Почетна » За Амбасадата » Кои сме ние


КОИ СМЕ НИЕ

Првата детска амбасада во светот-Меѓаши е интернационална НВО чија цел е заштита на децата и нивните права и зајакнување на НВО движењето за детските права. Основана на 29-ти април 1992 година, Меѓаши се залага за почитување на детскта личност преку почитување на детските права, застапување на детските интереси, поврзување на децата од различни средини и ги збогатува нивните животи со активности кои го прават детството сигурно и творечко. Исто така го зајакнува и НВО движењето за заштита на детските права во Република Македонија преку развивање на волонтерскиот пристап во своето работење и се грижи за спроведувањето на Конвенцијата за Правата на Детето.

Општествените движења, институции и организации си дадоа задача да ја искоренат неправдата преку создавање на истите променни кај секое дете и обезбедувајќи сигурна, позитивна и охрабрувачка средина за децата во раното детство. Како една од водечките организации за детски права во Македонија, Првата детска амбасада во светот-Меѓаши придонесува во исполнувањето на оваа задача.

Меѓаши е првата регистрирана НВО за заштита на детските права во Република Македонија во периодот на транзицијата. Со своите активности придонесе за развивање и зајакнување на јавното мислење за детските права, го сруши молкот за страдањето на децата откривајќи во јавноста многу случаи на детска злоупотреба и директно се вклучи во поставувањето поефикасни механизми за заштита на децата.

1.1. Анализа на проблемот

Во ноември 1993 Македонија ја потпиша Конвенцијата за Правата на Детето и разви основни закони кои ги гарантираат правата на децата како што е Законот за заштита на децата. Но од осамостојувањето Македонија преживеа економски, социјални и политички превирања. Ресурсите со кои располага ја органичија Македонија во својата посветеност на детските права и благосостојба. Македонија има програма за социјална заштита за поддршка на децата, но економската криза во моментов ја оневозможи нејзината делотворност.

Иако Македонија има ниска стапка на смртност на доенчиња, сепак нееднаквиот пристап до здравството и образованието помеѓу жителите на урбаните и руралните средини претставува пречка за остварување на ниската стапка на смртност во земјите на Западна Европа. Преку 92% од децата во Македонија се имунивирани и заштитени од болести како туберколоза, полио и рубела. Децата се подготвуваат за основно училиште преку формално предучилишно образование како и преку иницјативи за рано учење во заедницата чија цел е развивање на когнитивните способности на децата.

 

Сепак, 8% од децата не се имунизирани и 10% од децата Роми никогаш не биле во училиште. Некаде околу 2% од децата не се регистрираат со раѓањето. Предучилишното образование е посетувано само од 12% од децата. Децата од руралните и сиромашни средини имаат проблеми во пристапот до основните социјални сервиси што се должи на традиционалните ставови за раните бракови на девојчињата, работната ангажираност на децата од рани години и тешката економска ситуација. Децата кои работат и просат на улиците и понатаму поставуваат предизвици за земјата со цел да работи на реализирање на детските права.

Во почетокот на 2001 година, во Македонија изби конфликт на етничка основа помеѓу етничките Македонци и етничките Албанци. Во периодот од девет месеци континуирана борба приближно 170 000 лица беа раселени. Непријателствата завршија во есента 2001 година со потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор.

Мнозинството од раселените лица сега веќе се вратени во нивните заедници. Сепак, интеретничката тензија се уште е присутна и многумина се плашат од нов долготраен конфликт. Недоволните економски можности се надоврзуваат на етничката тензија која се провлекува од конфликтот во 2001 година. Невработеноста во некои области зафатени во конфликтот достигнува и 80%.

После девет месеци конфликт ситуацијата во Македонија конечно почна да се стабилизира во есента 2001 година. Составен дел од овој проблем е недостатокот на доверба помеѓу етничките заедници во повратните области промовирајќи реална и/или воочлива загриженост за сигурноста и безбедноста.

Развлечената етничка тензија постои се уште, особено во областите каде што имаше директен конфликт во 2001. Соработката помеѓу групите од различна етничка припадност е ретка, а најголем дел од заедниците ги карактеризира тенденцијата едноставно да постојат. Многумина се плашат од уште еден етнички предизвикан конфликт.

