ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ
АЛОБУШАВКО - ЛИНИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
Прва детска амбасада во светот Меѓаши
(јануари - јуни 2024)
Воведни забелешки
Работата на АлоБушавко - телефонот за деца и млади е цврсто заснована на принципите на Конвенцијата на ООН за правата на детето, особено правата на децата на приватност и заштита од повреда. Целта на АлоБушавко е да обезбеди поддршка на децата кои имаат потреба од: разговор, форум за споделување информации, прашања и поддршка, поддршка при застапување, лобирање и промовирање на правата на детето. АлоБушавко и овој шестмесечен период од 2024 година, продолжи да функционира преку дежурства, односно беше достапен 24 часа, 7 дена во неделата благодарение на АлоБушавко тимот (Клементина Добревска - психолог и координаторка на АлоБушавко, Маријана Марковиќ - супервизорка на работата на телефонот, Гордана П. Змијанац - в.д оперативна директорка на Меѓаши) како и групата волонтер(к)и (Марија, Даниел, Стефани,Мимоза, Мартина, Весна, Јована, Евдокија, Ангела, Мила, Александра..) кои несебично го вложија и го вложуваат своето време и знаење. Со поддршка од Детската фондација Песталоци во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржана е работата на линијата преку ангажман на 2 операторки. Работата на АлоБушавко тимот на Детската амбасада МЕЃАШИ, како и сите години наназад беше менторирана од Гордана Пирковска Змијанац, основачка и актуелна в.д. оперативна директорка на ПДАС Меѓаши.
повеќе...