Почетна » Права на детето » Ранливи групи деца во Македонија


РАНЛИВИ ГРУПИ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА


Меѓународната евиденција за бројот на случаеви на заштитени деца, всушност покажува дека ранливите деца (особено сиромашните и/или маргинализираните деца кои потекнуваат најчесто од етнички малцинства и/или домакинства со лимитирани ресурси) се повеке изложени на ризик од можноста да бидат недоволно згрижени, дискриминирани, злоупотребувани или експлоатирани од страна на лугето. Сиромашните и маргинализираните деца, исто спагаат во ризичните групи бидејки тие најчесто се жртви на сексуална експлоатација и злоупотреба, тргувани и/или вработени во несигурни или експолатативни средини. Постојат механизми за поддршка на ранливите групи на деца но тие не се континуирано поддржани од страна на државата, не им се познати на децата и тие незнаат каде би требало да се обратат доколку им биде потребна помош или некој со кој ке зборуваат или ги застапуваат за тоа.

 Во периодот од 4 Јули до 31 Јануари 2012 година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги имплементираше активностите од проектот “Reaching out vunerable children in Macedonia ” подржан од страна на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка презентирана од Канцеларијата за соработка во Скопје.

Главната цел на проектот е да се придонесе во подобрувањето на животот на ранливата група на деца преку обезбедување на социјална, психолошка и правна подржка.

 2. Ситуацијата поврзана со правата на ранливата група на деца

 Тешко е да се каже дека ситуацијата на нашата главна целна група беше подобрена во последниве 7 месеци. Зависи од тоа како гледаме на работите. Ако на пример започнеме од легислативата, институциите, промените на законите, конвенциите, тогаш, логично би било да кажеме да, има подобрување во почитувањето на правата на децата.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши сеуште е многу загрижена дека сите овие промени во законите се всушност многу слабо имплементирани на начинот на кои што би требало тие да бидат,или е посакувано да бидат.

Воочивме проблеми на имплементација посебно во законот за основно и средно образование, кои се всушност многу важни за инволвираноста на ранливата група на деца во образовниот систем. Тоа се случува од неколку причини, на пример некои од промените во законите беа направени без предходна консултација за условите за нивна имплементација, што вообичаено недостиг на подржка од страна на лугето, а и техничка поддржка од страна на државните институции кои би требало овие закони да ги имплементираат и во пракса. Македонија може да направи многу повеке за своите деца! Потребно е да се обрне поголемо внимание на децата и стратешко делување за решавање на горчливите прашања кои неможат да се решат преку нок, но ако им пријдеме на проблемите детално, секако ке има влијание и резултати.

Кршењето на правата на децата си има свој континуитет и има различни форми и карактер. Македонија има 5-6% од вкупниот број на деца кои не одат во училиште, 2000 деца на улица, само 9-15%(зависно од општината во која живеат) од децата се вклучени во предшколско образование, што е всушност многу важно за овие деца кои припагаат на ранливата група.

Навистина се надеваме дека овој проект успеа да ја подобри ситуацијата на ранливата група на деца, помагајки им на различни начини: застапување и лобирање, едукација, директни служби, СОС линии за деца и млади, бесплатна правна служба, советување и  Дневен Центар за децата кои не одат на училиште...

 Резултати/Поголеми достигнувања во извештајниот период
 
 Со имплементацијата на овој проект, беа остварени следниве резултати:

Беа регрутирани 9 волонтери( психолози, педагози, социјални работници) да работат на СОС линијата за помош. Услугите беа обезбедени на секои 12 часа.

Годишниот извештај за работата на СОС линијата за помош од периодот Јануари-Декември 2011 е подготвен и презентиран на прес-конференцијата одржана во Февруари 2012 година.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши, преку медиумите реагираше за монструозните случаеви на педофилија и силувања во Скопје. Детската амбасада Меѓаши посојано се бори против педофилијата, барајки највисоки казни за педофилите, како и собирање на податоци за оние кои силувале или злоупотребувале деца. Нашата организација е длабоко загрижена дека овие податоци се претежно пријавувани од страна на маргинализираните и рурални околини, што и не значи дека не се присутни и во урбаните средини.

