Почетна » СОС телефон » Вебсајт


Услови за конкурирање за 

Компании или поедници кои дизајнираат, развиваат и реализираат вебсајтови

 

 

I. Општи информации  

                    Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Меѓаши) е невладина, непартиска и непрофитна организација чија мисија е заштита на децата и нивните права. Мандатот на Меѓаши е заштита и одбрана на детските права преку што се стреми кон остварување на својата визија за „Поправеден свет за секое дете“. Овој мандат е отелотворен во секоја активност, програма или проект што Меѓаши го спроведува, во секоја иницијатива за застапување на правата на децата и во секоја услуга што организацијата ја обезбедува.

 

III. Цел

Главната задача на ангажманот е дизајн, изработка и имплементација на јавен, широко достапен вебсајт, што ќе нуди и опциии за директна комуникација (чет, форум и блог), како  и сопствен веб портал и систем за управување со содржини (a custom-made web portal and content management system) за Линијата за помош на деца и млади на Меѓаши.  Вебсајтот ќе ги интегрира постојните апликации на Линијата за помош (СМС, ФБ и вибер) и ќе треба да се интегрира со софтверот АСЕЛО по целосната изработка на страницата, како и други области.

 

IV. Задачи, одговорности и временски рокови

Главната задача на ангажманот е дизајн, изработка и имплементација на јавен, широко достапен вебсајт, што ќе нуди и опциии за директна комуникација преку чет и систем за управување со содржини (content management system) за Линијата за помош на деца и млади на Меѓаши.  

 

  1. Задачи/Барања

Изработка на систем за управување содржини - Создавање или дефинирање систем/платформа за управување со содржината (content management system/platform) што ќе дозволи нетехнички персонал од Меѓаши да ажурира веднаш содржини на вебсајтот на определени страници од сајтот. Поконкретно:

-          Поставувањето документи и медуимски содржини на вебсајтот преку CMS мора да биде неограничено како и да може да се пребарува на најпознатите пребарувачи.

-          Креирање нови страници на вебсајтот – администраторот на вебсајтот мора да биде во можност да става / дизајнира содржини на таа страница (пасуси и слики што се користат на веб страницата) со минимално познавање само на HTML,JavaScript & CSS. Исто така, додавањето на новосоздадените страници во главното мени со категории и подкатегории треба да биде едноставна задача преку додавање, ажурирање и зачувување.

-          CMS мора да има можност да создава корисници и групи на корисници и да назначи кој какви овластувања има. Сите промени направени со употреба на CMS од овластените корисници мора да бидат најавени во веб апликацијата.

-          Повеќејазичен: интерфејсот и содржината на вебсајтот ќе бидат на три јазика (македонски, албански и англиски), затоа CMS на вебсајтот мора да му овозможи на администраторот да прикачува секаков вид на податоци и содржина на трите јазика.

-          Компатибилност со различни прелистувачи (Cross browser compatibility): предложената веб апликација мора да може да работи на сите видови веб прелистувачи подеднакво (Edge, Firefox, Chrome, Safari и Opera).

-          Можност за користење на CMS делот за ажурирање на вебсајтот преку мобилен уред.

-          Пребарувач на вебсајтот: целата содржина на сајтот мора да биде индексирана и да може да се пребарува, а резултатот што се враќа мора да ги потенцира клучните зборови и да ги отстрани дуплираните резултати, мора да биде достапна напредна можност за пребарување за да се создаде подобар механизам за пребарување

-          Галерија: вебсајтот треба да има готови алатки за создавање галерија со фотографии или видео галерија.

-          Видеа: Да има можност за директно повлекување видеа од YouTube однсоно со пишување URL или други страници наместо да се обидуваме да ги преземеме и ставиме на сајтот, што предизвикува проблеми.

-          Можност за вметнување на HTML код во страниците на CMS.

-          Можност да се додава, модифицира, или избрише една или повеќе страници без никакво нарушување/паѓање на сајтот.

-          Можност за додавање банери или слики што може да се кликнат на која било страна од почетната страница на сајтот.

-          Какви било нови технички решенија се добредојдени.

Флексибилност во додавање текст, подигнати датотеки, надворешни линкови и слики на сите страници

 

КРИТЕРИУМИ ЗА КОМПАНИЈАТА/ВЕБ ДИЗАЈНЕРИ ПОЕДИНЕЦИ И СТРУЧНИ ПОЗНАВАЊА:

Добро етаблиран/а високо квалификуван/а искусен/на поединец или компанија, кој/а има искуство во изработка на веб портали и решенија за менаџмент/управување со содржини според потреби, интеграција на податоци и АPI, како и експертиза со успешни примери во однос на:

  • Успешно дизајнирани вебсајтови
  • Корисничко искуство и тестирање на употребливоста/функционалноста
  • Архитектура на информации (information architecture)
  • Подобар опсег на е-услуги (better e-services reach)
  • Проширување на капацитетот на услугата преку интернет (онлајн услуги)
  • Проширување на опсегот на повеќе платформи
  • Изработка и поставување на вебсајт
  • Хостирање на вебсајт
  • Стратегија на содржина (content strategy)
  • Интеграција на податоците со моменталните апликации и платформи
  • Респонзивен дизајн

Искуство со граѓански орагнизации или хуманитарен контекст ќе се смета за предност.

 

Повеќе...