Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


Информатор бр. 40


19 ти роденден на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ-РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Утре (Скопје, 29.април 2011), Првата детска aмбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија го одбележува 19тиот роденден од постоењето и делувањето.

Изјава по повод 15-годишнината на Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Неговата екселенција Коле Ангеловски, Амбасадор
Првата детска амбасада во светот Меѓаши остави траен белег во Република Македонија

Првата детска амбасада – Меѓаши, цело време е верна на децата, будна на сите неправди кои ги нарушуваат детските права.
Првата детска амбасада во светот –Меѓаши претставува феномен во македонското граѓанско движење. Од самиот почеток, на романтичен порив на македонските граѓани кои се во потрага, како би рекол унгарскиот филозоф Иштван Бибо за „мали сфери на слобода“, ја формираат како невладина организација.

Jovo Dimitrijevic novinar od Sarajevo
Draga Vesna da samo znas koliko sam se ovradovao kada sam dobio Tvoju poruku posredstvom ove "SEJTAN KJUTIJE".Prije svega interesujeme Tvoje zdravlje.Cesto mislim na Tebe i sve dobre ljude u Skoplju gdje sam proveo dvije godine kao prognani...k iz mog rodnog Sarajeva samo zato sto su mi naturili neki naci predznak.Bio sam sam,a VI ste me prihvatili kao najrodjeni.Kada kazem VI onda mislim na sve dobre ljude koji su se okupili oko Detske Ambasade da bi pomogli ljudima iz BiH na celu sa Koletom,Gocom i Dragem.Tu sam stekao svoj privremeni dom.Vi,a i kolege novinarari,posebmo iz RTV Skoplja, ste mi pomogli da povratimn ljudsko dostojanstvo,da hodam ponovo uspravno.Ja sam nastojao koliko toliko da oduzim svojim ukljucivanjem u relizaciji progrma Djecije Ambasade oko brige i zbrinjavanja svih prognanika i izvjeglica.

Julijana Zoksimovska
Kako vcera da beshe koga beshe novorodenche. Se rodi vo teshki vreminja za koi sekogash ke se sekavame so taga i zelba nikogash da ne se povtorat. I vo tie teshki momenti prvite chekori gi napravivme smelo i bevme sigurni vo toa shto go sozdavame. Mislite, silite i zelbite ni bea nasocheni kon igninata.

" Подадена рака на илјадници деца, жени, старци ..."
Се почна пред 15 години, во едно турбулентно и воинствено време. Во тој миг, се уште недооформената Прва детска амабасада во светот "Меѓаши" - Република Македонија се соочи со почетокот на босанската војна.

Душко Арсовски новинар
Кој како сака нека го нарече- интуиција, случајност, тајна врска...Без да размислам дека 29 април е роденденот на мојата ДЕТСКА АМБАСАДА си дадов рок дека до тогаш ќе го пратам мојот текстуален придонес во серијата што ја прават поранешни членови на ова благородно ДВИЖЕЊЕ.

На детската земја веќе одамна не се чувствувам како вонземјанин
Сега, кога по нешто помалку од деценија и пол ќе се сетам на мојата примарна фасцинација од апсолутноста на една толку едноставна, а по својата порака толку грандиозна синтагма, - се наежувам, сосема исто како и првиот пат кога ја слушнав. „Ништо на светот не вреди колку една детска солза“. Ми се залепи за срцето, ми се пикна под кожата...

Во моето маало престојуваа две деца бегалци Аднан и Ирфан од Босна и Херцеговина
Не можам со зборови да ја искажам благодарноста кон сето она што го направивте за децата сиве овие години, сите спасени и заштитени животи. Ви посакувам во Новата 2011 година уште повеќе здравје, среќа и успех.

Како да ги познавам цел живот...
Читајќи ги натписите за Првата детска амбасада на светот Меѓаши се вратив во минатото, кое не би сакала повеќе да се случи. Април, 1992 година го слушнав АПЕЛОТ на ТВ и македонското радио од Гордана Змијанац за прифаќање деца од Сарајево. Во моментот ја запомнав адресата и телефонскиот број. Ми се разбуди желба да прифатам дете. Звонев долго време, телефонот беше зафатен.