Државната комисија за правата на децата на Република Македониа препорачува до Министерството за Труд и Социјална политика, во рамките на своите можности да обезбеди континуирано функционирање на СОС линијата за помош на деца и млади како шест цифрениот Европски број 116111,кој што е достапен од сите мрежи на Македонија.

Child Helpline International испрати писма за подржка до Претседателот на Република Македонија, Премиерот на Владата на РМ, Генералниот секретаријат на Владата на РМ, Министерството за труд и социајна политика, Агенцијата за електронска комуникација да се нагласи важноста на хармонизацијата на СОС линиите со европскиот број 116111, и да обезбеди 24 часовна бесплатна работа на услугата.

Регрутиравме 9 волонтери (психолози,педагози и социјални работници) да работат во Дневниот Центар кој работи 5 часа секој ден.

 Претставниците од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во текот на Ноември, Декември и Јануари, одржаа презентации/работилници во 20 општини на РМ(Битола,Гостивар,Маврово и Ростуша, Врапчиште,Дебар, Тетово,Струмица,Охрид,Кавадарци,Прилеп,Велес,Штип,Центар,Ѓорче Петров,Чаир,Лозово,Куманово,Карпош и Чашка.) за да се определи полето на проблемите и потребите на ранливата група на деца. Во секоја општина разговаравме со преставниците на локалната власт, исто како и со професионалниот персонал : социјални работници, педагози, псхихолози, едукатори, образовни инспектори, трудови инспектори, и полицајци за малолетничка деликвенција, директори на училишта итн. Бидејки целната група се ранливите деца во секоја општина беше дискутирано на следниве прашања:

-Број на нерегистрирани деца во општината

- Деца кои питачат

-Број на згрижувачки семејства

-Вклученост на децата во образовниот процес

-Не/Постоење на класови за деца со специјални потреби

-Центри за деца зависници

-Проблеми со експлоатација на трудот на децата

 269 лидери на локалната заедница се мобилизирани за посветување на поголемо внимание на ранливите групи на деца во нивните заедници.

За да одговориме на потребите на ранливите деца, во однос на грижа и заштита, им понудивме помош со психо-социјална и правна помош.
 
Еден од најважните алатки за поддршка на ранливите групи на деца е СОС линијата за помош и советување 0800 12222 и бесплатната правна помош.

СОС линијата за деца и млади функционира скоро 19 години (од Октомври 1993) и има регистрирано 18 250 повици. Таа преставува сервис за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните фамилии.
 
Во агендата на 16-тата Сесија на Националната Комисија на Правата на децата, одржана на 1 Декември 2011, беше вклучена и информацијата од Првата Детска амбасада во светот Меѓаши за препораките од УН Комитет на Правата на децата од Женева за бесплатна 24 часовна СОС линија за помош на деца и млади. Извршниот Директор и Основач на Детската Амбасада Меѓаши,  Драги Змијанац ја презентираше препораката од Комитетот пред Националната Комисија, и посочи на важноста на хармонизација на СОС линијата за помош со бројот 116111, како пишаната поддршка на оваа иницијатива од CHI. Заклучокот на Националната Комисија, во врска со овој проблем е: “Националната Комисија за правата на децата во Република Македонија му препорачува на Министерството за Труд и Социјална политика во рамките на своите можности да обезбеди континуирана работа на безплатната СОС линија за помош на деца и млади, како и 6 цифрениот Европски број 116111.”
 
Хармонизација на  СОС телефонот за деца и млади

 -Претставниците на Првата Детска Амбасада во светот Меѓаши присуствуваа на Регионалната Конференција за професионалци и волонтери, и работеа на линијата за помош на Црна Гора. На Конференцијата ја презентираа работата и постигнатите резултати на СОС линијата за помош и безплатната правна помош. Исто така си размениа искуства и идеи со другите провајдери на линии на помош од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговине, Хрватска и Словенија.

