Почетна » Архива » 1997

Активности 1997

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ "МЕЃАШИ" - Република Македонија (ПДАСМ) со седиште во Скопје на 7.04.'97. во Киншаса-Заир отвори Конзулат. За Конзул беше номиниран Сен.Др.Елила Нкоѕ'оконда . 
СВЕЧЕНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ по повод петгодишнината од основањето на ПДАСМ. На 29 април 1997 година, во Драмскиот театар во Скопје. Програма:1. Собранието го отвори и поздрави г - дин Коле АНГЕЛОВСКИ  Амбасадор на ПДАСМ;2. Писмен Извештај за реализираните проекти и активности;3. Проекција на документарен филм за ПДАСМ 4. Изложба на слики од активности, исечоци од нивини  и цртежи од ликовната работилница5. Врачување Благодарници на активисти и волонтери  кои ја помагаа работата на Амбасадата.6. Детските работилници се претставија со театарската работилница и тоа премиерно со претставата "Училиште за Коловнови" во режија на Драган Спасов Дац и Роберт Велјановски.
Меѓународната асоцијација АЦСА распиша конкурс за урбанистичко-архитектонско решение на ПДАСМ. Во овој проект учествуваа 12 студенти од 8 семестар на Архитектонскиот факултет. Тие направија архитектонски предлог проект за ПДАСМ со одредена локација според урбанистичкиот план за дипломатските претставништва. Со овој проект, од страна на други студенти од Архитектонскиот факултет, беа опфатени и амбасадите на САД и Финска. Свечената промоцијата на проектот беше одржана во Јуни 1997 година.    МАЈ 199726.05.1997  - Детската театарска работилница при ПДАСМ учестуваше на Фестивалот за аматерски и алтернативни театри во Кочани со претставата "Училиште за кловнови".  
15.05. 1997 - Во ноември 1996 година од страна на ИЦЦБ (Интернатионал  Цатхолиљуе Цхилд Буреау - Генева)  и со посредство на г-дин Антун Цирмотиќ - директор на Каритас од Скопје, бевме поканети да учествуваме во проект за Цивилното општество и заштитата на правата на детето. Во мај во Прага се одржа состанок на учесниците во проектот, каде како претставник од стручниот тим на ПДАСМ вклучен во овој проект (Проф. д-р Мариа Доневска, Гордана Пирковска Змијанац и Светлана Трбојевиќ), зеде учество Светлана Трбојевиќ. Средствата  ги обезбеди ИЦЦБ. Како резултат на овој проект излезе трудот Адолесцент Цхилдрен анд Цивил Социетѕ во издание на НГО/УНИЦЕФ Цомимитете фор Цхилдрен ин Централ анд Еастерн Еуропе, Генева, 1997.ЈУНИ 199712.Јуни.1997.ПДАСМ од Асоцијацијата Про Лоцо-Цомитато Риони  од градот Традате - ИТАЛЅ доби хуманитарната помош од 9.716,60 кг  училишен прибор, училишни маси, табли и столчиња, играчки, прехранбени продукти, хигиенски материјал, облека и обувки добиена со посредство на Н.Е. Циро Ди Цостанзо почесен Генерален Конзул на Амбасадата Меѓаши во Цасатеново-Италѕ и Д-р Ламберто Франца  од Песаро. Вредноста на материјалите е проценета околу 3.500.000  лири. Дочекот и распределбата на помошта беа успешно завршени благодарение на волонтерите на Амбасадата Меѓаши: Лидија, Даниела К., Ленче, Емилија, Мишко, Јасминка, Бона, Јулијана, Горан, Соња, Маријана, Марија, Сузе, Евица, Никола, Даниела Н., Митко, Манолија, Ристо, Никос, Боривое, Ацо. и благодарение на членовите на дипломатскиот кор:Снежана Липковска Хаџинаумова и Вениамин Хаџинаумов, почесен Конзул на ПДАСМ. Помошта беше распределена на: СОУ"ИДНИНА", Р.О."Ранка Милановиќ", Р.О."25 МАЈ", Детски дом "11 Октомври", О.У."Лазо Трповски", Градинка 'Орце Николов", Детска болница, Институт за белодробни заболувања "Козле", Завод за рехабилитација, Здружение за заштита на општествените станови и станбено дискриминирани граѓани, Детска градника "25 Мај' клон Хиподром од Скопје.
15 Јуни 1997 Започна реализацијата на ТВ - проект како резултат на договор меѓу ПДАСМ и ТВ ТЕЛМА за емитување  документарни и играни филмови наменети за деца (Хајди, Светот на животните, природата и сл.). Видео касетите се сопственост на ПДАСМ и добиени се во 1995 година како подарок од Конзулатот во Во-Ен-Велин, Франција.  
