Почетна » Архива » 1993



          РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО ТЕКОТ НА 1993 ГОДИНА
 
    1. Дочекот на Новата  1993  година  го  реализиравме  со    мировна манифестација со симболично фрлање 101  роза  во     реката Вардар од Камениот мост,  и  пуштање  на  гулаби.     Целата акција беше пропратена со касетна музичка изведба    на Детскиот хор "ПИКОЛО"  колективен  член  на  Детската    амбасада. Розите во реката Вардар ги фрлија учениците од    Ц.О.У. "Владимир Илич Ленин".
    2. На 10 Јануари во соработка  со  Францускиот  Културен    Центар, пристигна 2,5 Т договорена хуманитарна помош  од    Францускиот град Сент Сир Мер. Гостите  од  Франција  на    децата бегалци во камповите и на децата без родители  во    Детскиот  дом  "11  Октомври"  од  Скопје  им   подарија    прекрасни играчки  .За  возврат  децата  беа  подготвиле    рецитал  на  песнички   на   македонски,   француски   и    српско-хрватски јазик.
          3.  На  14.01.1993  Детската  амбасада  заедно  со    "Катланово  турс"  Организира  приредба  накоја   децата    бегалци  се  претставија  пред  своите  другарчиња    во    Ц.О.У."Кирил Пејчиновиќ", со лични изведби.     
      4. На 28.01.1993 година на семинар во Холандија  замина     г-ѓа Олга  Мурџева  Шкариќ  -  член  на  Колегиумот  на     Генералниот конзулат на Детската амбасада за  Република    Македонија.Службеното  патување  таа  го  искористи,    воедно јавноста во Холандија да ја запознае со идејата    за Детската амбасада, да стапи во директен контакт со    г-динРодни   Даниел   претседател   на   Институтот   за    меѓународни  работи  на  Франција  од  Париз,   европски    експерт и добитник на признанието "Човек на годината" за    1992/93  од  Универзитетот  на  Кембриџ.Врз  основа   на    интересот  на  г-дин  Даниел  Генералниот  конзулат   на    Детската амбасада за Република Македонија да  се  здобие    со статус на постојан посматрач во Генералното  Собрание    во рамките на  ООН  со  статус  на  амбасадор,  Детската    амбасада го прогласи за почесен конзул и мисионер со цел    што поскоро да се реализира поставената зада
     5. На 05.02.1993, генералниот секретар Гордана Змијанац    и  членот  на  Колегиумот  м-р  Драги  Змијанац  беа  во    службена посета  на училиштето "Моша  Пијаде"  од  Долна
    Жупа-Дебар.    Тие се интересираа дали во ова училиште се манипулира со    децата  во  политички  цели  и   надминување   на   веќе    постојните  проблеми  со  цел  децата  што  поскоро   да    продолжат со настава.Од разговорот со учениците, одборот    на родителите и наставниците, тие  констатираа дека:    -  повеќето  деца  не  го  познаваат  Турскиот  јазик  и    влијанието на политичките партии е длабоко навлезена  во    училиштето.Децата се присилени да ги прифаќаат ставовите    и мислењата на возрасните односно да  не  ја  посетуваат    наставата  се  додека  не   се   одобрат   барањата   на    родителите.
    Овој проблем беше елабориран и на Колегиумот на Детската    амбасасда  на  08.02.1993,  кој   го   зазеде   следниот    став:единствено што може Детската амбасада да  стори  во    овој случај е да апелира децата да ја следат наставата и    есзллоупотребуваостстостигнуполиоли
           6. Екипата на Детската амбасада составена  од  10    дечиња од различна националност од О.У."Јане  Сандански"    од  Скопје  меѓу  кои  имаше  и   две   дечиња   бегалци    учествуваше  на   манифестацијата   "Снежен   град"   во    организација на Пионерскиот дом "Карпош" во периодот  од    16 до 22.02.1993 година. Учениците на оваа манифестација    се претставија со изградба на објектот -  макета  проект    на Детската амбасада.Генерален  спонзор  за  учество  на    нашата екипа беше П.П. "Сани-ком" од Скопје.
           7. Во текот на јануари и февруари,  исто  како  и    изминатата година многу  родители  на  деца  бегалци  се    обраќаа  кај  нас  за  помош.  Претежно  бараа   да   им    обезбедиме училишен прибор, зимска гардероба и храна  за    деца.Овие поединечни и колективни  случаи  ги  решававме    позитивно благодарение на многуте донатори од земјата  и    странство( пред се Шпанија, Франција, Данска и др.)
 