Фросина Пандурска- Драмиќанин – волонтер во Прва детска амбасада „Меѓаши“
Во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ почнав да волонтирам во текот на 2005 и 2006 година, кога ја водев работилницата по Албански јазик, наменета за деца на возраст од 7 -12 годишна возраст. Тогаш првпат научив колку е тешко да се работи со деца, но истовремено и колку таа работа исполнува.

Ивана Иванова - Mоето искуство со СОС-бесплатната линија за деца и млади
Благодарна сум што ми се даде прилика да волонтирам овде во Првата детска амбасада во светот Меѓаши и тоа баш по мојот избор, а тоа беше на СОС-бесплатниот телефон за деца и млади. Уште од самиот почеток со доверба ми беа доверени одговорни работи за да ги завршам, тоа е многу поттикнувачки момент за млад, неискусен штотуку дипломиран педагог како мене, кој има амбиција и ентузијазам да научи, да се стекне со работни вештини и искуство, но се уште е неискусен во својата работа.

„ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“ И „ПОЗНАВАЊЕТО И МИСЛЕЊАТА ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ“ ИСТРАЖУВАЧКИ ИЗВЕШТАЈ „ДОВЕРБАТА ВО МАКЕДОНИЈА“, КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА „ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“ И „ПОЗНАВАЊЕТО И МИСЛЕЊАТА ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ“
Извештајот се заснова на наодите од истражувањето спроведено со теренска анкета – интервјуа „лице в лице“ во домаќинствата во декември 2010 година на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници од страна на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ). Ова е четврт извештај кој се однесува на довербата (вклучително и во граѓанското општество), првите три беа презентирани во 2006, во 2007 и во 2008 година. Носител на оваа активност за истражувачкиот извештај е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ Е НА ПРВО МЕСТО ВО СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКиТе Организации
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ (ПДАСМ) во истражувачкиот извештај „Довербата во Македонија“, кои се однесуваат на „Довербата во граѓанското општество“ и „Познавањето и мислењата за граѓанските организации“ е на прво место во однос на довербата кај граѓаните. За Првата детска амбасада во светот Меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ Е НА ПРВО МЕСТО ВО СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Првата детска амбасада во светот меѓаши во истражувачкиот извештај„довербата во македонија“, кои се однесуваат на „довербата во граѓанското општество“ и „познавањето и мислењата за граѓанските организации“ е на прво место во однос на довербата кај граѓаните. за првата детска амбасада во светот меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1

Изолацијата не е лек за насилните ученици
Психолозите и педагозите сметаат дека учениците што имаат проблематично однесување не треба да се изолираат во посебни училишта, туку со нив треба да работат стручни лица

Приведен трет учесник во убиството во ГУЦ
Скопјанецот Давид С., постар брат на Д.С. (16), осомничен дека го убил средношколецот Јашари Муамедали (18) во петокот во дворот на средното училиштето „Здравко Цветковски“ во Скопје, е приведен во полициска станица бидејќи и него полицијата го барала за учество во инцидентот, дознава „Дневник“. Двајцата браќа биле во бегство по крвавиот инцидент, но во присуство на татка си во понеделникот се предале. Од МВР не даваат информација дали против него е поднесена кривична пријава.

Прободен матурант во гимназијата во Драчево
Група малолетници нападнале ученик од четврта година. Еден од нив со нож го пробол матурантот во левата нога, а друг со метална прачка го удрил по главата

Реакција за последните случаи на насилства во повеќе училишта во изминатите месеци и последниот случај со трагичен епилог и смрт
Во врска со последните случаи на насилства во повеќе училишта во изминатите месеци и последниот случај со трагичен епилог и смрта на Мухамед Али Јашари, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ го изразува својот револт и загриженоста за недоволната безбедност и сигурност на децата во училиштата. Воедно го изразуваме нашето длабоко жалење за смрта на Мухамед Али Јашари. 

