Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


Информатор бр. 35


ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992 - 2015
ИНФОРМАЦИЈА 
23 години од постоењето и делувањето на Првата детска aмбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија
 
 

ПРЕДЛОГ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖБАТА ЗА ДЕТСКО АМБАСАДОРСКО СТОЛЧЕ ВО ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ООН
Првата амбасада на децата на светот “Меѓаши” уште во 1992 година со нејзиното формирање во рамките на програмските задачи предлоѓи во рамките на Организацијата на Обединетите нации едно место да биде резервирано за детето амбасадор.

Реакција на се позачестените случаи на родосквернавење и сексуaлно злоставување на децата во Македонија како и несоодветен третман со децата жртви на инцест и педофилија
- Кој ги силува децата во Македонија – дали во борбата против педофилијата забораваме низ какви трауми поминуваат децата жртви? - зошто некои од децата жртви на родосквернавење ги менуваат своите изјави? - дали децата жртви се оставени на милост и немилост од страна на институциите на државата?

Татко две години си ја силувал ќерката
Скопјанецот Мухамед А. цели две години сексуално ја злоупотребувал својата 17-годишна ќерка, која живеела со него откако се развел од сопругата. Силуваното девојче повеќе не можело да ја издржи тортурата, па и се пожалило на својата мајка С.А., која случајот веднаш го пријавила в полиција.

Половина од силуваните деца жртви на родителите
Во последниве пет месеци, околу 16 деца од земјава биле жртви на сексуално злоставување, а од нив половината биле злоставувани од своите родители. Експертите наведуваат дека развојот на порноиндустријата и достапните интернет-видеоклипови, во кои тинејџерки облечени како ученички имаат сексуални односи со мажи неколку пати постари од нив, се главна причина за се почестите случаи на силување на децата во земјава.

УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА ПЕДОФИЛИЈА ВО СТРУМИЦА Цела година ја силувал 13-годишната внука
Струмичанецот Ѓ.Н. речиси цела година ја силувал својата малолетна внука, која ја намамувал во својата соба, во истата куќа во која живееле и нејзините родители. Четириесетгодишниот чичко, прв братучед на таткото на 13-годишното девојче, од средината на мај лани, па до крајот на април годинава, секојдневно или преку еден ден имал сексуални односи со девојчето.

Пораст на сексуалната злоупотреба на малолетници од родителите
Јавноста секојдневно останува вчудовидена од честите и грозоморни случаи на родосквернавење и педофилија, чијшто број се зголемува од ден на ден. Никој не остана рамнодушен по откривањето и обелоденувањето на трагичната судбина на 16 годишното девојче, кое по неколкумесечните сексуални злоупотребувања забремени од сопствениот татко, како и од страшната судбина на мајката која беше злоставувана од својот син, кој во алкохолизирана состојба ја малтретирал и сексуално ја злоупотребувал својата мајка

Обвинителството седи мадро
За случајот со двете девојчиња кои три месеци биле силувани од татко им и од негов пријател, Јавното обвинителство треба да покрене процес за кривична одговорност од Центарот за социјални работи.

НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ РАЗМРДАА ПО СИЛУВАЊЕТО НА ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ
Девојчињата препуштени во рацете на татко криминалец

НОВ СЛУЧАЈ НА РОДОСКВЕРНАВЕЊЕ ВО СКОПЈЕ
Таткото од 2007 година до мај годинава секуално ја напаствувал својата ќерка тепајќи ја по секој секуален акт за на никому да не каже ништо

Институциите затечени од случајот на силуваните сестрички
Грозоморниот случај со двете малолетни девојчиња што три месеци биле жртви на сексуалната настраност на својот татко, како да ги затече надлежните институции, па вчера неубедливо се оградува од одговорноста за инцидентот. Првата детска амбасада „Меѓаши“ вината за целиот случај ја побара во скопскиот центар за социјални работи (ЦСР) преку кој одело згрижувањето на двете девојчиња во интернатот во скопското село Љубанци.

„Меѓаши“ бара одговорност за последниот случај на родосквернавење
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ побара одговорност од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје поради последниот случај на педофилија, кога татко ги силувал своите две малолетни ќерки. „Меѓаши“ смета дека родосквернавењето не би се случило доколку Центарот не му ги доверил на скопјанецот С.С. (34) и му дал дозвола да ги гледа своите ќерки на возраст од седум и осум години, иако знаеле дека тој е зависник од алкохол и осомничен за кражби.

