Почетна » Архива » 1992


Преглед на активностите на Првата Амбасада на Децата во Светот"Мегаши"-Македонија
 
                                                АКТИВНОСТИ ВО 1992 ГОДИНА
                1. /21.03./ Запознавање на македонската јавност со идејата за Првата Детска Амбасада во емисијата "Пулсирање" од страна на координаторот за отварање на Прва Детска Амбасада , Гордана Змијанац.
                2. /12.04./ Упатување апел за помош и згрижување на децата од БиХ во Република Македонија од Александар Мичиќ (артист) член на Првата Детска Амбасада во Светот "МЕГАШИ"   и Гордана Змијанац (педагог) Генерален секретар  на Телевизискиот дневник- 2.
                3. /14,15.04./ По извршените подготовки со Црвениот крст за Република Македонија и таксистите од "Плава лагуна" беше организирано прифаќањето на децата бегалци од БиХ кои слетаа со авионот што го обезбеди Првата Детската Амбасада "МЕГАШИ" (155 мајки со деца).
                4. /16.04./ Душко Томиќ  заедно со Шефко Кадриќ ,Гордана Змијанац и Драган Мијалковски го посетија Претседателот на Република Македонија , господинот  Киро Глигоров и го информираа за намерата и натаму организирано да се превезуваат околу 2000 дечиња преку воздушниот мост Скопје-Сараево , а воедно , делегацијата го за позна господинот Глигоров со подготвителните активности на координативното тело за отварање на Првата Детска Амбасада во Светот "МЕГАШИ" во Република Македонија.
                5. /19.04./ Координативното тело на Првата Детска Амбасада во соработка со Музичката младина на Македонија и "Хард Рок"-клубот организираа хуманитарен концерт на македонските музичари за децата бегалци од БиХ.
                6. /29.04./ Во просториите на Пионерскиот дом "Карпош" беше одржано Основачкото собрание на Првата Детска Амбасада во Светот  "МЕГАШИ" на кое беше избрано членството на Колегиумот и беше донесен Статутот за работа на Амбасадата. За Генерален конзул беше избран господинот Коле Ангеловски (артист и режисер), за Вице конзул Драган Мијалковски (естраден уметник), за Дете конзул Калина Мрмевска (ученичка), а за Генерален секретар Гордана Змијанац.
                7. /05.05/ Проф Др. Исмет Диздаревиќ, артистот Миралем Зупчевиќ  и генералниот секретар од Амбасадата во Скопје ,Гордана Змијанац ги посетија Грчкиот и Турскиот  конзулат во Скопје, како и Францускиот и Американскиот културен центар со намера да се обезбеди помош во храна и лекови за децата бегалци кои се сместени во Република Македонија.
                8. /06.05./ Првата Детска Амбасада во Домот на Младите одржа трибина на тема "БиХ во пеколот на агресијата". На трибината учествуваа проф.Д-р Ферид Мухиќ, проф.Д-р Кирил Темков, Претседателот на Хелсиншкиот парламент на граганите на Македонија- Слободанка Марковска,Генералниот конзул на Првата Детската Амбасада Коле Ангеловски и гостите од Сараево - проф.Д-р Исмет Диздаревиќ  М-р Шефко Кадриќ и артистот  Миралем Зупчевиќ.
                9. /07.05./ Првата Детска Амбасада во Република Македонија како член на Одборот на грагански мировни  иницијативи упати апел за осуда на  агресијата во БиХ и осуда до ЕЕЗ за непринципиелноста на Европската заедница во врска со непризнавањето на Република Македонија. 
                10. /28.05./ Одржана пригодна емисија на Третиот канал на МТВ за работата и активностите на Првата Детска Амбасада во која учествуваа Генералниот конзул Коле Ангеловски и Генералниот секретар Гордана Змијанац.
                11. /01.06./ Првата Детска Амбасада организараше хуманитарен концерт  за децата бегалци од со војна зафатените подрачја со почесните конзули Есма Реџепова и Стево Тодосиевски.Од овој концерт беа собрани парични средства во износ од 186.000,00 ден. кои беа дадени за детското одморалиште "Страхил Андасаров"во село Љубанци - Скопје.
                12. /08.06./ Првата Детска Амбасада во Светот од Република Македонија одржа свечена седница на која ја одбележа годишнината од формирањето на Првата Детска Територија во Светот "Меѓаши", чија концепција и програма за заштита  на правата на детето Амбасадата во целост ја прифати како основа  за својата работа.
