Почетна » СОС телефон » А, што ќе кажеш за ова?


НОВ БЛОГ НА МЕЃАШИ: А, ШТО ЌЕ КАЖЕШ ЗА ОВА?

СОС телефонот за деца и младинци при Меѓаши во соработка со своите волонтери, меѓу кои и млади средношколци и студенти, со голем ентузијазам и желба да допреме до што поголем број млади, започнува ново возбудливо патување!

Ги отвораме нашите страници за нашата главна публика или, како ние велиме - целна група, а тоа се младите. Ние сакаме да го слушнеме вашиот глас за се‘ она што сте постигнале, ве прави горди, среќни, што ви е предизвик, што ве мачи, ви тежи, ве нервира или ве прави несигурни. Сакаме да ги слушнеме вашите размислувања, грижи, прашања, дилеми, се она што ве притиска и измачува.

Од денес почнуваме со редовна рубрика „А, што ќе кажеш за ова?“ во која ќе објавуваме блогови напишани од нашите волонтерки на теми важни и за нив, а веруваме и за сите блиски на нивната возраст. Со овие блогови сакаме да ве поттикнеме да разговарате на теми кои се важни за вас, да поставувате прашања, да си го кажете вашето мислење или да споделите ваши искуства на теми поврзани со правата на децата, со грижите што често ги имаат младите, со сега актуелните прашања поврзани со пандемијата со корона вирусот... со се‘ што ви се чини важно.

Ни значи вашето мислење за она што ние имаме да го кажеме преку блоговите. Прочитајте ги и кажете ни што мислите, дали некој став лично ве допира, ве потсетува на нешто што сте виделе или почувствувале. Доколку имате потреба од разговор со нашите советнички од СОС телефонот, секогаш може да ни пишете во инбокс. Можете и да се јавите на дежурниот број 02 2465 316.

Ние ќе блогираме – Вие коментирајте! Следете не и пишувајте ни или јавувајте ни се! Што ќе кажете за ова? 



 

СТРАВУВАМ...

Додека бев мала, еден од моите најголеми стравови ми беше мракот. Не можев да заспијам навечер доколку не ми беше вклучено светлото во собата. Денес, на 21 година веќе не се плашам од мракот. Но, затоа тој страв го заменија други, поголеми и пореални стравови.

Еден од поголемите стравови ми е што ќе правам по завршувањето на факултетот. Како ќе најдам работа? Дали ќе успеам во наоѓање на работата која би сакала да ја работам? До завршување на факултетот ме делат уште неколку испити, мојата струка е правник, за да работам во мојата струка треба да запишам мастер студии брзо, ако не и веднаш по завршувањето на додипломските студии. Потоа, треба да стажирам во адвокатска канцеларија и после некоја година да полагам правосуден за да конечно можам да работам самостојно како адвокат.

Колку години треба да поминат ...



Стравовите понекогаш не туркаат кон целта, треба да се соочиме со нив

 

Без разлика дали иднината е долг или краток временски период за нас, сите гледаме кон неа на различен начин. За нас средношколците кои доаѓаме на крајот на едно поглавје, и треба да се одлучиме помеѓу доста одлуки, стравувањата за избирање на погрешна одлука се доста големи. Иако сметам дека веќе на осумнаесет годишна возраст сме доволно созреани самите да носиме одлуки, сепак притисокот кој може да си го правиме самите, или родителите, професорите, било кој, многу влијае и ги зголемува стравувањата кај нас. Од тоа што јас го имам забележано кај нас младите, стравувањата кои ги имаме за во иднина се доста слични, ако не дури идентични.

Јас сум ученик на четврта година, на крајот на едно поглавје, но на почетокот на друго, и тоа за време на една голема пандемија. Моите стравувања за иднината отсекогаш биле доста големи, а сега можам да кажам дека со пандемијава се уште поголеми.  Првото стравување, кое мислам дека е доста често, е избирањето на факултет. Со ова стравување доаѓаат уште многу прашања: „Дали да останам во оваа држава?“, „Дали ќе можам да најдам работа со овој факултет?“, „“Дали ќе го изберам погрешниот факултет?“ и многу други. Личности кои имаат анксиозност како мене, би ме разбрале многу добро за чувствата и притисокот кои доаѓаат со самата помисла за правење на толку голема одлука, а не пак самото донесување на таа одлука.

Во овој момент размислувам  дали ќе можам да опстојам сама во друга држава...