Деветгодишник една година оставен кај родителот насилник
Центрите за социјална работа, иако имале информација дека деветгодишник живее со родител-насилник, во неможноста да утврдат кој од нив е надлежен да постапува во овој случај, цела година го оставиле детето незаштитено, велат од „Меѓаши“

Мајка го изгладнувала и го заклучувала детето една година
Скандалозниот случај што го обелодени Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ја разоткрива семејната драма во која затаила реакцијата на државните институции

Неефикасно постапување на Центрите за социјална работа во случај на 9 годишно дете.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши повеќе пати до сега има увидено нефункционалност во работата на Центрите за социјална работа и прекршување на правата на детето. Последниот пријавен случај на СОС телефонот за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши, повторно ја посочува недовоната ефикасност, ригидноста и неодговорноста на Центрите за социјална работа во постапување во најдобар интерес на детето.

Неефикасноста на Центрите за социјална работа уништиле детски живот
Деветгодишно дете цела година живеело во страв и агонија, било малтретирано и злоставувано од својот родител оти Центрите за социјална работа во државава не можеле да утврдат кој ја има надлежноста врз решавање на случајот.

Сурова приказна за едно уништено детство
Детскиот плач ја открил голготата на деветгодишното момче кое било изгладнувано и заклучувано од мајка си

Деца без детство
Заклучено ,  изгладнувано, препуштено на судбината, запоставено токму од родителот кој треба најмногу да се грижи за него.

Владата глува за СОС-телефонот на „Меѓаши“
Надлежните институции многу малку се повикуваат или воопшто не ја користат Конвенцијата за правата на детето и даваат објаснување дека не може директно да ја применуваат

СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија)
Годишен извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 (бесплатна линија) и на бесплатната правна служба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Јануари – Декември 2010)· Децата и понатаму молчат и трпат насилство! Само 30 деца во 2010 година, собраа храброст и проговорија за насилството на кое се изложени.

На Детската амбасада за сите деца во светот во Прилеп и СЕ ЗАБРАНУВА Натамошно вршење на дејствието на асоцијација и имитација
На Детската амбасада за сите деца во светот во Прилеп и СЕ ЗАБРАНУВА Натамошно вршење на дејствието на асоцијација и имитација на заштитената трговска марка ТМ-10-2008/500 означена како Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ во збор, сторено со препишување на зборовите „детска“ , „амбасада “ и „светот“ и неовластена употреба на заштитената трговска марка во збор како знак на свое Здружение на граѓани и фондации, Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е основана на 29.04.1992 година и самиот назив „Прва детска амбасада во светот Меѓаши“ е заштитен во Државниот завод за индустриска сопственост со решение број 10-3305 од 01.06.1994 година, со што се признава правото на индустриска сопственост и тоа трговска марка „Прва детска амбасада“, со право на првенство од 25.02.1994 година, а со датум на важење до 25.02.2004 година.

Детската амбасада за сите деца во светот - Прилеп ќе мора да го смени името поради совпаѓање со името на „Меѓаши“
Скопје, 15 февруари 2011 (МИА) - Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ соопшти дека на Детската амбасада за сите деца во светот - Прилеп, согласно одлуката на Основниот суд - Прилеп која се уште не е правосилна, и се забранува натамошна употреба на заштитената трговска марка ТМ-10-2008/500 - Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“.

МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ НА ФОРМАЛНИОТ ВОСПИТНО ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во април 2011. започна со спроведување на проектот за мировно образование заедно со партнерската организациј KURVE Wustrow од Германија со која има долгогодишна соработка. 