    8.  Многу  мајки  со  деца-бегалци,   поради   сложената    економска  и политичка положба во нашата  република,  се    обратија кај нас да им обезбедиме бесплатна  дестинација    во други земји во Европа.Ние досега дестиниравме неколку    илјади мајки со деца  во ШПанија,  Холандија,  Белгија,    Данска, Германија, Чешкословачка,  Бугарија,  Словенија,    Хрватска   и   Турција,   а   за   останатите   кои   се    заинтересирани  за   дестинација   очекуваме   позитивен    одговор од Бугарија,  Швајцарија,  Холандија,  Данска  и    ШПанија.
          9.За остварување  на зацртаните програмски  задачи    и  реализација на проектите  зацртани  за  оваа  година,    Генералниот конзулат на Детската амбасада  за  Република    Македонија е принуден и понатака  да се обраќа до  многу    акционерски    друштва,    приватни    и     општествени    претпријатија заради обезбедување на спонзорство.
    10.  Во  јануари  и  февруари  1993  година  Генералниот    конзулат на Детската амбасада за Република Македонија го    посетија претставници на повеќе странски организаци  кои
    се интересираа  за  активностите  и  изразија  желба  за    соработка:   -  г-дин  Едуард  Мек  Лејн,претставник  на    Интернационалната организација за миграции и  кординатор    за Македонија, Србија и Црна Гора;    - г-дин Макс Фахрни, координатор на Швајцарскиот одел за    помош во случај на катастрофи и невољи;    -  д-р  Филип  Шазеранс   од   Париз,   претставник   на    хуманитарната организација "Лекари без граница".    -  г-дин  Христос  Матис,  претставник  од   Грција   во    Европскиот парламент;    - г-дин Горан Цветковиќ, режисер од Белград  претставник    на Фондот за хуманитарно парво;    - г-ѓа Гири Растен  генерален  секретар  на  Хелсиншкиот    Комитет на Норвешка и г-дин Томас Ватско  од  норвешкиот    Хелсиншки парламент.
 
               Т Е К О В Н И   А К Т И В Н О С Т И
 
    1. Проектот за организирање и  водење  на  "Центарот  за    кризни  состојби  во  детството  и  адолесценцијата   со    теле-апел служба и психолошко советувалиште" е  доставен    до Фондот за Отворено општество  на  г-дин  Сорош  и  се    очекува позитивен одговор.    Овој  проект   на  барање  на  Генералниот  конзулат  на    Детската амбасада го подготвија д-р Марија  Ралева  член    на Колегиумот и д-р Мирјана Полазарева член на  Детската    амбасада.
    2. Проектот за отворање на детски конзуларни оделенија е    одобрен од страна на  Министерството  за  образование  и    физичка култура и со него  ќе  раководи  г-ѓа  Веселинка    Иванова,директор на О.У."Лазо Ангеловски" Скопје и  член    на Колегиумот на Детската амбасада.
    3. Мрежата на поврзување на децата на  нашите  иселеници    со децата од Република Македонија  ја  кординира  нашето    дете конзул Калина Мрмевска. Таа комуницира со сите деца    од дијаспората кои се обратиле  до  Детската  амбасда  и    наскоро се очекува  да им  се  испратат  видео  и  аудио    касети од македонската  продукција  за  деца,  натамошно   ширење на идејата за Детската  амбасада  и  отворање  на    детски конзуларни  одделенија   во  Австралија,  Канада,    Америка и Франција.
    4. За годишнината на Генералниот  конзулат  на  Детската    амбасада за Република Македонија се планира промоција на    Збирката(научен проект на група волонтери психолози  под    раководство  на   м-р  Линка   Ќостарова   Унковска   на    тема:"Децата-бегалци и  последиците  од  војната".Тоа  е    единствен    научно истражувачки проект за децата бегалци згрижени во    Република  Македонија,  а  е  реализиран  од  страна  на    Генералниот конзулат на Детската амбасада  за  Република    Македонија.
      5. На денот на започнувањето на пролетта   Генералниот    конзулат на Детската амбасада на најдобрите  ученици  ќе    им додели дипломи и награди.      6. Во март, Генералниот конзулат на Детската  амбасада    за   Република   Македонија   организира   трибина    на    тема"Интеркултуралното   воспитување   на   децата    во    Република Македонија".
     7. Членот  на  Детската  амбасада  проф.д-р  Никола    Софијанов го подготвува  проектот  за  снабдување  на    детските здраствени домови со неопходната апаратура и    инвентар.Овој проект Генералниот конзулат на Детската    асада за Република македонија го предаде на Фондот за    Отворењно општество и очекуваме позитивни резултати.
    8. Генералниот конзулат за Република Македонија во текот    на јануари и февруари 1993 година за почесни конзули  ги    прогласи: г-дин Славко Јаневски писател  за  деца,  г-ди    Родни Даниел европски експерт од  Париз  и  г-ѓа  Хилари    Клинтон  правник  и  најголем  стручњак  за  заштита  на    правата на децата во Америка.
     Ве молиме  доколку  имате  некои  идеи  со  кои  ќе  го    подобриме  животот  на  децата  во  нашата  република  и    доколку сакате да се вклучите во заедничките  активности    повелете, обратете се.Нашата адреса е, Бул."Илинден"  бб
    Зградата  на  СДСМ(блокот  за  невладини  и   непартиски    асоцијации и здруженија). Телефоните на кои можте да  се    обратите или го најавите вашето доаѓање се: 091/116-064,   236-849.Доколку немате време или можност, а сакате да ни    упатите предлози или сугестии Ве  молиме  тоа  сторетего    преку писмо или порака на факс. Нашиот број  на  факс  е
    091/117-612.
    Ви благодариме на помошта, соработката и довербата.
 