                13. /12.06./ Првата Детска Амбасада  во спонзорство со Ристо Еленов од ПТП "Агропин" од Скопје организираше бесплатен превоз за Турција на мајките со деца кои имаат пријатели, роднини кои им гарантираат прифаќање во нивните домови.
                14. /20.06./ Првата Детска Амбасада Македонија ангажираше волонтерски стручен тим од Институтот за психологија на чело со М-р Лина Унковска Ќостарова со  цел спроведување на истражувачкиот проект : " Испитување на актуелната состојба и проблемите на децата бегалци од 7-15 години, сместени по семејствата на подрачјето на Скопје". Во проектот беа вклучени 250 деца, сместени во 125 семејства. Овој проект е единствен од ваков вид кој ја обработува проблематиката за состојбата со бегалците децата бегалци од со војната зафатени подрачја кои се сместени во Република Македонија.
                15. /24.06./ Со Одлука бр.03-52 од извршниот колегиум Д-р Борис  Таневски именуван за координатор за отварање на детски конзулат во Струмица.
                16. /25.06./ Првата Детска Амбасада одржа прес конференција на која беа презентирани резултатите од едноиполмесечната работа. Тогаш од страна на Генералниот конзул Коле Ангеловски беше истакнато дека Амбасадата нема ни претензии ни финансиска моќ, ниту пак ингеренции  да ги решава социјалните проблеми со бегалците но затоа пак може оперативно побрзо, со помош на спонзорите, да им помогне на децата со интервентно ургентно обезбедување на млеко, лекови, книги, играчки и др.
                17./0д 01.06 до 01.07./ Првата Детска Амбасада во соработка со Филозовскиот факултет и Педагошкиот завод од Скопје , низ училиштата спроведе собирна акција : "ЗА ВАС - ОД НАС ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ "при што собраните средства беа однесени до пунктовите за згрижување на децата бегалци во Република Македонија.
                18./07.07./ Со Одлуката бр. 03-68 од Извршниот колегиум педагогот Славица Петковска именувана е за координатор за отворање Детска Амбасада во Куманово.
                19./12.07./ Од името на Првата Детска Амбасадаво Светот во Република Македонија Детето конзул Калина Мрмевска упати порака од децата на Македонија - "Ние децата на Македонија упатуваме порака до сите возрасни кои не заборавиле на детството дека сакаме мир и разбирање за сите деца во Европа и светот.Доколку вие возрасните на го обезбедите мирот и разбирањето , ние децата како идни генерации ќе сведочиме за сите неправди сторени врз вашите сегашни и идни деца. Затоа Европо те молиме со еден единствен детски глас , немој да се поигруваш со нашето име и нашето детство." (пораката е упатена на митингот по повод не признавањето на Македонија од страна на ЕЕЗ и прокламираното барање за промена на името на Република Македонија.)
                20./25.07./ Генералниот секретар Гордана Змијанац на Првата Детската Амбасада го посети прифатниот центар "Бунец" каде што се сместени над 600 деца бегалци и во таа пригода подари прирачни средства и одреден број учебни помагала и тоа : 192 молива , 40 тетратки, 40 восочни боици , 68 сликовници , 34 блокови за цртање  и 32 боенки.При посетата на педагозите Халида Хусеиновиќ и Барутчија Суада беше договорено веднаш да се започне со воспитно образовна работа со децата бегалци , изразено како учење низ игра.
                21./27.07./ Првата Детска Амбасада упати барање до проф.Д-р Исмет Диздаревиќ да направи увид во ситуацијата во кампот "Бунец" и да превземе мерки за заштита од несаканите дејства во кои може да настрадаат најмногу децата бегалци.
                22./27.07./ Првата Детска Амбасада упати уште едно барање до проф.Д-р Исмет Диздаревиќ за обезбедување на лекар во кампот "Бунец", а со наша препорака за лице лекар од бегалците е назначена Индира  Хаџиахметовиќ која ке се грижи пред се за децата бегалци .
                23./27.07./ За анимација на децата бегалци ви прифатниот центар "Чичино село" беше назначена проф.Д-р Хота Михриџана со Одлука на Извршниот Колегиум.
                24. /27.07./Првата Детска Амбасада со барање бр.03-56 се обрати до бројни организации за помош на децата бегалци за помагање на активностите на Амбасадата во Скопје.
                25./јули/Со Одлука на Извршниот Колегиум проф.Фикрета Гафиќ (активист) во периодот мај,јуни ,јули беше одредена за анимација на 70 деца од пред училишна и училишна возраст  во прифатниот центар "Страхил Андасаров" -Љубанци.
