Етички кодекс
Прва детска амбасада во светот
Меѓаши
Моралните и етички принципи на однесување и промовирање на правилни вредности се основни начела на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и на оние кои работат во истата. Меѓаши континуирано работи на зајакнување на граѓанското движење за заштита на децата и нивните права, како и на зајакнување на функционалноста на институциите во најдобар интерес на детето. Амбасадата го промовира мировниот активизам и волонтерство, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство.
Етичкиот кодекс произлегува од полето на делување на Меѓаши и ги опфаќа клучните аспекти од функционирањето и работењето на организацијата кои се од етичка и морална природа. За сите аспекти од работењето кои не се експлицитно опфатени во рамките на овој Кодекс, се очекува од страна на вработените да се однесуваат согласно принципот за здраворазумско и логично однесување.
Заштитата на децата и нивните права како централна заложба на Првата детска амбасада во светот Меѓаши го опфаќа почитувањето на правата на децата и спроведување на сите правни мерки и други соодветни мерки во случај на нивно нарушување.
Покрај Етичкиот кодекс, одредени аспекти од работењето на Меѓаши ќе бидат соодветно регулирани во Правилникот за работни односи и Куќниот ред (Организациски договор). За да се разбере суштината на функционирањето, начинот на однесување, постапување, регулирање и внатрешна поставеност како и раководење и извршување во организацијата потребно е да се има предвид содржината на сите три документи бидејќи тие би требало да функционираат и да се разбираат како една целина и почитувањето на еден не гo исклучува почитувањето на другите два документи.
Со почитувањето на овој Етички кодекс се очекува да се придонесе кон зајакнување, разбирање и прифаќање на основните вредности во организацијата, ќе се подобри регулирањето на меѓучовечките односи како и одредени одговорности на вработените. Во случај на непочитување на некој од членовите на Кодексот, може да биде изречена дисциплинска мерка која е наведнеа во правилникот за работни односи.
Основни принципи
1) Вредности, цели, визија и мисија
2) Почитување и разбирање
3) Интегритет
4) Почитување на индивидуалноста
5) Комуникација и информираност
6) Помош и соработка
7) Еднаков третман
8) Ненасилство
9) Економичност
10) Злоупотреба
11) Доверливост и професионалност
12) Код на облекување
13) Политичка непристрасност
14) Грижа за угледот на организацијата
15) Подароци
16) Плата
17) Проекти, економски активности и донации
18) Волонтери и други лица кои се привремено ангажирани
19) Солидарност и поддршка
Превземи Етички кодекс на ПДАС Меѓаши тука