 

Во средното образование иако и етничките Македонци и етничките Албанци го посетуваат истото училиште, часовите се или на македонски или на албански јазик. Ова дополнително ги дели етничките Македонци и етничките Албанци во посебни групи, спречувајќи дијалог во училницата, толеранција и мултиетничка соработка. Активноститe кои би ги зближиле млaдите, етнички Македонци и етнички Албанци, и на значаен начин би се осврнале на етничката поделеност се многу ретки и најчесто се лимитирани на еднократна активност.

1.2. Како започна се

Како реакција на војната која изби во поранешна Југославија во јуни 1991 година регионот околу селото Меѓаши беше прогласен за “Прва детска земја во светот”. Селото се наоѓа на границата меѓу Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска. Со создавањето на Првата детска земја, идеолошкиот татко на земјата, Душко Томиќ, се надеваше дека огништата на националистички и религиозни доктрини ќе се смират. Проектот Меѓаши привлече огромно внимание кон себе од екс-Југословенските и европските медиуми, презентирајќи свет без насилство во кој се почитуваат детските права.

 

Во април 1992 година драматичен повик беше упатен од Сараево за привремена евакуација на илјадници деца кои имаа потреба да бидат спасени од деструктивните бомбардирања. Во Скопје овој повик беше слушнат и Гордана Пирковска Змијанац и нејзиониот сопруг Драги Змијанац преземаа иницијатива да ја основаат Првата детска амбасада во светот-Меѓаши. По ова следуваше формирање воздушен мост од Сараево кон Скопје преку кој околу 6000 мајки и деца најдоа засолниште во Македонија. После првата итна поддршка за децата од војната во поранешна Југославија, Меѓаши се консолидираше. Сепак и во наредните години Меѓаши продолжи да пружа поддршка за децата зафатени од војна или насилство. На почетокот само децата и мајките од поранешна Југославија, подоцна бегалците од Косово и Македонија го најдоа својот пат до Меѓаши. Во текот на своето постоење десетици илјади мајки и деца од сите религии и националности најдоа сигурност преку поддршката од Меѓаши.

Во моментов, Меѓаши е препознаена како водечка НВО за застапување и промовирање на детските права. Го сруши ѕидот на молкот во однос на детските права, посебно поврзани со физичка, сексуална и економска злоупотреба на децата, изложувајќи во јавноста бројни случаи на злоупотреба и директно поддржувајќи го воспоставувањето на поефикасни механизми за заштита на децата. Како потврда за својата работа, Меѓаши доби прва награда за граѓанско општество и демократија во 2001 година. Наградата беше дадена како признание на долготрајниот и одржлив придонес за развивање на свеста за детските права како и поради бројните кампањи и публикации во оваа област.

1.3. Пристапот на работа на Меѓаши

Пристапот за разрешување конфликти. Концептот изграден на основа на многугодишното искуство на Центарот за Ненасилна Акција од Белград и Сараево е адаптиран на локалните потреби. Концептот се базира на принципот на интеракција насочена кон темата. Програмскиот фокус е следниот: зголемување на сензитивноста за насилството, комуникација, градење тимски работни вештини и зајакнување. Пристапот во етнички мешани групи бара постепено овозможување на сигурен простор за справување со постоечката тензија и стравовите на конструктивен начин.

Методите за тренирање се карактеризираат со активно учество и интерактивност. Потребно е високо ниво на вклученост на сите учесници каде иако тие се на сигурна позиција тие се втурнуваат во симулирани ситуации, се соочуваат и ги искажуваат своите ставови, слушаат што другите имаат потреба да кажат и имаат можност да се анализираат себе си и да се променат.

Една од главните цели на тренинзите е запознавање со основниот концепт за ненасилно разрешување на конфликти и неговата практична примена во секојдневниот живот и работа како и да добијат можност за поинаков пристап во конфликтните ситуации. Идејата е да се постават основните одговорности кај индивидуите, да се истакне значајноста и моќта која ја имаат како значаен постулат за конструктивна акција во општеството. Многу значајна компонента на тренингот за учесниците е моментот на трансфер на одговорности, додека тимот на тренери има одговорност за структуирање на процесот. Динамиката на процесите е во голем дел определена од учесниците преку нивната вклученост додека лидерите на тимот се прилагодуваат на интересите и потребите на групата. Со ваквиот принцип на работа, применувајќи го овој пристап и овозможувајќи простор за вклучување на сите учесници се постигнува ефектот за охрабрување на луѓето да ги искажат нивните чувства и мисли, да преземат иницијатива и одговорност. Методите кои се користат во работилницата се насочени кон учење преку искуство и бараат длабока интелектуална и емоционална вклученост користејќи и движења на телото.