 -Писмо за поддршка беше пратено до сите членови на Child Helpline International CHI, да ја поддржат Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши во процесон на хармонизација на СОС линијата со Европскиот број 116111, и обезбедување на 24 часовна бесплатна служба. Процесот е подржан и од  UNICEF и CHI.

Претсавниците на 4 членови на CHI пратија писмо за поддршка на Првата Детска Амбасад во светот Меѓаши до Претседателот на РМ, Премиерот на владата на РМ, Генералниот Секретаријат на Владата на РМ, Министерството за Труд и Социјална Политика и до Агенцијата за Електронски Комуникации.

 -Драги Змијанац, Извршниот Директор и Основачот на Првата Детска Амбасада во светот Меѓаши, присуствуваше на IV Регионална Консултација за Линијата за помош на деца во Атина, Грција. За време на Конференцијата членовите на CHI од регионот, дискутираа за конкретната работа на линиите за помош и за идните планови и можности на кооперацијата со цел да се подобри работата и линиите за помош да ги направат подостапни за целните групи.
 
-Првата Детска Амбасада во светот Меѓаши заедно со SEEC (South Eastern Europe Centre for Missing and Exploited Children) менаџирани од страна на Грчка Невладина Организација “The Smile od the Child” имаа состанок на кој се дискутираше за можностите на имплементацијата на бројот 116000 за линијата за помош за исчезнати деца во РМ, како и за можностите за создавање на Македонски Национален Центар за Исчезнати и Експлоатирани Деца. За време на состанокот исто така беа разменети и корисни искуства со претставниците на невладината организација “Open Gate-La Strada” и беше дискутирано за можна соработка.

 Генерално гледиште за цел 2

Преку работата со овие деца повеќето цели се постигнати, а децата се дружат, се стекнаа со хигиенски навики, стекнаа навики на учење, почитување на возрасни и др. Преку активностите, постојат подобрувања во наставата на децата за нивните основни права и одговорност. Она што беше чекор напред е во тоа што имаше директен контакт со овие семејства, нивните услови за живеење и преку обука во општините успеавме да ја подигнеме јавната свест за состојбата на оваа маргинализирана група на деца. Моментално,главниот  проблем е тоа што одкако децата Дневниот центар тие се оставени на родителите кои не посветуваат доволно внимание и не ги едуцираат. Причината за ова е тешката финансиска и социјална состојба на овие семејства и отсуството на строг мониторинг за одговорно родителство од страна на Центарот за социјална работа. Во Македонија 2 од дневните центри функционираат во рамките на граѓанските организации и нивното постоење е во прашање.
 
Она на што ние треба да посветиме повеќе внимание е директната работа со родителите преку средби, кои ќе бараат алтернативни решенија за оваа тешка ситуација на овие деца и семејства.

 Генерално гледиште за цел 3

Да се поврзат и зајакнат локалните власти во решавањето на прашањата во врска со ранливите деца во нивните општини и да се промовира заштита и застапување за деца со потреби
 
Правата на децата и правата на ранливите групи на деца не се на врвот на политичките партии и на агендата на општините
 
Подготовка на критериуми за вклучување на општините во проектот дистрибуција на повик и контакт со општините

Со цел да се зајакне соработката меѓу општините и центрите за социјална работа, училиштата, невладините организации во нивните територии Првата детска амбасада во светот Меѓаши спроведе неколку активности со општинските лидери во областа на заштитата на децата. Во активностите учествуваа 20 општини избрани од страна на следниве критериуми.
 
