Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38


Информатор бр. 38


Има ли во Македонија трговија со деца?
Родителската негрижа, потфрлувањето на институциите, организираната мрежа препродавачи на деца и трговија со органи. Сето ова се причини за зачестеното исчезнување на деца во земјава, тврдат експертите.

Светски Ден На СОС Телефони За Помош И Поддршка На Децата
Првата детска амбасада во светот Меѓаши, како дел од меѓународната мрежа „CHI - Child Helpline International“- која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји од целиот свет, веќе четврта година по ред го одбележува 17 Мај - Светскиот ден на СОС-телефоните за помош и поддршка на децата во светот.

Има закон, нема заштита за децата
Трговија со деца, насилство во училиштата и во семејството, злоупотреба на детскиот труд, живот на улица... Секоја година расте бројот на претставки и пријави за кршење на правата на децата. Надлежните институции и натаму тврдат дека децата не си ги знаат правата и оти голем број случаи остануваат неоткриени. Незнаењето, но и нецелосното спроведување на законите се причина децата да не бидат заштитени колку што треба. Со овие констатации е означен вчерашниот Меѓународен ден на детето.

Во училиште не одат повеќе од 18.000 деца
Околу 18.500 деца во Македонија се наоѓаат надвор од училишните клупи меѓу кои 2.000 деца се на улица, известија од „Меѓаши“ на денешната дискусија за „Остварување на правото на образование на децата Роми

Дипломатот од ОБСЕ имал 30.000 педофилски фотографии
Над 30.000 педофилски фотографии и огромен број порно-клипови со педофилска содржина се пронајдени во компјутерот на Норвежанец кој работел како функционер во Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Денес е Меѓународен ден на децата
Денес се облежува Меѓународниот ден на децата - 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Детска порнографија во компјутер на норвешкиот амбасадор во ОБСЕ
Македонија Во стан во една од овие згради во вонбрачна заедница со Македонка, живеел норвешкиот советник на амбасадорот на ОБСЕ.

Децата од Детската амбасада „Меѓаши“ во посета на Министерството за финансии
Заменик министерот за финансии Недим Рамизи денеска во неговиот кабинет во Министерството за финансии прими деца членови на Детската амбасада „Меѓаши“.

Трибина за детските права на интернет
Во организација на Одделението за превенција при полициската станица, денеска во Кавадарци беше одржана трибина на тема „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“

Учениците случајно се нашле на улица за Топи
По оваа информација министерството вчера испрати инспектори во училиштата.

Националната комисија за правата на децата во Република Македонија ги прифати препораките на Македонската национална коалиција за правата на детето
Националната комисија за правата на децата во Република Македонија ги прифати препораките на Македонската национална коалиција за правата на детето утврди следниов со следните предлози за унапредување на работата на Националната комисија за правата на децата во Република Македонија

НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ГИ ПРЕДУПРЕДУВААТ НАДЛЕЖНИТЕ
Прифатилиштата не се спас за децата Роми

Акција за вклучување сите деца во образованието
Нашата земја се приклучува на Глобалната недела на акција 2010 за вклучување на сите деца во образованието, што ќе почнува од денеска, а ќе трае до 25 април

МЕЃАШИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СОС-ТЕЛЕФОНИ ЗА ПОМОШ НА ДЕЦА
Да не се прекршуваат детските права

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ-РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА на 29 април 2010 ГО ПРОСЛАВи СВОЈОТ 18ТИ РОДЕНДЕН.
Во прилог на оваа информација за 18 годишното работење во заштита на правата на децата во македонија и нејзиното постоење и делување ви ги испраќаме позначајните активности што детската амбасада меѓаши успеа да ги реализира во овој период од нејзиното формирање до денес.

Првата детска амбасада во светот стана полнолетна!
Ние во амбасадата „Меѓаши“ ја подигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитувањето на правата на детето. Проговоривме јавно за многуте проблеми со кои децата се соочуваат. Децата нас нe препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и да ги застапуваме - м-р Драги Змијанац, основач на „Меѓаши“ 

Првата детска амбасада со нов извештај и нови проекти за подобар живот на децата во Македонија
Првата детска амбасата во светот Меѓаши преку нашата редакција информира за алтернативниот извештај, презентиран во февруари годинава во Женева. Масовно се кршат детските права, ќотекот царува во училиштата, ова е само дел од проблемите со кои се соочуваат секојдневно децата во Македонија.

СЛУЧАЈОТ НА ПЕДОФИЛИЈА НА ВРАБОТЕНИОТ ВО ОБСЕ БИЛ ПРИЈАВЕН ВО ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ
На СОС телефонот на Првата детска амбасада Меѓаши бил пријавен случај на педофилија на вработен во мисијата на ОБСЕ во Скопје, Тие веќе го пријавиле случајот во ОБСЕ и во полицијата.

Меѓународен ден на децата
Бројот на поплаки поради повреда на правата на децата во Македонија секоја година е во пораст. Во последно време, се зголемува и семејното и насилството во училиштата и на улица.

Норвешката крим-полиција известена за педофилскиот скандал во Македонија
Педофилот од ОБСЕ нема дипломатски пасош

Осомничениот педофил од ОБСЕ злоупотребувал деца?
По анонимно јавување, „Меѓаши“ бара од МВР да ја прошири истрагата за Норвежанецот поради сексуална злоупотреба на деца

Се трага по 4 деца исчезнати само за еден месец
Исчезнувањето на двете деца од Куманово со кои бројот на деца по кои се трага се искачи на четири, ги спротивстави семејствата и невладините организации од една, и полицијата од друга страна. Додека полиција уверува дека се ангажира максимално во потрагата, состојбата на теренот и изјавите на семејствата даваат поинаква слика. Невладината „Меѓаши“ денеска со порака со министерката Јанкуловска – да не ја исклучува веројатноста дека исчезнатите деца се жртви на трговија со луѓе.

Во Женева 54-та сесија на Комитетот за правата на детето-На сесијата се разгледуваше Вториот периодичен извештај на Република Македонија на Конвенцијата за правата на детето
М-р Драги Змијанац директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Кети Јандријеска Јованова адвокат – надворешен соработник на Хелсинсшкиот комитет за човекови права на 27 и 28 мај, 2010 година, учествуваа на 54-та сесија на Комитетот за првата на детето.

Глобална кампaња за образование - Една цел: Настава за сите

Првата детска амбасада во светот Меѓаши и оваа година се приклучи кон Глобалната кампања за вклучување на децата во образование. Во повеќе од 100 земји низ целиот свет, познатите светски фудбалски ѕвезди се здружија со милиони деца со цел сите да имаат можност да одат во училиште и да учат. Покрај тоа што имавме забавен настан на ова многу важно прашање, се надеваме да влеземе во историјата со постигнување на Светски рекорд за најголемиот симултан час.

Препораките на Комитетот за правата на детето при ООН доставени до Владата на Република Македонија по основ на Вториот периодичен извештај и иницијалните извештаи
Комитет за правата на детето



Бушавко бр. 38

Преземи
PDF 623 KB