 

Тренингот се состои од работилници поврзани со неколку различни прашања взаемно надополнети кои ја следат групната динамика, групната енергија и способноста за работење на тие прашања кои се многу сензитивни и можат да предизвикаат силни емоции.

Најчести теми на тренингот се следнните: насилство и ненасилство, разбирање на конфликтите, анализа на конфликтите, тимска работа, донесување одлука, мирна комуникација, перцепција, претпоставки и стереотипи, улогата на родот во општеството, идентитет/национален идентитет, лидерство, моќ, градење мир, креативно решавање на конфликтите. Изборот на теми за тренингот зависи од траењето на тренингот, групата и тимот на тренери.

Општо земено, групата се состои од 20 учесници.

Главни цели на тренингот:

Подигнување на свеста и стекување знаење за концептот и прашањата во врска со насилството (инструктивно и конструктивно), различноста, еднаквоста и националниот идентитетот, граѓанското општество, моќта, човековите права, итн.

Развивање на вештини: тимска работа, ненасилна комуникација, разбирање, анализи и креативно разрешување на конфликти, справување со стрес и страв, справување и прифаќање на моќта и различноста, итн.

Зајакнување на лицата со цел да станат активни учесници во граѓанското општество.

(а) причини за предложената методологија

1. Граѓанската мобилизација дава можности за масовна вклученост на јавноста, директно и индиректно, институциите кои работат на проблемите опфатени со овој проект (Министерство за образование, медиумите, други средни училишта итн).

2. CNА методологијата дава можности за соочување со чувствителни проблеми (кои бараат храброст) посебно одговорност, менување на ставовите, што помага за развивање на комуникациските вештини, вештините за соработка, соочување со емооции, соочување со претпоставки, соочување со различности и личната моќ и сите овие се важни вештини потребни за конструктивно разрешување на конфликт. Тренинзите се насочени кон започнување на преглед на процесот преку активно учество и соработка помеѓу учесниците, во кое што ги менуваат нивните ставови и бараат однесување кое би било во согласност со сопствените чувства за одговорност и нивниот систем на вредности, тренинзите не се стремат кон промена на идентитетот на учесниците кон конкретно определени модели на однесување. Тренинг работилниците имаат одредена структура која го подготвува и иницира процесот на објаснение и испитување наместо да даде готови одговори и решенија преку признанијата за тренерите/лидерите на работилницата кое би било прифатено од страна на учесниците без критики. Тренингот започнува и бара преглед на самите карактери на учесниците, отпочнува процесот на прифаќање и давање конструктивни критики кои може да бидат стекнати во окружувањето исполнети со доверба и одговорност за време на работниот процес. Тренинг процесот не би бил успешен без активни учесници.

Резултатите од тренингот се многукратни: Формирање на цврста подлога за помирен процес, Разбранување на свеста за човековите права, Испитување на само-вообразеноста, Разбирање и прифаќање на емоциите, Охрабување и создавање на личноста, Споделување на искуство, Ефект на размножување преку мотивирање на учесниците да дадат свој придонес во околината во која живеат.

Злоупотреба на децата. Една од најзначајните улоги на Меѓаши е да овозможи ефективна заштита на децата од злоупотреба и заштита на детските права. Овие цели се постигнуваат преку различни активности кои им нудат директни услуги на децата, како на пример: SOS телефонот за деца и млади, правна помош, психо-социолошко советување, Детски работилници и Дневниот Центар за деца на улица кој започна со работа пред седум месеци. Неговата методологија се базира на суштинските начела за почит, еднаквост и вклученост користејќи метод на ненасилно разрешување конфликти за да се постигне значајна и долготрајна промена. Во реализирањето на своите активности, Меѓаши добива помош од неколку надворешни актери за да ги изврши активностите. Волонтерите се вклучени во повеќето активности, додека Детските Амбасадори се назначени за лобирање и застапување.

1.4. Учеството на Меѓаши во различни мрежи

Меѓаши е подготвена да работи заедно со ново-формирани НВО споделувајќи ги своите искуства и ресурси. Оттука, Меѓаши е член на бројни домашни и меѓународни организации , меѓу другите Граѓанска Платформа на Република Македонија, Global March Against Child Labor, Child Helpline International, Defense for Children International, Child Rights Information Network and European Children Network.

