Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална недела на акција 2009/2010

Глобална кампaња за образование - Една цел: Настава за сите

Првата детска амбасада во светот Меѓаши и оваа година се приклучи кон Глобалната кампања за вклучување на децата во образование. Во повеќе од 100 земји низ целиот свет, познатите светски фудбалски ѕвезди се здружија со милиони деца со цел сите да имаат можност да одат во училиште и да учат. Покрај тоа што имавме забавен настан на ова многу важно прашање, се надеваме да влеземе во историјата со постигнување на Светски рекорд за најголемиот симултан час.

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА ЗА АКЦИЈА-ГЛОБАЛНА КАМАЊА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 2009
Главниот настан во Скопје по повод КАМПАЊАТА се одржа на 22 април во 12 часот на Градскиот плоштад во Скопје со МАРШ за образование.

Глобална кампања за едукација - Кралицата Ранија почесна претседателтка за 2009
За време на еднонеделната кампања која траеше од 20 до 26 април 2009 година беа организирани неколку настани. На 22 април во училиштата низ целиот свет се одржа ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ, кога децата посветија еден училишен час на читање на приказни и дискутираа за значајноста на образованието. Главниот настан на ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ се одржа на 22 април на Градскиот плоштад во Скопје и на јавни локации во останатите општини во Македонија.

Подржувачи на глобалната кампања за едукација
Секоја година Глобалната кампања за Едукација добива поддршка од голем број на индивидуалци и организации од целиот свет, во продолжение се само некои од многуте кои ја дадоа својата поддршка.

Во организација на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Хуманитарното здружение „Мајка„ и децата од Куманово ќе се вклучат во одбелжување на глобалната недела на акцијата. Утре во 12 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи мирен собир на кој учество ќе земат децата од сите училишта и граѓаните.

Кичево, 21 април (МИА) - Во рамките на одбележувањето на Светската недела за образование на секое дете, денеска во Кичево невладината организација „Здружение на жената албанка“ организираше посета за учениците од ОУ „Санде Штерјоски“ на подрачното одделение на Министерството за образование и наука во овој град.

ПРИКАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА КНИГА - КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ
Многу сакав да бидам глумец! Уште како дете, низ маалото игравме театар, со кукли што самите ги правевме, со черги наместо завеси, со клупи наместо столици и со огромна верба во тоа што го правевме. Потоа станав член на детската радио драма при Радио Скопје и учествував во голем број радио емисии за деца..и така глумата полека стануваше дел од мојот секој дневен живот.