Двојна казна за педофилите
Максималната затворска казна за педофилите, која достигнува и до 10 години, може да биде доволен период за тие лица да се ресоцијализираат. За жал, во земјава нема доволен број на експерти кои би работеле со нив и правилно би ги насочиле, велат познавачите.

ДВА НОВИ СЛУЧАЈА НА РОДОСКВЕРНАВЕЊЕ И НА ПЕДОФИЛИЈА Уште двајца тинејџери силувани од блиски луѓе
Четириесет и деветгодишен кичевец една и пол година сексуално ја злоупотребувал својата 13-годишна ќерка. Таткото Љутви А., како што тврди полицијата, ја силувал својата малолетна ќерка во семејниот дом, ја допирал по телото, а вршел и други полови дејства.

Македонските педофили имале проблематично детство
Татко две години ја силувал својата малолетна ќерка, чичко една година сексуално ја малтретирал четиринаесетгодишната внука-ќерка на негов братучед, татко заедно со свој пријател си ги силувал двете малолетни ќерки. Ова е дел од вестите што деновиве го потврдуваат секојдневното присуство на педофилијата и на родосквернавењето во Македонија.

ИНТЕРНЕТОТ - МАГНЕТ ЗА ПЕДОФИЛИ И ЗА КРИМИНАЛЦИ И мрежите за дружење се опасни за децата
Македонските тинејџери преку разголени слики, лични податоци, јавно соопштени ставови, стануваат цел на злоупотреби од педофилите и од интернетските криминалците. Со свои профили на мрежите за дружење „фејсбук“, „хајфајв“, „мајспејс“ и слични на нив, младите често и не се свесни за опасноста што потекнува од ова интернетско задоволство, предупредуваат информатичарите.

ОБУКА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА ТЕМА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ КОГА ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО СЕ ДЕЦА
М-р Драги Змијанац преку Академијата за обука на судии и јавни обвинители одржа обуки на тема: „Застапување кога децата се жртви на сексуална злоупотреба и лобирање за построго казнување на педофилите„ и „ СТУДИЈА НА СЛУЧАИ ПРИЈАВЕНИ НА СОС ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ (0800 1 2222 – БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА) И БЕСПЛАТНАТА ПРАВНА СЛУЖБА ПРИ ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ - МЕЃАШИ – кога детет жртва ја менува изјавата и кога останува на првичната изјава со поддршка од најблиските„ .

ТРЕНИНЗИ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО СО АКЦЕНТ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА И ПЕДОФИЛИЈА
Во периодот од 26 до 28 Јуни и од 1 до 3 Јули 2009 Детската амбасада Меѓаши одржа два основни тренинзи од областа на правата на детето со посебен акцент на сексуалната злоупотреба и педофилијата.

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ „СОНУВАЈ МИРНО“
На 29 април 2009, со почеток од 21:00 часот во дискотеката Hard Rock, ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши организираат Хуманитарен концерт „Сонувај Мирно“. Концертот се организира во рамките на Кампањата за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба. На концертот ке настапуваат: Елена Петреска, Иле Спасев, Мартин Србиновски, Марјан Стојановски, Зоран Џорлев, Игор Митровиќ, Браво Бенд, Силви Бенд, Влатко Лозановски, Дани, Џемини, Мартина, Ристо Самарчиев, Дони, Боби – Beetbox, Маја Саздановска, Влатко Илиевски, Ева, Тони Зен,Јован Јованов ,Александара Пилева, Next Time, Александар Масевски, Елвир Меќич, Даниел Стојмановски, Бени Шакири, Тања Б.,Деана Николовска, Андријана Јаневска, Биба Додева Водителка на концертот ќе биде Лила Филиповска Цена на влезница за концертот изнесува 150 денари.

Собрани 310 илјади денари во Фондот за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба
Во период од три месеци, повеќе од 2000 граѓани и 60 претпријатија донираа 310.000 денари во Фондот за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба. Фондот е наменет за директна помош за жртвите на сексуална злоупореба, индивидуални психотерапии, правна помош, едукација и др.

Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот

По повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја информира јавноста за состојбата на нашиот бесплатен СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 а воедно и потсетува за значењето кое го имаат линиите за помош на деца. 



Над 17 илјади деца побарале помош во МЕЃАШИ
Над седумнаесет илјади повици за помош поврзани со злоупотребата и насилството над децата и малолетничката деликвенција биле упатени во последните 16 години до црвениот телефон на Првата детска амбасада во светот Меѓаши


Децата очајно бараат помош
За 25 отсто пораснал бројот на регистрирани телефо- нски јавувања на деца кои се пожалиле дека нивните родители сексуално и психички ги малтретирале. Од вкупно 360 јавувања во текот на една година, дури 140 биле од деца кои биле сексуално малтретирани од родителите.

Интервју
Драги Змијанац, Директор на Првата детска амбасада Меѓаши Во Македонија секојдневно има 2000 деца кои питачат на крстосниците. Тие се најчести жртви на насилство. Кога тие деца ќе се вклучат во основното образование верувам дека оваа појава ќе се намали Повеќе

Тркалезна маса „Улогата на европските парламенти во унапредувањето на правата и заштитата на децата“
Сакаме да ги потсетиме сите претеници во еврпските парламенти и како и пратениците на Собарнието на Македонија за нивната многу важна улога во унапредување на правата на децата како и да посветат максимално сметка дали во сите закони кои се усвојуваат во собранијата на предог на група пратеници, на предлог на министерства или како резулатат на граѓанска иницијатива се застапени најдобрите интереси на децата.

Градење култура на детско учество
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши на 23 Декември 2008 година, започна со спроведување на проектот „Градење култура на детско учество“, финансиран од Европската Комисија, како дел од програмата за европски инструмент за демократија и човечки права – (ЕIDHR) и кофинансиран од UNICEF.

тренинг за ГРАГАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА ТЕМА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО И МОНИТОРИНГ
Во периодот од 02 до 04 Април, 2009 година во Хотел Фени, Кавадарци се одржа првиот основен тренинг за граѓанските организации (ГО) кои ќе учествуваат во подготовка на Извештај во сенка за правата на детето на тема Правата на децата и мониторинг.

Истражување за правата на детето
Во текот на месец мај 2009 година, Детската амбасада Меѓаши, во соработка со партнерските организации од градовите Куманово (ХО Мајка), Тетово (Центар за балканска соработка – Љоја), Прилеп (Центар за граѓанска иницијатива), Кавадарци (Совет за превентива на малолетничка деликвенција), Струмица (Центар за одржлив развој – Порта) и Кичево (Женска граѓанска иницијатива Антико), подготви прашалник за истражување на состојбата на детските права во Македонија.

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА ЗА АКЦИЈА-ГЛОБАЛНА КАМАЊА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 2009
Главниот настан во Скопје по повод КАМПАЊАТА се одржа на 22 април во 12 часот на Градскиот плоштад во Скопје со МАРШ за образование.

Покана за учество на Глобалната кампања за вклучување на сите деца во образованието
Првата детска амбасада во светот Меѓаши деветта година по ред во Македонија ја организира како национален кординатор Глобалната кампања за образование. Во рамките на оваа кампања се спроведе Глобалната недела на акција 2009 која започна на 20 април и траеше до 26 април 2009 година. Мото на оваа недела на акција е ПИСМЕНОСТ ЗА СИТЕ! А главниот настан е ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ кое се случуваше во повеќето училишта во Македонија.

"Големото читање" во Куманово
Во организација на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Хуманитарното здружение „Мајка„ и децата од Куманово се вклучија во одбелжување на Глобалната недела на акција. Во 12 часот на Градскиот плоштад се одржа мирен собир на кој учество седоа деца од сите училишта и граѓаните.

Активности кои бе реализирани во Прилеп по повод Глобалната недела на акција 2009
Работната група на деца во која членуваат 11 ученици од ОУ Кочо Рацин и Гимназијата Мирче Ацев од Прилеп реализира посета на неколку основни и средни училишта во градот каде подели промотивен материјал и ги запознаваше врсниците за детските права. Исто така на децата им беа поделени и разгледници на кои тие ги пишуваа своите желби, барања, сугестии за правата за кои сметаат дека не им се остварени.

