Почетна » За Амбасадата » Обраќање на Извршниот директор на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши


Кога пред 20 години се оформивме за да им помагаме на децата бегалци од Босна и Херцеговина, не знаевме во што се втурнуваме со сето срце и пред какви предизвици ќе се најдеме. Се соочивме кон нив и така учевме.

Обраќање на Извршниот директор на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши

Не беше лесно да се трасира патот на новото светско детско движење во Македонија наречено Прва детска амбасада во светот - Меѓаши. Секако пионерските зафати во промоцијата на детската кауза и најдобрите интереси на децата не секогаш наидуваа на разбирање и допираа до светот на возрасните. Но, ние во Амбасадата Меѓаши втемеливме нови и поинакви вредности. Ја подигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитување на правата на детето.

 

Проговоривме јавно за многуте проблеми со кои децата се соочуваат. Децата нас не препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и застапуваме. Впрочем, тие имаат своја амбасада и свое дете амбасадор. Тука се и многуте  волонтери /грагански активисти кои со многу ентузијазам несебично и секогаш се во непосреден контакт со децата. Оваа Амбасада, прва во светот, чие седиште е во Македонија, шеговито можам да кажам дека и да не постоеше требаше да се измисли, а кога веќе постои и се докажува треба несебично да ја поддржуваме и помагаме. Во еден прирачник од УНИЦЕФ, авторот г-ѓа Сју Гилберт напиша: „Македонија е позната во однос на детските права, бидејќи тука е формирана Првата детска амбасада во светот Меѓаши”. 

 

За крај, на сите добронамерници им порачуваме дека се уште има време да се вклучат и вградат во овоја големо светско детско движење. Мозаикот на каменчиња наречен Прва детска амбасада во светот го вградија многу луѓе. Секогаш има место и простор за нови граѓански иницијативи и активности. 


И уште нешто, многу ми е драго што иако задоцнето стигаат по 18 години признанија за нашата работа. Признанија од грагански организации, грагани, амбасади, мегународни организации, од бизнис партнери и ресорни министерства со кои соработуваме. Признанија со поддршка на нашите активности преку донирање на средства во нашите касички, донирање средства преку СМС пораки, како и вклучување во нашите активности со доброволно и несебично ангажирање.

 

Има потреба за такви награди и признанија. Се додека не се изградат критериуми на потврда на вистинските вредности на посветеност на лугето во граганското организирање, посветеност за она во што се верува и вложува,  ќе мора одвреме навреме домашните и странски награди и признанија да ја потврдуваат нашата мотивираност и посветеност во изградба на поправеден свет за сите деца во светот. 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

М-р Драги Змијанац,
Извршен директор
 и основач