                26./јули/Беа организирани повеќе посети на прифатните центри :"Ранка Милановиќ", "Бунец", "Чичино село" , "Даре Бомбол" и "Страхил Андасаров" со цел давање материјална помош и стекнување увид во состојбата на со децата- бегалци. За нашиот увид и забелешки во згрижувањето беа писмено информирани : Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и проф.д-р Исмет Диздаревиќ како овластено лице од владата на БиХ за бегалците во Македонија.
                27./06.08./ Првата Детска Амбасада во Македонија во спонзорство со "Уни-проком" од Скопје организираше бесплатен превоз за мајки до деца во Турција.
                28./08.08./ Првата Детска Амбасада преку ТА "Одисеј", а со делумно  спонзорство на "Уно-проком" од Скопје и на самата Амбасада организираше бесплатен превоз за мајки со деца до Словенија и Хрватска.
                29./24.08./ Првата Детска Амбасада за Република Македонија на детскиот дом "Ранка Милановиќ" му подари : книги од "Мисла"-30, кошули од "Макотекс"-54 , маици од "Киро Фетак" - 14 и мелни за деца - 3.
                30./26.08./ Првата Детска Амбасада најостро го осуди делот од бегалците од БиХ кои на најразлични начини го злоупотребуваат гостопримството на Република Македонија.Детската Амбасада смета дека вандамското однесување на овој дел од бегалците сместени во детските одморалишта во Републикава најмногу може да им наштети на децата. 
                31./27.08./ Првата Детска Амбасада во Светот за Република Македонија го посетија претставници на асоцијацијата на македонските интелектуалци од Париз "Штрковите од Македонија". На средбата беше разговарано за мегусебната соработка на овие две здруженија и беше поведена иницијатива за отварање библиотека во Париз за децата на нашите иселеници. Детската Амбасада за идната библиотека подари книги од изданијата на "Мисла".Представниците на македонското здружение од Париз искажаа готовност да испратат лекови од Франција за децата од Македонија.
                32./28.08./ Првата Детска Амбасада за Република Македонија на РО за одмор и рекреација на децата "Младост" од Скопје , а за потребите на одморалиштето "Чичино село", му подари 48 кг. прашок за перење.Истиот ден толкава количина прашок за перење му беше подарена и на детското одморалиште "Даре Бомбол"
                33./август/ Беше дадена иницијатива за создавање мостови во информативнатамрежа мегу Скопје и Сараево реализирана со емисијата , наменета за бегалците , "Мостови" од страна на Македонското радио-Канал2000.
                34./август/ Секојдневно беше укажувана индивидуална помош на децата-бегалци во Детската Амбасада во Скопје и беа доставувани писмени известувања до Министерството за труд и социјална политика за дадената помош од Амбасадата во прифатните центри, а со цел за подобра координација во работата.
                35./01.09./ Со Одлуката бр.03-128 Извршниот Колегиум ја именуваше Соња Костова за координатор за отварање  Детски конзулат во Битола.
                36./04.09./ Првата детска Амбасада за Република Македонија го посетија членовите на фондацијата "Едуард Бернштајн" од Бугарија кои изразија готовност да примат 50 мајки со деца во минералните бањи Хасково во Бугарија. На оваа средба двете невладини асоцијации од Македонија и Бугарија се договорија за отварање на Генерален Детски Конзулат во Бугарија со седиште во Софија. Оваа фондација превзеде обврска да обезбеди лекови за детската клиника во Скопје.
                37./04.09./ Првата Детска Амбасада во Скопје беше посетена од Мишо Клачар , член на колегиумот на Детската Амбасада "МЕГАШИ"од Сараево-мајстор за кукли и автор на статуетката -детето "Бушавко",маското на амбасадата.При тоа , таква статуетка му беше врачена на Амбасадата како најуспешна  во згрижувањето на децата бегалци од БиХ.
                38./21.09./ Авиокомпанијата "Вардар-Босна" на Детската Амбасада во Скопја му подари 88 ланч пакети наменети за децата бегалци кои потоа им беа дадени на децата сместени во детското одморалиште "Даре Бомбол"-Скопје.
                39./30.09./  Амбасадор на Првата Детската Амбасада во Светот- Македонија Коле Ангеловски  упати апел до Генералниот секретар на ООН-Бутрос Бутрос Гали, до УНИЦЕФ и до Европскиот совет за симнување на грчкото ембарго за транспортот на македонската нафта заробена во солунските пристаништа и предупреди на катастрофалните последици кои им се закануваат на децата од Македонија и на децата-бегалци.
