Почетна » Активности » Донации


Првата детска амбасада во светот Меѓаши по добиено барање од здравствени работници од Детската клиника и од детскиот оддел на Клиниката за психијатрија направи набавка и испорака на заштитна опрема која се состоеше од 50 заштитни маски со стандард N95 и N99, 25 оверал одела и 36 мантили. Иницијално и поради итноста на состојбата а во интерес на превенција на ширење на вирусот на децата кои се сместени во овие оддели Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi ја направи набавката од сопствени приходи во износ од 58.640 денари. Изминантите две недели работиме на пренасочување на дел од средствата од проектните активности во интерес на помош и поддршка на здравствени работници кои работат на клиники и оддели каде се сместени деца како и на социјално загрозени семејства со набавка на основни прехранбени продукти и средства за лична хигиена и хигиена на домот а посебно со средства за дезинфекција.