Остварени средби
На барање на Првата детска амбасада "Меѓаши", претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, г. Сафет Незири и членовите на комисијата Наташа Јаневска и Маринела Тушева, на 22 април 2009 година имаа средба со ученици од повеќе градови во државата.

Глобална кампања за едукација - Кралицата Ранија почесна претседателтка за 2009
За време на еднонеделната кампања која траеше од 20 до 26 април 2009 година беа организирани неколку настани. На 22 април во училиштата низ целиот свет се одржа ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ, кога децата посветија еден училишен час на читање на приказни и дискутираа за значајноста на образованието. Главниот настан на ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ се одржа на 22 април на Градскиот плоштад во Скопје и на јавни локации во останатите општини во Македонија.

Големата книга
Oваа година во ГОЛЕМАТА КНИГА своите приказни ги споделија: Нелсон Мандела, Кралицата Ранија од Јордан (Почесна претседателка на Глобалната кампања за образование- Неделата на акција 2009), Алис Вокер, Дакота Блу Ричардс, Пауло Коелјо, Маргариет Рурс, Ерик Валтерс, Марла Стјуард Конрад, Девли Кумар, Лена Дивани, Франк Б. Едвардс и многу други. Нивните приказни се прикачени во оваа порака.

Јавни личности поддржувачи
Секоја година Глобалната кампања за Едукација добива поддршка од голем број на индивидуалци и организации од целиот свет, во продолжение се само некои од многуте кои ја дадоа својата поддршка.

“Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” – Евалуација на кампањата Види, Слушни, Кажи.
Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши оваа година започна со третата година на реализација на проектот “Детсво без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” во соработка со Фондацијата “Ничие Деца” од Полска, финансирано од ОАК Фондацијата.

 
“Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” – Истражување
Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши оваа година започна со третата година на реализација на проектот “Детсво без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” во соработка со Фондацијата “Ничие Деца” од Полска, финансирано од ОАК Фондацијата.

Иницијатива за вклучување на децата во училиште
Дневниот центар за деца кои не одат на училиште функционира во Детската амбасада од јуни 2007. Дневниот центaр во 2007. само 6 месеци беше финансиски поддржан од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, а од 2008 досега работи со поддршка од бизнис секторот и граѓаните. 

Вип операторот донира број 077/14 34 24

ПОСЕТИ ОД ИТАЛИЈАНСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ И ITO SUPPORTING COMITY ОД ЈАПОНИЈА
Италијанскиот европаралментарец Alessandro Battilocchio и Претседателот на FIDEAS Dr. Giuliano Bartolomei во посета на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

ИНТЕРВЈУ ЗА НЕДЕЛНИКОТ КОМПЛЕТНА МАРТ 2009
Неколку збора за Детската амбасада Меѓаши, за нејзините почетоци, нејзините активности и грижа

ДОНАЦИЈА ОД ФРУКТАЛ МАК А.Д и НЕЛТ СТ ДООЕЛ
На ден 10. 06. 2009 година, фирмата НЕЛТ СТ ДООЕЛ, на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и донираше 447 килограми бисквити.

ОСНОВАН СОЈУЗОТ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА
Согледувајќи ја потребата од поефикасно дејствување во борбата против дискриминацијата, сојузот Македонија без дискриминација каде Детската амбасада Меѓаши е активна членка, по 1 годишно неформално работење одлучи да го формализира своето постоење. Основачкото собрание беше одржано на 16.06.2009 година во Скопје.

ГРАЃАНСКАТА ПЛАТФОРМА НА МАКЕДОНИЈА ГИ УСВОИ НОВИТЕ СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ
На 29.05.2009 година беше одржан состанок на Граѓанската платформа на Македонија на кој беа усвоени повеќе извештаи од работата, вклучувајќи го и спроведувањето на претходната програма како и следните стратешки цели:

Поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка Претставена од канцеларијата за соработка во Скопје
На 01 Април 2008 година, врз основа на договорот за техничка поддршка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Швајцарија потпишан на 26 Октомври 1999 година, Швајцарската агенција за развој и соработка, претставена од канцеларијата за соработка во Скопје даде институционална поддршка на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија во износ од 30.000 CHF за период од 01.04.2008 до 30.04.2009.


Бушавко бр. 35

Преземи
PDF 490 KB