Мирот не е само отсуство на војна!

Градењето на мир опфаќа процеси и активности што водат кон создавање и одржување на општество без насилство, дискриминација, неправда. Овој релативно нов концепт, воведен дури од 1992 година во речникот на ООН, денес се смета за еден од клучните пристапи во изградбата и опоравувањето на општествата. Вклучува цела палета на активности насочени кон изградба на функционални и одговорни државни институции, владеење на правото, политичка култура, граѓанско општество, мировно образование и соочување со минатото. Овие активности можат да се практикуваат и од страна на надлежните но и од секој од нас во секојдневниот живот.
Повеќе информации за инволвираноста на првата детска амбасада Меѓаши во градењето на мир може да се најдат на следните линкови:
http://www.childrensembassy.org.mk/mirovno-obrazovanie.nspx
Програма за мировно образование
Program për Arsimim Paqësor
Program mirovnog obrazovanja
Sansarali siklojbaskiri programa
Programa ti-educatsii ti irinji
Barış eğitim programı
#ПоттикниМИР #NxitPaqe #PotakniMir #UštavipeSansari #SustsãniIrinji #BarışıTeşvikEt
#ГрадењеНаМир #NdërtimIPaqes #GrađenjeMira #SansaraloTamikeribe #AdrariIrinji #BarışıInşaEtmek






PDF
Анализа на истражувањата спроведени во 5 училишта во Скопје во рамките на проектот Мировно образование(2011 - 2012)

ПРЕДГОВОР
Гордана Пирковска Змијанац, Албулена Карага и Себастиан ШвајцерПрва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Програма за Мировно образование 2011-2013
Истражувањето кое го имате в раце има историја. Да почнеме од 2011. кога Првата детска амбасада во светот – Меѓаши започна со спроведување активности за промоција на Мировното образование, Мирот и Ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем во Република Македонија. Активностите беа овозможени благодарение на континуираната поддршка на партнерската организација KURVE Wustrow од Германија со која имаме 20 годишна соработка- како и на финансиската подршка на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.
Во период од две години беа спроведени 5 обуки за ненасилна трансформација на конфликти и мировно образование, во кои беа вклучени 12 професори/ки од три средни училишта (СУГС "Никола Карев", СГУЦ "Здравко Цветковскиi" и СМУГС "Д-р Панче Караѓозов") и 6 младинци/ки како мировни едукатори/ки. Обучените професори/ки и мировните едукатори/ки по првата обука во август/септември 2011, започнаа со оформување на мировни клубови во училиштата и со спроведување активности со кои младите се сензибилизира и активираа да заземат активна улога во ненасилна трансформација на конфликти во нивните школи и околина каде живеат и се движат.
На тренинзите и работилниците во училиштата, помеѓу другото, се обработуваа следниве теми: ненасилна комуникација, насилство и ненасилство, разбирање на конфликтите, тимска работа, идентитети, улога на родовите во општеството, креативна разработка на конфликти, соочување со минатото, училиштата и мировното образование, планови за работа на младинските клубови, и подготовка на работилници за неформално образование. Што се однесува до методологијата на работа, се држевме на итерактивниот и партиципативниот метод и тоа преку работа во мали групи, индивидуална работа, играње улоги, планирани дискусии, и теортески инпут од страна на тренерите за дадените теми.
Во рамките на проектот меѓу учениците од трите училишта беа организирани и други активности како на пр. фудбалски натпревар, Танц театар, Форум театар и дебати. Со ваков тип на креативни методи целевме да развиеме мировен активизам помеѓу учениците од различни етнички и религиозни заедници.
Овој пилот проект помогна да го насочиме вниманието на професорите/ките, мировните едукатори/ки, и учениците/ките за различните форми на насилство, дискриминацијата и неправдата и да ги охрабриме да заземат активна улога во заедницата и во нивната најблиска опшествена средина, да негуваат мир, да ја зајакнат опшествената одговорност и да го промовираат ненасилство.
Работењето на полето на градењето на мирот е повеќенасочен и повеќедимензионален процес кој бара спроведување организациски промени и во нашите организациски структури. Затоа, во рамките на овој проект започна и спроведување на процес на зајакнување на капацитетите на Детската амбасада МЕЃАШИ во кој се редефинираа плановите, приоритетите и целите, а беа дополнети програмите и активностите, насоките и стратегиите за следните 3 години.
За да добиеме појасна слика за ефектите од активностите спороведени во мировните клубови како и влијанието на другите фактори од опкружувањето, важно ни беше да го добиеме мислењето на учениците. Еве, пред нас ја имаме компаративната анализа базирана на податоците добиени од прашалниците во Ноември и Декември 2011 и 2012. Истата претставува ресурс за понатамошните активности во училиштата поврзани со градењето на Мирот и Мировното образование.
На крајот, упатуваме голема благодарност до училиштата кои беа вклучени во истражувањето: СУГС „Никола Карев“, СГГУ „Здравко Цветковски“, СУГС „Орце Николов“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и СУГС „Арсеније Јовковски“. Голема благодарност и до БРИМА Галуп и волонтерите/ките на Меѓаши за нивната помош.
повеќе...
Повик за набавка на возило за потребите на Детската амбасада МЕЃАШИ
Детската амбасада Меѓаши во рамки на проектот „Развивање програма за мировно образование“ доставува барање за спроведување на набавка на службено возило.
Возилото треба да ги исполнува следните услови:
- Тип на возило: SUV, медиум или мини SUV или сличен тип.
- Погон и агрегат: На дизел гориво или бензин или хибрид/елекричен, со минимална моќност од 120КС.
- Активна безбедност: Овозможено е ABS (Антиблокирачки систем на сопирачки) и ESP (Електронска контрола на стабилност).
- Пасивна безбедност: Опремено со воздушни перници и воздушни завеси за дополнителна заштита.
- Број на седишта: 5 (модели со 7 седишта ќе влезат во избор).
- Останати обврзни елементи: Клима уред, централно заклучување, електрични подигачи на прозорците напред и назад, темпомат и контроли на воланот.
- Дополнителна опрема: Секој вид на дополнителна опрема која придонесува за попријатно возачко искуство е добредојдена.
Понудата треба да содржи финансиска пресметка базирана на горенаведените спецификации. Ве молиме во истата Задолжително да биде назначена конечната цена со вклучен ДДВ, како и рокот на достава на возилото.
Понудите се поднесуваат исклучиво по електронски пат на следната адреса: peace@childrensembassy.org.mk
Заинтересираните субјекти можат да аплицираат на повикот најдоцна до 30.10.2024 година, до 16:00 часот. Детската амбасада МЕЃАШИ ќе ги информира избраниот понудувач, како и сите останати понудувачи за резултатите од процесот на селекција на ден 31.10.2024 година.
Доколку имате потреба од дополнителни прашања Ве молиме исконтактирајте не на горенаведениот мејл.
повеќе...