Почетна » СОС телефон » Стратегија за правата на децата


Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје

2023-2027


1. ВОВЕД 

Правата на децата подразбираат многу аспекти вклучувајќи право на семејство и родители, идентитет, физичка заштита, образование, здравствена заштита, заштита на граѓанските права на детето, слобода од дискриминација врз основа на раса, пол, сексуална ориентација на детето, национално потекло, религија, инвалидитет, боја, етничка припадност или други карактеристики, како и низа други права. Градот Скопје сериозно им приоѓа на проблемите поврзани со правата на децата и е решен да ја овозможува и поддржува примената на Конвенцијата за детски права на своето подрачје.

Имајќи предвид дека Националниот план за акција за правата на децата (НПАПД) кој беше донесен во 2005 и ревидиран во 2012 година истече во 2015 година, при што нов акциски план не е изготвен, Градот Скопје смета дека треба да биде адресирано ова прашање и се заложи да го спроведе проектот „Стратегија и Акциски план за унапредување на правата на децата и Акциски план за поддршка на деца на улица/улични деца во Град Скопје“. Намерата беше овој проект да придонесе кон унапредување на правата на децата во Градот Скопје. Целта на проектот беше да се обезбеди поддршка на Градот Скопје во развој на стратегија и механизми со кои во следните пет години ќе се овозможи поцелосна имплементација и промоција на Конвенцијата за правата на детето и ќе се применуваат стандардите на Конвенцијата, со посебен осврт кон стратешко решавање на горливиот проблем на градот - децата на улица.

повеќе...