Почетна » Извештаи и истражувања » Периодичен извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието на РС Македонија


Периодичен извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието на РС Македонија

01 јули – 20 декември 2019 година 

Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Да ги земеме правата во нашите раце“, спроведуван од Првата детската амбасада во светот МЕЃАШИ во партнерство со Save The Children. Проектот се спроведува во периодот од август 2017 – декември 2021 година и има за цел да поддржи креирање на респонзивни системи за детска заштита следени од силна легислатива и воспоставени структури и механизми за соодветна примена на детските права.   

Проектот предвидува следење на работата на Собранието на РС Македонија за периодот јули – декември 2019 година, со што се продолжува добрата практика при следење на работата на Собранието започната во 2017 година, а во однос на присуство на теми поврзани со детските права. Извештајот има за цел да направи преглед на нивото на претставување на детските права од страна на пратениците во согласност со Конвенцијата за правата на децата.   

Утврдените наоди и заклучоци не преставуваат целосно отсликување на работата на Собранието, но имаат за цел да ги поттикнат пратениците, собраниските служби и останатите тела во функција на Собранието да стават поголем фокус на детските права во агендата на Собранието а во согласност со Конвенцијата за правата на детето, ратификувана во 1993 година.   

Понатаму, улогата на овој извештај не е само да ја покаже состојбата со примената на Конвенцијата во работата на македонското Собрание, туку во исто време да послужи како алатка за развивање на активности за застапување од страна на граѓанските организации пред Собранието како институција и пратениците во рамките на Собранието.

PDF...