Почетна » За Амбасадата » Како настана и започна идејата?


КАКО НАСТАНА И ЗАПОЧНА ИДЕЈАТА?

Создавањето на Првата Детска Земја “МЕЃАШИ” и Првата Детска Амбасада во Светот (ПДАСМ)

Пред распламтувањето на војната во поранешна Југославија, на 08.06.1991 година, во малото место “Меѓаши” на тромеѓјето на Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска беше прогласена Првата Детска Земја на Светот “Меѓаши” и ПДАСМ. Творецот на идејата, г-дин Душко Томиќ (правник од Сараево), се надеваше дека создавањето на Првата Детска Земја ќе влијае врз согорувањето на националните и верските страсти кои се повеќе растеа. “Меѓаши” како прва Амбасада на децата, беше силно медиумски пропратена  во сите поранешни Југословенски републики и во Европа.

 

Во Април 1992 година од Сараево во Скопје стигна драматичен повик: Амбасадата бара привремене евакуација на илјадници деца кои треба да ги спасиме од серазурнувачкото дејство на гранатите. Првиот воспоставен воздушен мост беше Сараево - Белград и Сараево - Скопје. Потоа, започнаа конвоите за Шпанија, Франција, Австрија ... Организатор: Амбасадата “Меѓаши”. Десетици илјади мајки со деца од сите вероисповести и националности најдоа спас преку Амбасадата.


На 29.Април 1992 година, во Скопје, Гордана и Драги Змијанаца ја формираа и започна со работа новата невладина и непартиска асоцијација во рамките на семејството “МЕЃАШИ” и со одобрување на творецот на идејата - Прва Детска Амбасада на Светот 'Меѓаши” со седиште во Република Македонија.

 

Амбасадата “Меѓаши” во Сараево поради тешките услови не беше во можност да ја развива идејата. Таа ги спасуваше децата од смрта надвиена над босанското небо. Амбасадата “Меѓаши” со седиште во Скопје ја презеде улогата да ја шири оваа благородна идеја во светот. Од самиот почеток Амбасадата на децата бегалци од поранешна Југославија им помогна во Македонија да најдат привремено згрижување и им овозможи дестинации во други европски држави.

 

По една година во Македонија свои канцеларии отворија многу други меѓународни организации кои исто така започнаа да се грижат за бегалците вклучувајќи ги и децата. Од друга страна, блокадите на кои беше изложена Македонија (грчкото ембарго), падот на стопанството (затворањето на пазарот со бившите Ју републики), преструктуирањето на општествениот систем, нанесоа несогледиви штети и последици кои индиректно и директно ги погодуваа децата. Тоа беше знак дека Амбасадата треба да започне со работа и на други проекти и активности.

Меѓаши  1992-2009

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

17 години за децата