2. Директни услуги за децата

Во името на децата во Македонија и во светот, Меѓаши бара поддршка за нашите директни услуги за децата, ги промовира, поддржува и застапува заштита на детските права во Македонија. Меѓаши, поддржана од своите волонтери, надворешните експерти, тренери и почесните членови на Меѓаши, ги спроведуваат овие активности.

Низ годините, Меѓаши создаде и понуди низа креативни, едукативни и советодавни услуги за најобесправените групи на деца. Во следните години најважно за децата е продолжување на оваа работа, која се состои од:

- Развој на капацитетот на SOS линијта за помош за Деца и Млади – Линијата за помош постои веќе 15 години и има примено преку 17000 повици. Од 2005, линијата е финансирана од Македонски Телекомуникации така што повиците се бесплатни. Имаме 15 волонтери што работат на SOS линијата кои се студенти на социјална работа, психологија и педагогија. Волонтерите се водени од тим на професионалци (социјални работници, педагози, психолози и дефектолози). На овој начин Амбасадата ја оддржа линијата.

- Развој на капацитетот на правни и социјални услуги за децата и фамилиите во ситуација на социјална потреби – Имаме адвокат кој работи волонтерски на случаи поврзани со заштита на детските права. Кога и да сме забележале дека правата на децата се прекршени ги земаме работите во свои раце и реагираме според случајот. Понекогаш поднесуваме барање до Центарот за Социјални Работи, до Омбудсманот, полицијата или соодветното министерство. Сме дејствувале во многу случаи, кои резултирале во корист на децата.

- Дневниот Центар за деца на улица беше основан пред седум месеци - Работиме со децата од т.н. “картон маало“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Но со цел да обезбедиме подобри услови за живот на децата исто така ќе работиме и соработуваме со родителите.

2.1. Цели

Меѓаши постои за почитување на детето преку заштита на детските права, со зајакнување на НВО движењето за правата на децата, зголемување и развој на волонтерската работа и грижа за имплементација на Конвенцијата за Правата на Детето.

 

Од година во година, бројот на проекти на кои што работи Меѓаши е сe поголем, затоа и со новиот стратешки план овие проекти се развиени во програми. Утврдениот работен план има намера да ја постигне погоре спомнатата цел како и зајакнување на капацитетот на организацијата преку реализирање на активностите. Зголемување на работниот капацитет на вработените во организациите значи поефикасно извршување на програмските активности како и поуспешно собирање на средства. За наредните години, Меѓаши ги формулира следниве цели во својата работа:

Меѓаши е професионална организација која обезбедува директни услуги за децата кои имаат потреба од тоа. Меѓаши е призната како експертска организација во полето на проблемите на децата и почитувана како преговарачки партнер со локални и национални институции и влади, и е способна да:

а) постојано развива заеднички визии, техники и методи за промовирање на правата на децата во Македонија и Балканот

б) подготвува годишни акциони планови, со опис за ефикасна употреба на сите човечки ресурси во организацијата, како и развој на програмскиот менаџмент

в) застапување и лобирање на национално и меѓународно ниво за ратификација на Конвенцијата за Правата на Детето и да создаде јавна поддршка за својата мисија

д) олеснување на основањето и развојот на регионални и национални мрежи.

2.3. Финансии

Минатата година Министерството за Труд и Социјална Политика ни овозможи финансиска поддршка за Дневниот Центар за деца на улица. Но финансиите се само за седум месеци. Тоа значи дека само што започнавме со прогрес на децата проектот мора да заврши. Ако не продоложиме со работа, овие деца ќе се вратат на улица. Ние го обезбедивме потребниот простор и опремата за Дневниот Центар, кој се наоѓа во близина на населбата каде што живеат децата. Имаме и наше сопствено возило кое ќе ги носи децата од нивните домови до Дневниот Центар, но за тоа ни е потребна финасиска поддршка за транспортот. Ова е навистина важен дел во работата со децата на улица.

 

Македонски Телекомуникации ја поддржува SOS линијата, така што треба да обезбедиме само човечки ресурси. Исто така, имаме 15 волонтери (социјални работници, психолози, педагози), но потребна ни е финансиска поддршка за трошоците за волотерите не само за SOS линијата но исто така за волонтерите во правните услуги.

 

Нашите услуги е многу важнo да им бидат достапни на децата во Македонија.

 

Во прирачникот на UNICEF, авторот, г-ѓа Сју Гилберт, напиша: “Македонија е позната во врска со правата на децата, зашто Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши беше основана таму“.