Почетна » Информатори и публикации » Публикации » Кон заштита и промоција на детските права


Првата детска амбасада на светот Меѓаши од Македонија (ПДАС Меѓаши) работи со „визија која е посветена за поправеден свет за секое дете и го следи мотото дека сите идеали на светот се побезначајни од солзите на едно дете.“ 

Користењето и примената на овие политики за заштита на децата се начини на кој ПДАС Меѓаши потврдува и дава сигурност дека се во согласност со меѓународните документи, норми и стандарди кои се однесуваат на заштита и унапредување на правата на детето, притоа следејќи ги позитивните законските регулативи и нормативно-правните документи, концепции, кои се однесуваат на воспитно – образовниот систем во нашата држава.

Материјалот е структуриран во 4 елементи/поглавја, усогласен е со меѓународните документи, инструменти и стандарди за заштита на децата и нивните права, пилотиран е во неколку основни училишта и е во согласност со Законот за основно образование, „Службен весник на РСМ“, бр. 161 од 5. 8. 2019, чл. 5 и чл. 66.

Во делот на превенција можат да се од корист понудените, веќе изготвените алатки, инструменти, процедури, индикаторите на видовите насилства, злоупотреба, занемарување, особено затоа што во нивната изработка биле вклучени повеќе релевантни институции, согласно со меѓународните документи, а се пилотирани/тестирани во неколку основни училишта. 

Освен за превенција, понудените содржини во Брошурата можат многу да помогнат во развивање на концепциски документи, подзаконски акти, развивање превентивни програми, бидејќи дефинираат видови насилства, злоупотреба, занемарување, даваат насоки како се работи на позитивна дисциплина во училиштата, позитивна родителска дисциплина, соработка со родителите и слично.

PDF...



Публикации