Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37


Елена Димитриевска и Васка Бојаџи имаа посебна средба со членовите на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации
Васка Бојаџи и Елена Димитриевска беа избрани од страна на самите деца да бидат претставници од Коалицијата и да го претставуваат Детскиот алтернативен извештај пред членовите на Комитетот за правата на децата во Женева. Тие имаа посебена средба со членовите на Комитетот на кој имаа можност да ги искажат своите мислења, ставови и препораки во врска со состојбата со правата на децата во Република Македонија. Тие беа среќни и задоволни од средбата со членовите на Комитетот, како и од фактот што им беше укажана прилика самите тие да го кажат своето мислење за состојбата со нивните права во Р. Македонија.