Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ е најстара граѓанска организација во Македонија за заштита на правата на детето, основана на 29. април 1992. година. Со одбележувањето на 20-тиот роденден го започнуваме одбележувањето на јубилејот. Во план се прес конференции, свечени академии, кампања, забава за волонтери, средби со некогашните деца бегалци, доделувања признанија, инаугурации, документарни филмови, публикации, промотивни материјали, конкурси за деца/училишта, изложби, промоции на збирки поврзани со бегалските кризи во 90те, одбележување на значајни датуми поврзани со децата и нивната заштита... Во овие рамки ќе биде промовирана и Монографија во која ќе бидат опишани позначајните активности и резултати од работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во изминатите 20 години.
