Почетна » Извештаи и истражувања » Извештаи


ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ – ОД ПЕРСПЕКТИВА НА ДЕЦАТА

Во текот на летото и почетокот на учебната година 2021/2022, група деца - ученици во неколку основни училишта од Општина Аеродором, подготвија сеопфатен извештај за состојбата на првата на децата што живеат на територија на Општината. Под менторство на тим од Детската амбасада Меѓаши, децата учествуваа во сите фази – од спроведување анкета за испитување на мислењето на децата што живеат во Општина Аердорм, се до подготвока на Извештајот, базиран на сознанијата добиени од анкета, но и од личното искуство. Освен што ги детектираа состојбите, децата дадоа и свои размислувања како може да биде подобрена состојбата онаму каде што треба, во вид на препораки. Нивната остроумна проникливост на внимателно око и увото што слуша има многу да каже и препорача. Веруваме дека советниците од Општинскиот совет ќе ги прифатат со отворен ум нивните забелешки и сериозно ќе размислат за нивните препораки.

Изразуваме голема благодарност на училиштата кои учествуваа во подготовката на извештајот и назначените координаторки од секое од училиштата за поддршка на учениците во изведувањето на активностите.

Исто така, благодарни сме за довербата и соработката и ја почитуваме отвореноста на Општина Аеродром да прифати ваква иницијатива и да направи важен исчекор што веруваме ќе им даде поттик на останатите локални власти да ги консултираат и најмалите по возраст свои граѓани, особено за прашањата што директно влијаат и ги засегаат децата. Секој граѓанин има своја перспектива и сечија перспектива треба да се слушне!

PDF...