16.Јуни 1997. ПДАС МЕЃАШИ на родителот Славе Јанковиќ од Тетово, за детето Славица Јанковиќ заболно од епилепсија, подари 4 кутии таблети Ламиктал од 5о г. во вредност од 300 ГМ. Помошта беше обезбедена од Асоцијацијата Про Лоцо-Цомитато Риони од градот Традате -ИТАЛЅ и од Н.Е. Циро Ди Цостанзо почесен Генерален Конзул.20.06-22.06.1997-Кичево. Претставниците на ПДАСМ Јулијана Зоксимовска и Силвија Мишиќ, земаа учество на семинар во организација на Институтот за трајни заедници на тема "Зајакнување на демократијата, влијание врз јавната политика и техники за залагање во кампања".
Прес конференција: Волонтерите на ЅОЅ телефонот при ПДАСМ, го презентираа полугодишниот извештај за работата. На новинарите им беше потенцирано дека бројот на јавувачите и понатака е голем, особено на млади од 13 до 18 годишна возраст и дека е голем бројот на повиците во врска со насилства брз децата. За таа цел беа презентирани статистичките податоци од работата на ЅОЅ телефонот.    
ЈУЛИ 199714.07.-27.07.1997- Словенија. Дејан Спасовиќ и  Ѓорѓи Донев членови на ПДАСМ учествуваа на музичкиот камп "Мусицал еџпериенце" проект во организација на невладината организација МОСТ од Словенија. Учесници: волонтери од поранешна  Југославија (освен од Хрватска) и од Италија, Белгија, Германија, Шпанија, Велика Британија и Финска. Сите учесници се претставија со традиционална музика од сопствената земја и одржаа три концерти во околните градови. . Во април 1998 година излезе ЦД со име "Ш'енкрат" (Уште еднаш). Целокупните трошоци за учество на семинарот беа обезбедени од МОСТ.
2.07-21.07.1997г. Шпанија-Мадрид. ПДАСМ на покана од Сервице Цивил Интернатионал -  Мадрид ги испрати како свои претставници волонтерите Даниела Костадинова и Никос Ефтимијадис за учество на работен камп. Нивната мисија беше да им помагаат на хендикепирани деца кои се згрижени во кампот, на деца без родители и сиромашни деца, како и поврзување на Волонтерскиот сервис на Првата Детска Амбасада во Светот - Меѓаши со Волонтерскиот сервис од Мадрид.АВГУСТ 1997ПДАСМ со своја детска парламентарна делегација  учествуваше на Третата сојузна сесија на Меѓународниот детски парламент што се одржа од 4 до 6 Август во Мунстер, Германија. Мото на Детскиот парламент на оваа Сесија беше "Децата имаат свој став". Поканети беа над 350 учесници од 10 европски земји.  Организатори на овој Меѓународен детски парламент беа: Германската асоцијација за подршка на децата од Берлин (Деутсцхес Киндерхилфсњерк е.В.), Административниот оддел на Вестфалија-Липе и Одделот за деца, млади и семејства на градот Мунстер. Македонската детска парламентарна делегација ја водеше М-р Драги Змијанац, а децата делегати/парламентарци се активните членови на Амбасадата: Илир (17), Илина (16), Ѓакуш (14) и Кристина (13). ПДАСМ имаше свој штанд и се претстави со фотографии, исечоци од печат од странски списанија. Исто така, изврши и видео презентација на документарниот филм снимен по повод 5 години од работата на Амбасадата.СЕПТЕМВРИ 1997Во рамките на проектот  Адолесцент Цхилдрен анд Цивил Социетѕ во организација на ИЦЦБ (Интернатионал  Цатхолиљуе Цхилд Буреау - Генева)  заедно со претставници од повеќе источноевропски Светлана Трбојевиќ учествуваше на состанок во Брисел и на наше големо задоволство, организаторот ја вклучи Македонија (ПДАСМ)  заедно со уште две земји (Литванија и Русија) во активностите на меѓународниот проект "Едукација за подобрување на односите меѓу децата и возрасните". Средствата за пат и престој ги обезбеди организаторот.
ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР (1995-1997)Во рамките на ПДАСМ од септември 1995 година работи Волонтерскиот центар во кој активно во релизација на проектите на Амбасадата се вклучуваат волонтери (најчесто студенти). Токму по тој повод, на 15 септември,  ПДАСМ  одржа прес конференција и ја одбележа двегодишнината од работата на Волонтерскиот центар. Волонтерите се ангажираат во повеќе проекти: размена на волонтери со други меѓународни невладини организации кои го применуваат волонтерскиот пристап во работа; учество на волонтерите во реализација на детските работилници (англиска, француска, италијанска, германска, математичка..); доброволна работа со деца во детските домови, камповите за деца бегалци во земјата и странство. Во Волонтерскиот центар се вклучени над 200 волонтери студенти. За најактивните волонтери на ПДАСМ, секој месец, Драмскиот театар подарува бесплатни 52 билети, а  Градски кина 20 билети. ПДАСМ има воспоставено соработка со повеќе невладини хуманитарни и волонтерски невладини организации во светот: Цхристлицхер фриеденсдиенст (ЦФД) и Курве Њустроњ од Германија, ВИА ИЈУ и Сервис Цивил Интернатионал од Белгија, МОСТ од Словенија, СЦИ и МПДЛ од Шпанија.
ОКТОМВРИ 19972-5 Октомври, Тузла-Босна и Херцеговина. Фатима Шкриељ член на Волонтерскиот центар на ПДАСМ  учествувааше на Семинарот за обука и регрутација на волонтери. Организатор: Институтот за демократија во Источна Европа од Варшава, Полска. Трошоците ги покри организаторот.
23-26 Октомври, Горица-Италија. Ленче Здравева волонтер-студент на Волонтерскиот центар при ПДАСМ учествуваше на Семинарот за "Размена и соработка на заеднички проекти за Италијански и Централно-Источен  Европски персонал и волонтери од непрофитни организации". Организатор ЕТИЦА 97. Трошоците ги покри организаторот.
25-31 Октомври, Словенија. Јана Димитровска, волонтер-студент во Волонтерскиот центар на ПДАСМ учествуваше на програмата за обука "Настап за обука на НВО во работа за ненасилна социјална размена". Организатор САВА од Северна Ирска. Трошоците ги покри МОСТ од Словенија.
Почеток на проектот ЕДУКАЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ДЕЦАТА И ВОЗРАСНИТЕ. Во пилот проектот се вклучени три училишта од Скопје, и тоа: ОУ. "Лазо Трповски",  ОУ."Страшо Пинџур" и  ОУ."Ѓорѓи Пулески". Како волонтери во проектот се вклучени и студенти од Институтот за социјална политика и социјална работа при Филозофскиот факултет. Станува збор за проект на Европскиот конзорциум кој започна да се спроведува од мај 1995 година во сите држави членки на Европската Унија, а од 1997 и во Македонија, Литванија и Русија. Проектот има превентивен карактер и содржи: истражување  на јавно мислење на деца во адолесцентна фаза кое се однесува за односи помеѓу возрасните и  децата, изведено врз популација составена  од  100 деца, според инструменти подготвени од носителот на проект  (Европскиот конзорциум); примена на групна социјална работа во три  основни училишта, каде што членови на групи се деца на адолесцентна возраст  од семејства со нарушени  односи на релација  родители - деца. На групната социјална работа претходеше соодветна обука за педагозите и коедукаторите од страна на Проф. Д-р Марија Доневска од Институтот за социјална работа и социјална политика, а по завршување на третманите (и со децата и со родителите), во мај, јуни '98 ќе  следува евалуација; учество на Европски ФОРУМ на деца и возрасни во Брисел; Пилот проектот се реализира на волонтерска основа. Бидејќи резултатите се позитивни, предлог проектот го доставивме до повеќе фондации за да можеме од септември да го спроведеме во повеќе училишта. НОЕМВРИ 1997ПДАСМ на 13 Ноември во Скопје ја формира Македонската национална коалиција на невладини организации за заштита на правата на детето. Членки се НВО кои во своите програмски цели на активност имаат зацртано имплементација на Конвенцијата за заштита на правата на детето:1. Пријатели на децата без родители,2.Асоцијација за рекреација, забава и другарување,3. Комитет за Меѓународна одбрана на децата на Република Македонија,4.Совет за заштита на децата од сексуална зл;оупотреба,5.Сојуз на дефектолошките друштва на Македонија,6.Конзуларно одделение во Прилеп на Првата детска амбасада во светот "Меѓаши", Скопје, Република Македонија7. Прва детска амбасада на светот-Меѓаши, Република МакедонијаСедиштето на секретаријатот е во ПДАСМ.