                40./септември/ Во соработка со Шаховскиот Сојуз на Македонија ,Првата Детска Амбасада постигна договор за организирање на Шаховски натпревар за деца до 12 години и за обезбедување учество на 4 дечиња-амбасадори од Македонија кои би учествувале на светската -детска Шаховска олимпијада во Линарес - Шпанија.
                41./септември/ Постигнат е договор за учество на Амбасадата на Мировната конференција што се одржа во Охрид на 05.11.1992 год.,со научната трибина на тема "Децата и последиците од војната".
                42./01.10./  Амбасадорот Коле Ангеловски се обрати со писми до Бутрос Гали,Генерален секретар на ООН,до УНИЦЕФи до Европскиот совет со апел овие светски мегународни организации да извршат притисок над Грција за да ја прати македонската нафта бидејки зимата беше на прагот и постоеше опасност болниците и училиштата да престанат со работа.
                43./07.10./Првата детска амбасада со апел се обрати до сите граѓани на Република Македонија да се престане со манипулирање со децата во политички цели.
                44./08.10./Во организација на Првата детска амбасада и во соработка со фондацијата "Едуард Бернштајн" од Бугарија и Адријана Ташкова,координатор за отварање Генерален Конзулат на Прва детска амбасада во Бугарија,42 деца заедно со своите мајки беа испратени на едно годишен-бесплатен престој во градот  Велинград -Бугарија.
                45./22.10./Првата детска амбасадаа беше посетен од г-дин Ханс Јирген Мет, координатор за Република Македонија на хуманитарната организација "Каритас".На оваа средба двете невладини  асоцијации се договорија за натамошна заедничка грижа за сите деца кои престојуваат и живеат во Македонија.
                46./23.010./Првата детска амбасада преку Анкица Кураица, раководител на стручен тим за спортски активности при Амбасадата и Бојан Кураица , шаховски велемајстор и почесен член на Колегиумот,упати јасно писмо-покана до Анатолиј Карпов , потписник на Договорот  за одржување на детска-светска шаховска олимпијада во Линарес-Шпанија,со цел подобро да ја запознае македонската јавност со пропозициите и отпочнувањето на олимпијадата.
                47./27.10./Првата детска амбасадаа одржа прес конференција на која ги запозна средствата за јавно информирање со актвностите околу Мировмата конференција и Неделата на затишје прогласена од УНИЦЕФ ,а прифатена од Детската амбасада и подржана од апрлот на Стефан Миленковиќ-Прво Дете амбасадор.
                48./29.10./Првата детска амбасада  беше посетена од  г-дин Рамон муњагори,претседател  на шпанскиот комитет за помош на децата-бегалци и г-дин Томас Хименс, претставник од Мурсија(Шпанија), исто така за помош на децата-бегалци. Во разговорот беше истакната подготвеноста на Шпанија за упатување на хуманитарна помош за децата-бегалци згрижени во Република Македонија, како и згрижување одреден број деца и мајки од Република Македонија во Шпанија.
                49./05-08.11./Учество во Мировната конференција во Охрид  со трибина на тема :"Детето и последиците од војната".
                50./07.11./За време на Мировната конференција во Охрид, Првата детска амбасада потпиша договор со г-дин Хозе Палау и г-ѓа Франческа Севквиљо за згрижување на 300 мајки со деца-бегалци на период од 6 месеци и нивна дестинација во Шпанија.
                51./16.11./Преку детската амбасада и Шпанското здружение за мир и разоружување,со авионот "Иберија"727 за Шпанија заминаа157 мајки со деца кои ќе бидат згрижени до јули 1993 година.Со Шпанската делегација беше договорено на 24.11.1992 да заминат уште170 деца и мајки,а на 28.11.199 во третата група во Шпанија би отишле уште 175 деца и мајки.
                52./ноември/Првата детска амбасада успешно посредуваше во пронаоѓањето на Авази Самија,мајка на детето Авази Демир кој беше ра зделен од неа два месеца.
                53./ноември/Првата детска амбасада преку г-дин Николај Анастасов од Бугарското радио -Балканска редакција,на семејството Мехинагиќ(4) му обезбеди едномесечно бесплатно зимување.
                54./ноември/На 30.11. за Шпанија заминаа 156 мајки со деца, а на 07.12.,во третата група заминаа уште 264 мајки со деца.