Неизвесна судбината на протераните деца од Шведска
Двете деца на возраст од девет и од пет години, по потекло од Македонија, на 24 март оваа година од Шведска ќе бидат депортирани овде 

Одложено протерувањето на децата од Шведска
Гетеборг, 22 март - Протерувањето на двете деца на пет и осумгодишна возраст од шведскиот град Лунд во Македонија, се одложува до понатамошна одлука, според одлуката на шведското Миграциско биро, јави шведската телевизија „СВТ“.Преиспитување на случајот почна откако двајца шведски детски лекари минатата недела протестираа против одлуката деца да бидат протерани сами, без својот родител.„Наведени се нови околоности во врска со овој предмет, кои ние мораме да ги испитаме“, вели Микаел Рибенвик, шеф на правната служба во Миграциското биро.

Шведска протерува две Македончиња
Децата на пет и на девет години веќе три години живеат во дом зашто нивната мајка имала психички проблеми, тие не знаат македонски јазик, но и покрај тоа ќе бидат протерани во Македонија

Акција на Меѓаши за вклучување на сите деца во задолжителниот процес на образование
Зајакнување на свеста за потребата од вклучување на сите деца во задолжителниот процес на образование ширум целиот свет, е целта на кампањата што почна денеска во рамки на Глобалната недела на акција, што се одржува секоја година од 2001. на меѓународно ниво. Национален координатор за Македонија е Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Започна Глобалната недела на акција 2011
Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме да ни се придружите во Глобалната недела на акција која започнува денес (2 -9 мај). Кампањата се организира секоја година од 2001. на меѓународно ниво, а национален координатор за Република Македонија е Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА НАЈМЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС
Повеќе од 18 илјади деца се неписмени

Педофил преку „Фејсбук“ намамил дете за да го обљуби
Струмичанецот А.Т. (25) преку социјалната мрежа „Фејсбук“ запознал 10-годишно машко дете и откако се договориле да се сретнат, го намамил да одат на друго место, каде што сакал да изврши полови дејства врз него. Случајот во полиција го пријавила мајката на детето. 

Деца – фантоми
Повеќе од илјада ромски семејства не ги регистрирале своите деца во матичната книга на родените. Сега, децата немаат здравствено осигурување, ниту одат во училиште. Правно, не постојат никаде

Децата ги демне опасност
Истражувањата покажуваат дека последните две години трговијата со малолетници е во пораст. Полицијата потврдува дека постои трговија со деца и дека зголемувањето пред се’ се должи на сексуалната експлоатација на малолетниците 

Кога децата раѓаат деца
Малолетничка бременостна малолетни девојки кои станале мајки или се одлучиле за абортус е голем.Во училиштата се уште нема сексуално образование, младите ретко или воопшто не користат контрацепција. Што се случува кога децата раѓаат деца?

Пеколна ноќ на едно дете
Семејно насилство: Последниот извештај на првата детска амбасада „Меѓаши” покажа дека децата се’ уште молчат и трпат насилство и многу мал процент од нив се осмелува да пријави сексуално насилство, родосквернавење или педофилија. За децата кои пријавуват, во Македонија не постои прифатилиште

Судовите мора да знаат како да постапуваат со децата
Соочувањето на децата со правосудните органи е тешко и трауматично искуство. Тие не ги разбираат постапките што се водат пред полицијата или судот. Затоа сe повеќе деца молчат за насилството на кое се изложени, предупредуваат од првата детска амбасада „Меѓаши“ 

Списание на Народниот правобранител бр. 3, 2011 Децата не си ги знаат своите права ИНТЕРВЈУ: M-Р ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ, ДИРЕКТОР НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ „МЕЃАШИ“
Н: Децата не си ги знаат своите права

ВИПРО и Првата детска амбасада во светот – Меѓаши започнаа акција со производите на ВИПРО
Со секој купен производ од ВИПРО на кој што има бандерола со логото на МЕЃАШИ, граѓаните ги поддржуваат активностите на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши кои донираат по 1 денар. Имено, ВИПРО отпечати 25000 бандероли и ги обележа своите производи со логото на Детската амбасада Меѓаши.


Бушавко бр. 40

Преземи
PDF 591 KB