 
    24.02.1993.                         ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
    Скопје                             Гордана Змијанац
 
 
 
          ДЕЦАТА ИМААТ ПРАВО ДА ПАТУВААТ
 
          НЕКОИ АКТИВНОСТИ КОИ НЕ СЕ ПИШАНИ ВО БИЛТЕНОТ
 
        1.На  25.12.1992  Генералниот  конзулат  на   прватаДетска амбасада на  светот  на  Македонија  и  хуманитарнатаорганизација Каритас на децата од детскиот дом "11 Октомври"од Скопје по повод новогодишните празници  им  подарија  160кошули, 50 чивта чевли, 30 чивта чизми и 45 чивта панталони.
 
       2. Во Сабота на 26.12.1992  во  Уметничката  галерија"Даут Пашин Амам"  Генералниот  конзулат  на  првата  Детскаамбасада на светот за  Македонија  организираше  хуманитарен
концерт "Мирна ноќ".
 
       3.На 30.03.1993 година Генералниот конзулат на  прватаДетска амбасада во  светот  и  Фонд  отворено  општество  на Македонија на 500 децата бегалци од камповите во Македонија им  овозможија да ја следат претставата "Игра на светлина и сенки" во изведба на театарската дружина од Националната академија за театарска и филмска уметност"Крсто Серафов" од Софија.
     4.На 6.03.1993 година Генералниот  конзулат  на  првата Детска амбасда нса светот за Македонија,Хелсиншкиот парламет на Република Македонија и Фонд за хуманитарно  право  од  СР Југославија ја започнаа акцијата за  собирање  сведоштва  за воените злосторства од сведоци бегалци од  воените  подрачја на  поранешна   Југославија,   а   сместени   во   Република Македонија.
      5.На 5.04.1993  година  до  Генералниот  конзулат  на првата Детска амбасада на  светот  за  Македонија  пристигна официјален допис и потврда во  која  се  вели  дека  :ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ 'МЕЃАШИ" и Генералниот конзулат на првата Детска амбасада во свеотот за Македонија  се  примени како  придружни  членови  во  Меѓународното   здружение   на просветните работници  за  мир  во  целиот  свет  кои  имаат
советодавен статус во ОНН,УНИЦЕФ,УНЕСКО.
      6. Од истопто здружение  од  Генералниот  конзулат  на првата Детска амбасада на светот за  Македонија  е  побарано отварање на 21 Конзулат во 14 земји во светот.
       7.На 23.04.1993 година  во  Софија  со  посредство  на Генералниот конзулат на првата Детска амбасада на светот  од Македонија се формира Генерален детски конзулат за Република Бугарија на првата Детска амбасада во светот "МЕЃАШИ".
 
