Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29


Информатор бр. 29


Остра реакција и осуда за злоупотребата на децата во политички цели од страна на министерот за одбрана на Република Македонија и Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп

Најостро ја осудуваме злоупотребата на децата во политички цели при вчерашното одбележување на денот на АРМ каде децата беа вклучени во агитирање и политичка кампања за влез на Македонија во НАТО. Вчудоневидени сме што како покровител на овој настан се јавува министерот за одбрана господинот Лазар Еленовски.


Политичка злоупотреба на децата - Поднесена Претставка до Нaродниот Правобранител
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, Република Македонија упати претставка до г. Иџет Мемети, Народен правобранител поради политичка, партиска и воена злоупотреба на децата за агитирање и кампања од страна на деца (помали од 14 години) за влез на Македонија во НАТО. Организатор на кампањата беше Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп а покровител министерот за одбрана на Република Македонија г.Лазар Еленовски.

Реакција по повод давањето неточни информации од страна на Министерот за одбрана Лазар Еленовски
Министерството за одбрана на Република Македонија дава нетoчна и нецелосна информација во врска со користењето на просторот без надомест од страна на Првата детска амбасада во светот-Меѓаши и Здружението на самохрани родители “Скопје“ од Скопје

Известување од Народниот Правобранител по повод политичка злоупотреба на деца
Првата детска амбасада во светот - Меѓаши доби одговор од Народниот Правобранител на претставката за политичка злоупотреба на деца

Повик до Јавниот обвинител да побара кривична одговорност од организаторот и покровителот за злоупотребата на децата во политички цели
Првата детска амбасада во светот- Меѓаши го повикува Јавниот обвинител врз основа на Законот за јавен обвинител и Законот за кривична постапка чл. 142 да побара кривична одговорност од организаторот и покровителот на овој настан врз основа на Член 353 од Кривичниот закон, каде се вели “(1) Службено лице што со искористување на својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некакава корист, или на друг ќе му нанесе штета“. 

Листа на поддржувачи за острата реакција против политичка злоупотреба на деца
Има благодариме на досегашните 31 организации и поединци кои не поддржаа и не охрабрија во одбрана на правата на детето.

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИ ТРУД!
По повод трагичната смрт на 13-годишното дете Авни Адеми од Гостивар

Законот за Донации и Спонзорства во пракса за прв пат во Република Македонија
Соработка на Меѓаши и Генел - за секој купен Канон производ, 1 Евро за активностите на Меѓаши

Eurochild членство
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во јули оваа година се приклучи кон големото европско семејство на Eurochild.

Незаборавно двонеделно дружење со волонтери од Франција во Амбасадата Меѓаши
Во соработка со Сојузот на извидници на Македонија, во периодот од 9 до 21 јули во Детската амбасада Меѓаши гости беа пет волонтери, Клер, Мартин, Климент, Флоријан и Пуле, извидници од Франција.

Уписи во Детските работилници
Во рамките на активностите на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, како и секоја учебна година, така и оваа, 2007 / 2008, ќе се организира упис на членови во Детските Работилници.

Отворање Дневен центар за деца на улица
На 13 јули потпишавме договор за соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија во спроведувањето на проектот Социјална заштита на децата на улица кој подразбира отворање Дневен центар за деца на улица.

Посета од нашата партнерска организација Меѓународно општество за превенција на суровост кон децата (the International Society for Prevention of Cruelty to Children - ISPCC)
Во Првата детска амбасада во светот Меѓаши на дводневна посета, од 24-26 јули, беа Шивон Едвардс и Кира Риџ од нашата партнерска организација за оваа година - International Society for Prevention of Cruelty to Children од Ирска. 

Регионална пан-Европска конференција во Бугарија—Global March Against Child Labor
Oд 23-25 јули 2007 во Бугарија, се одржа Глобален Марш Против детски Труд: пан-Европска и Евро-Медитеранска Регионална Конференција.

"Заедно за транспаретност" по четврт пат
Со цел да се даде придонес кон транспарентноста на работата на граѓанските организации, група граѓански организации, 7 членки на Граѓанската Платформа на Македонија (ГПМ) и оваа година (по четврт пат) одлучија да ги објават своите годишните извештаи, вклучувајќи ги финансиските извештаи заедно со независните ревизорски мислења.

Извештај од мултикултурниот летен камп за млади за културна размена, респект и толеранција Бачки Моноштор одржан од 19.07 до 29.07.2007 год.
Мултикултурниот летен камп за млади и оваа година се одржа од 19.07 до 29.07.2007 во Бачки Моноштор, Сомбор, каде наши волонтери учествуваа веќе по трет пат.

Регионален тренинг за градење на граѓанско општество
Нашата волонтерка Катерина Коневска, учествуваше на Регионалниот Тренинг за Градење на Граѓанско општество, кој се одржа од 11-13 јули во Тирана.


Летна акција за собирање на средства во Охрид
За време на летната сезона, Детската амбасада постави штанд за продажба на нашите ракотворби во Охрид.

Нови касички за донации
Нови касички на Амбасадата Меѓаши се поставени во: хотелите- Белведере, Гранит, Инекс Горица, Климетица, Лагадин, Фламенго-Дончо, Тино, Вилата Св. Софија, во Охрид, и хотелите: Клинтон Палас, Дрим и Бисер, во Струга.

Соработка на Меѓаши со Здружението на родители на деца со аутизам
Здружението на Родители на деца со аутизам користат простории на Детската Амбасада Меѓаши од април 2007 година.

Апел за помош за Елена Васиљоска
Петнаестегодишната Васиљоска Елена, родена на 24.04.1992 година од Куманово боледува од тешка болест SLE – нефритис , мултипни мозочни удари –квадриплегија. Поради тежината на болеста, препорачано е да се лекува во странство. За тоа лекување се потребни финансии во висина од 20.000 илјади долари, а лекувањето кое требаше да започне на 07 јули оваа година, е одложено додека не се соберат потребните средства.


Бушавко бр. 29

Преземи
PDF 243 KB