лобирање и застапување; важноста на медиумите во имплементација на кампањите за градење на мир; - Менаџирање со ризици со цел да се обезбеди поголем квалитет во работата на градинките и граѓанските организации; - Акциско истражување како моќен начин за подобрување на детскиот развој; Мониторирање во предучилишните установи; - Мирот како човеково право- Градење на култура на мир и ненасилство помеѓу малите деца.
Работилница за ПРЕЦЕДЕ Манифестот и Стратегија за Лобирање и Застапување; Важноста на медиумите во имплементација на кампањата за мировно образование; на семинарот на Прецеде мрежата; оддржан во Берово, од 30 октомври до 2 ноември 2016
Работлница посветена на Стратегиите за лобирање и застапвуање и за важноста на медиумите во кампањите за градење на мирот беше оддржана на семинарот на Прецеде мрежата што се одвиваше од 30ти октомври до 2 ноември 2016 во хотелот Аурора, Берово. Помеѓу другите теми на семинарот, една сесија беше псоветена за лобирањето и застапувањето, а фокусот беше ставен на важноста на медиумите во кампањите за мировно образование.
Работилница за ИСО 9001:2015 на семинарот на Прецеде мрежата; оддржан во Берово, од 30 октомври до 2 ноември 2016
Една работилница посветена на ИСО 9001 беше одржана за времетраење на семинарот на Прецеде мрежата од 30 октомври до 2 ноември 2016, во хотел Аурора, Берово. На семинарот присуствуваа преставници од градинки (директори и воспитувачи), граѓански организации, преставници од Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образование, новинари и претставници од три општини во Македонија. Помеѓу останатите теми на семинарот, исто така одржавме една работилница посветена на ИСО 9001 именувана како „Обезбедување подобрувањето на квалитетот со менаџирање на ризици“. За времетраење на работилницата, беше потенцирана важноста на управувањето со ризици во работата, особено кога е поврзана со деца. Темата беше многу добро прифатена од учесниците на семинарот и тие станаа повеќе заинтересирани во врска со можностите на воведување на дополнителни стандарди за менаџмент на квалитет во нивните организации.