Критериумите вклучуваат дека општините беа вклучени во проектот кој Првата детска амбасада во светот веќе го реализираше како што е Меѓународниот кампања за Едукација "Глобална недела на акција" наменета за подигање на свеста за потребата за вклучување на сите деца во задолжителниот процес на образование во целиот свет, како и проектот "Градење култура на детско учество", преку кои децата учествуваа во процесот на следење на имплементацијата на нивните права и изготвија својот извештај за состојбата на децата во Република Македонија што ги презентираше до Комитетот за правата на детето во Женева. Покрај тоа, ние веруваме дека е важно да општините во рамките на нивните програми за работа имаат усвоено акциони планови за заштита на правата на децата и заедници и во иднина да планираат и да развијат и имплементираат локални планови за учество во проектот.
 
Според критериумите, 20 општини беа избрани да учествуваат во тридневниот курс за обука. Секоја општина имаше делегат,т.е еден претставник кој ќе учествува во обуката и следните активности.
 
На почетокот на обуката учесниците беа запознаени со правата на децата, облиците на нивната повреда, и одговорностите на институциите за нивна заштита. Исто така, учесниците имаа работилници за правата на децата, така што тие можеа да практикуваат различни начини на заштита, и можеа да ги споделат своите искуства за справување со различни случаи. Во текот на обуката беше разговарано за најлошите форми на злоупотреба на трудот на детето и улогата на општините во намалување на злоупотребата на трудот на детето. На крај, претставниците подготвија акциони планови за спроведување на презентација / работилница за клучните претставници на локалната самоуправа за проблемите на децата, што ќе им помогне да ги идентификуваат и третираат главните проблеми на ранливите деца во општината.

 Презентации / работилници со клучните претставници на локалните власти за проблемите на децата, редовни состаноци со општините
 
Од секоја презентација / работилница е подготвен извештај со детално објаснување на ситуацијата на ранливите деца во општината.

Од анализата на информациите добиени од општините се добиени следниве заклучоци:

- Проблемот за нерегистрирани деца е многу сериозен и предизвикува повреда на многу други права на децата. Општините би требало да превземат некои мерки и да се зголеми соработката меѓу институциите со цел да се надмине проблемот.
 
- Проблемот со децата питачи е присутен во многу општини. Иако се прават некои напори за да им помогне Важно е да се продолжи со тоа, бидејќи тие се присутни на улиците многу често.
 
- Општините нагласија потребата од постоење на центри за рехабилитација на деца зависници од алкохол и дрога. Некои од нив отворија вакви центри, но треба поддршка од државата да продолжат со работа.
 
- Што се однесува на вклучувањето на децата во образовниот систем, повеќето општини се согласија на неколку услови кои се важни за зголемување на бројот на деца кои одат на училиште. Сите директори на училиштата треба да имаат социјален работник кој ќе биде врска меѓу децата, родителите, и институциите. Исто така, предучилишното образование е од суштинско значење за ранливите групи на деца, со цел да ги спречи децата да одат на улиците и да го започнат образованието во раното детство. Во однос на соодветни парични надоместоци, претставниците од општините сметаат дека треба да се предвидени и за учениците од основното образование и, со цел да ги мотивира да постигнат подобри резултати. Исто така развојот на интензивни програми ќе им помогне на децата кои пропуштиле да го започне процесот на образование на време да продолжат со студирањето. Работата со родители е исто така важен чекор за зголемување на бројот на учениците кои одат на училиште.
 
- За децата со посебни потреби според информациите од општините, важно е да постојат класови и дневни центри за нив, но, категоризацијата на децата треба да биде под строг мониторинг за да се избегне било каков вид на злоупотреба на децата. Исто така средното образование за деца со посебни потреби е проблем, бидејќи не секој град има школи за средно училиште за децат со посебни потреби.
 
- Бројот на згрижувачките семејства во Македонија е многу низок, и тие ретко се заинтересирани да земат деца со посебни потреби. На згрижувачките семејства им се потребни соодветни обуки и образование да се грижат за децата, особено на оние со посебни потреби. Исто така, им е потребна финансиска поддршка од државата да им помогне да се грижат за децата.

 - Во постапките за посвојување се потребни промени што ќе им овозможи на потенцијалните родители да..



Права на детето