Финансиска подршка за лекување и операции (со препорака од Проф. Др Никола Софијанов).- 15.11.1997 г. обезбедивме два бесплатни повратни авиобилети за лекување на девојчето Рувчевска Александра (8 г.) во Германија. Донатор: МАТ;- 11.1997, ПДАСМ за Христијан Димов (4г.) од Прилеп обезбеди 38.000 мкд за операција во Софија, Бугарија. Спонзори: Кореа аутотрејд; А.Д. Осигуривање и реосигурување Македонија; Фершпед; Макпетрол.- Ноември 1997 ПДАСМ за Магдалена Ѓорѓевска (6 месечно бебе) обезбеди 18.000 мкд за операција во Софија. Спонзори: Ѓулсеслер и Кореа аутотрејд.- март 1998 година за Факиќ Ален (14) од нашиот вице конзул доктор Марк Рубо од Франција, Марсеј, пристигна пратка лекови.- Април 1998 ПДАСМ за Иса Каљоши (18 месеци) обезбеди 24.000 мкд за операција отстранување срцева мана во Детската кардиологија во Софија-Бугарија. Спонзори; Макоил, Кореа аутотрејд, Тетекс.

Хуманитарна и стручна подршка - Во ПДАСМ постојано се обраќаат голем број индивидуални случаи на деца со одредени проблеми. Нивниот број од ден на ден расте. Благодарение на членовите на Комитетот на МОД при ПДАСМ, членовите на Советот за заштита на децата од сексуална злоупотреба при ПДАСМ и адвокатот г-ѓа Рајна Костова, одговоривме на околу педесетина пријави за кршења на правата на децата и се обидовме да помогнеме.. Поголемиот број од пријавите се со барање за дискреција и да не излезат во јавноста. Најчесто станува збор за малолетничка бременост, бракоразводни парници и борба за придобивање на децата, сексуална злоупотреба на деца и сл.Исто така, ПДАСМ апелираше за помош на едно семејство чие тригодишно дете изгоре при пожар на барака. На апелот одговорија неколку претпријатиа, општината и месната заедница, со чија подршка семејството "изгради покрив над главата."         ДЕКЕМВРИ 9708.12.1997 Во тираж од 500 примероци од печат излезе четвртиот двојазичен Билтен-Годишник на Амбасадата со наслов "Ние сме иднината". Годишникот ги опфати содржините: работиме за децата, се за децата, светот за нас, центар за другарување, С.О.С. телефон за деца и млади, СИДА, сексуална злоупотреба на децата, целијакија, детски работилници, листата на корисници на дипломатскиот пасош, соработка со други партнерски меѓународни организации, натписи во домашниот и странски печат, хронологија на активности, моја творба, цртежи и песни на деца, извештаи, репортажи и интервјуа. Билтенот "Ние сме иднината" бесплатно го дистрибуиравме до членовите на Амбасадата, дипломатско конзуларните претставништва во Македонија, до невладини организации во Македонија и странство, партнерските организации што ја помагаат работата н Амбасадата во земјата и странство, средствата за информирање во Македонија,  спонзорите и донаторите. Во прилог на Годишникот  поместена е личната карта на Амбасадата. Донатор на Годишникот е печатницата Лоуренс Цостер. Донатор на Личната карта е печатницата Доминант.
На 16, 17 и 18 декември во организација на ПДАСМ се одржа Семинар за ОБУКА НА ВОЛОНТЕРИТЕ НА ПДАСМ ЗА РАБОТА НА Ѕ.О.Ѕ. ТЕЛЕФОНОТ (091 365-460). Програма: Просечно дете - Проф. д-р Мариа Доневска, Институт за соц. пол. и соц. работа при Филозофскиот факултет Скопје; Наркоманија и постапка со наркоман - д-р Славица Кнежевиќ Гајдаѕис, Центар за зависности Кисела Вода; Деца со пречки во развојот - м-р Зоран Ајдински, Институт за дефектологија; Алкохолизам и постапка со алкохоличар - д-р Панде Виденовски, Психијатриска клиника Скопје; Изградување на личноста на детето - д-р Михаил Левенски,Здраствен дом Скопје; Превентивната улога на ЅОЅ телефонот и соработката со здравствените институции - д-р Аспазија Софијанова Спасовска, Детска клиника Скопје;  Децата и нивните права,  м-р Лена Дамовска, Институт за педагогија; Малолетнички бракови, м-р Љубица Чонева, Институт за соц. и пол-правни истражувања; Семејството и (не)насислтвото, Проф.д-р Олга Мурџева Шкариќ - Институт за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје; Центрите за социјална работа, нивната мрежа и улога, Сузана Илиевска - педагог од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
На 17 декември во организација на ПДАСМ во О.У."Ѓорче Петров" во Скопје се одржа трибина за едукација и превенција од злоупотреба на дрогите. Едукатор беше г-дин Миле Гиновски социолог-истражувач. Трибината ја следеа ученици од седмо и осмо одделение како и нивните родителите. 
ПДАСМ за новогодишните празници подари 294 НИКЕ маички за децата членови на Детските работилници и за 35 деца вклучени во проектот "Едукација за подобрување на односите меѓу децата и возрасните". Донатор: Мерцѕ Цорпс Интернатионал.