Почетна » Општини по мерка на децата


 

Детската амбасада МЕЃАШИ објавува оглас за вработување раководител/ка на проекти.

 

Краен рок за пријавување: 11 декември 2023

 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација што 31 година работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата во Македонија и пошироко, можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисијата и визијата нѐ движат кон креирање општествени промени кои обезбедуваат подобрување на состојбата на децата и младите.

 

Мисија на ПДАС Меѓаши:

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.

 

Визија на ПДАС Меѓаши:

Поправеден свет за секое дете.

 

Доколку се препознавте во наведените вредности и ги разбирате мисијата и визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ, верувате во активно граѓанство и промени, се стремите кон праведност, правичност, функционален систем кој работи во интерес на децата, имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во раководење проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти како и желба за нови предизвици, имате висок интегритет, одговорност и отчетност и доколку сакате да станете дел од нашиот мал но посветен тим прочитајте ги долунаведените критериуми за аплицирање за позицијата Раководител/ка на проекти во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.

 

Квалификации:

- Неформално или формално образование во областа на ненасилната трансформација на конфликти;

- Искуство во областа на Мировното образование;

- Најмалку 2 години работно искуство во раководење, спроведување проекти финансирани од Европската унија и/или меѓународни проекти во областа на човековите права и слободи (детските права и проекти со млади ќе се сметаат за предност);

- Одлично познавање на проектен менаџмент и сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус;

- Напредно познавање и користење на говорен и пишан работен англиски јазик;

- Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа;

- Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери;

- Завршено високо образование;

- Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, посветеност кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите;

- Одлични аналитички способности, работа со рокови, подготвеност за медиумски настапи, способност за навремено и редовно планирање, подготвеност за соработка и способност за поттикнување и мотивирање;

- Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок;

- Возачка дозвола Б категорија.

 

Главни задачи и обврски:

- Управува и обезбедува целосна административна и логистичка координација на проектите во кои е ангажиран/а и редовно известува;

- Управува со текот на имплементацијата на активностите на проектите во кои е ангажиран/а;

- Ги следи сите фактори кои може да влијаат на имплементацијата на проектите и навремено презема соодветни мерки за обезбедување квалитено спроведување на активностите;

- Подготовува и редовно поднесува извештаи до донаторите;

- Работи тимски, соработува, навремено обезбедува административна и техничка поддршка на организацијата кога е потребно;

- Одговорно административно работи, документира, евидентира и архивира важна поштенска и електронска коресподенција;

- Одржува успешна и редовна комуникација со партнерските организации и соработниците;

- Обезбедува одржлив развој на организацијата и овозможува нови активности/содржини значајни за децата и младите;

- Учествува во креирање информативни содржини за активностите (веб-сајт, социјални мрежи) и директни учества на медиуми, во врска со проектните активности и работата на организацијата;

- Се придржува кон основните документи на организацијата (повелбата, кодексот, правилниците и другите акти, визијата и мисијата на организацијата) како и работните планови на активности (годишни, месечни, неделни и дневни) и евалуација на истите;

- Одржува комуникација со донаторите и стои на располагање за било какви информации во врска со спроведувањето на проектите;

- Придонес во други активности на Детската амбасада МЕЃАШИ, извршува и други работи од негова/нејзина надлежност во согласност со законот, општите акти на организацијата, овластувањата и договорите со тимот.

 

Детската амбасада МЕЃАШИ овозможува:

- Работа од дома и канцеларија

- Слободни денови за роденден/и на деца

- Можности за професионална надградба преку учества на обуки доколку работните задачи се одговорно и навремено завршени

- Техничка опрема – лаптоп и смартфон

- Поддршка од тимот за најразлични прашања и потреби

- Детската амбасада МЕЃАШИ вложува во тим кој ги живее вредностите на организацијата и се труди да обезбеди пријатна работна средина, тимска работа, почитување на личноста и различностите.

 

Вид на вработување:

- Работниот однос ќе биде на определено време од 1 година, со можност за продолжување на неопределено време, со пробен целосно платен период од 3 месеци, со 40 часовна работна недела (100%).

- Работниот ангажман предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 50.800 денари.

 

Аплицирање:

- Работна биографија,

- Писмо за мотивација,

- Две препораки од претходните работни места,

- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;

- Потврда за познавање англиски јазик.

- Копија од возачка дозвола

 

Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска адреса info@childrensembassy.org.mk со назнака: „Пријава по оглас за избор на Раководител/ка“ или да биде донесена лично или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ“ 22а, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на Раководител/ка“ најдоцна до 11.12.2023 година. Сите селектирани кандидати/ки кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори.