Услови за конкурирање за
Компании кои развиваат и реализираат промотивни кампањи
I. Општи информации
Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Меѓаши) е невладина, непартиска и непрофитна организација чија мисија е заштита на децата и нивните права.
Мандатот на Меѓаши е заштита и одбрана на детските права преку што се стреми кон остварување на својата визија за „Поправеден свет за секое дете“. Овој мандат е отелотворен во секоја активност, програма или проект што Меѓаши го спроведува, во секоја иницијатива за застапување на правата на децата и во секоја услуга што организацијата ја обезбедува.
II. Општи информации за проектот
Во последните три години Меѓаши го реализира проектот „Да ги земеме правата во наши раце“, во партнерство со Save the Children Kosovo што е финансиски поддржан од Владата на Шведска (СИДА).
Една од целите на проектот е промовирање, заштита и исполнување на правата на децата во земјата со фокус на соодветно известување за кршење на детските права. Меѓу активностите за постигнување на оваа цел е и известувањето за состојбата со детските права во земјата. Имено, Меѓаши редовно поднесува алтернативни извештаи за состојбата со правата на детето до Комитетот на ООН за правата на детето. Еден од овие извештаи е Детскиот алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Македонија, подготвен од група ученици од основно и средно образование, во рамки на проектот, во периодот јули – септември 2020 година. Извештајот се состои од седум теми (запознаеност со правата, насилство врз децата, дискриминација, слободно време, деца на улица, образование и животна средина) избрани и подготвени од самите ученици. Секоја тема содржи и препораки што учениците ги упатуваат до разните чинители. Извештајот ќе биде поднесен до Комитетот на 1. ноември 2020 година, а потоа истиот ќе биде промовиран во генералната јавност, но и меѓу надлежните власти и институции.
III. Цел
За постигнување на соодветна промоција на детскиот извештај и препораките што ги содржи, Меѓаши бара компанија што ќе може да спроведе брза проценка на потребите и можностите за промоција заедно со авторите на извештајот и тимот од Меѓаши.
Врз основа на процената, компанијата треба да изработи комуникациски план за промоциија и подготват производи во согласност со планот преку кои ќе бидат пренесени клучните пораки и препораки од детскиот извештај и ќе го спроведе истиот.
повеќе...
Услови за конкурирање за
Компании/поединци кои изведуваат проценка за потребите на менталното здравје и психо-социјална поддршка (МЗПСП) за различни целни групи и кои развиваат интервенции/обуки за градење на капацитет
I. Општи информации
Save the Children (Спасете ги децата) е водечка независна организација за деца во светот. Работи во околу 120 земји со цел да поттикне важни промени во начинот на кој се третираат децата во светот и да постигнат брзи и долгорочни промени во нивните животи.
Save the Children во Косово работи на директни интервенции и востановување позитивни практики, градење на капацитетот на граѓанското општество и локалните носители на должност за да се задоволат потребите на децата. Исто така, се застапува за легислатива и политики што ги инкорпорираат инклузивните практики и имаат соодветни финансиски механизми да поддржат системски решенија и на тој начин да се постигнат долгорочни позитивни промени за сите деца.
II. Општи информации за проектот
Проектот “Јакнење на локалните граѓански организации 2017-2021“, (“Local Civil Society Organization Strengthening 2017-2021”), кој го финансира Шведската агенција за развој на меѓународната соработка, (SIDA), има за цел да ги зајакне локалните и регионалните граѓански организации и да обезбеди заштита за децата така што ќе воспостави функционални системи за Заштита на децата и ќе поддржи системи и механизми што ќе ги застапуваат правата на децата.
III. Цел
Save the Children во Косово бара компании/поединци кои ќе можат да спроведат брза проценка на потребите за психо-социјална поддршка/ментална помош во целните групи, како на пример кај вработените во партнерските организации, родителите/старателите, заинтересираните страни и децата во периодот на пандемијата и после пандемијата со COVID-19.
Резултатите од процената ќе им помогнат на компаниите/поединците да изработат клучни активности и да направат програми за зајакнување на капацитетот на сите горенаведени целни групи за надминување на предизвиците кои се резултат на пандемијата и карантинот. Ќе бидат изработени активности за Република Северна Македонија, а предавањата ќе се одвиваат на македонски јазик.
Повеќе...