      8.НА  8.05.1993  ДЕТСКАТА  АМБАСАДА   УЧЕСТВУВАШЕ   ВО МЕЃУНАРОПДНИОТ МАРАТОН "ТРКА ЗА МИР" ЧИЈА  ОСНОВНА ИДЕЈА  Е
ПРЕНЕСУВАЊЕ И ЗАСИЛУВАЊЕ  НА  ЧУВСТВОТО  ЗА  СЕОПШТ МИР  ВО СВЕТОТ.
 
 
        ШТО НЕ Е НАПИШАНО ВО БИЛТЕНОТ  А  СЕ  ОЧЕКУВА  ДА  СЕ
       РЕАЛИЗИРА
 
 
       1.Реализација на проектот "ЦЕНТАР ЗА КРИЗНИ  СОСТОЈБИ ВО  ПЕРИОДОТ  НА  АДОЛЕСЦЕНЦИЈА  СО  ТЕЛЕ  АПЕЛ   СЛУЖБА   И ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ"  а  треба  да  го  финансира  Фонд отоврено општество на Македонија.
 
      2.Генералниот конзулат на првата  Детска  амбасада  на светот за Македонија и Детска радост  треба  наскоро  да  ја издадат книгата со наслов "ПРАВАТА НА ДЕТЕТО".
 
     3. На 10.06.1993 година Генералниот конзулат на првата Детска амбасада на светот за Македонија и  реализаторите  на успешната  детска  емисија  "Дајте  музика",  а   по   повод завршувањето на  учебната  1992/93  година  ќе  организираат концерт.
 
     4. Од септември оваа година  се  очекува  промоција  на ретставата за деца "Кловнови" од Елен Пармелен  која  треба а се изведе во сите градови на Република Македонија.
 
     5.Реализација на идејата за отварање на Детски културен ентар во Република Македонија.
 
     6. ОРГАНИЗИРАЊЕ  НА  ТРИБИНА  НА  ТЕМА:"иНТЕРКУЛТУРАЛНО ОСПИТУВАЊЕ"
 
     7.МИРАЛЕМ ....  ВЕРОНА,  БУНЕЦ,  БУГАРИЈА,  ШПАНИЈА   
6 ЕСЕЦИ ПОМАГАШЕ ПОСЕБНА ПОСВЕТА
 
      Реализирани активности во мај 93.
 
      1.Со посредство на Генералниот конзулат  на  Дестаката
амбасада "Меѓаши"за  Македонија,  на  18.05.1993  во  Скопје
пристигна  хуманитарна  пратка  со  специјални   прехранбени
артикли за децата заболени од  Целијакија(поради  карактерот
на болеста не смеат да се хранат  со  нормално  обработените
производи од пченица, овес, рж, јачмен). Помошта ја обезбеди
МеЃународната хуманитарна организација "царе" ОД АВСТРИЈА.
 
     2. Младата Калина Мрмевска, студент на прва  година  на
факултетот на Музичка уметност  од  Скопје,  во  класата  на
професор Борис Романов  и  се  претстави  завчера  вечер  на
софиската публика со  музиката  на  Сергеј  Рахмањанов,  две
етиди картини во  Музејот  "Бугарија  и  словенскиот  свет".
Мрмевска свиреше во рамките  на  манифестацијата  "децата  и
музејот". Талентираната пијаниска од Скопје е дете конзул на
Генералниот  конзулат  на  Детската  амбасада  за  Република
Македониоја. 20.05.1993.
 
    3. Генералниот конзулат на првата  Детска  амбасадса  во
светот  за  Македонија   во   соработка   со   хуманитарната
организација "Еквилибар" од Франција,  вчера  на  децата  од
детскиот  дом  "11  Октѕомври"  и  децатаод  Институтоит  за
белодробни  заболувања  им  додели  хуманитарна  пратка   во
играчки. Хуманитарна преатка од ист вид, денес  ќе  им  биде
доделена  и  на  децата   бегалци   згрижени   во   детското
одмаралиште "Стррахил Андасаров" во Љубанци и "Даре  Бонбол"
Водно.
 
    4.Католичката служба за помош од САД  "црс"  и  Детската
амбасасда 28.07.1993 доделија пратка од 38О чифта нови чевли
за бегалците од кампот "Катланово" Скопје.