Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42

Згрижени и независни на своеПредвидено е проектот „Од дом на свое“ да се реализира за една година и во овој период би требало да се вработат некои од овие млади лица во соодветни компании, институции и фирми, според нивните квалификации    
  
Поттикнување на работодавците да вработуваат младинци без родители од детските домови и дом-семејства е целта на кампањата на првата детска амбасада „Меѓаши“, насловена „Од дом на свое“.
Директорот на „Меѓаши“, Драги Змијанац, нагласи дека и институциите каде што се згрижени овие деца треба да посветат максимално внимание за нивно стручно образование, со цел на пазарот на трудот да бидат соодветно квалификувани за да бидат почитувани и прифатени во заедницата и да добиваат повисоки материјални средства.
Змијанац тврди дека децата се подложни на манипулации и злоупотреби, трпат насилство во згрижувачките семејства, но и во институциите од постари штитеници.
- Сметам дека треба да се посвети внимание и на степенот на образование, како во домовите така и во згрижувачките семејства. Некој мора да врши надзор над овие младинци до нивното конечно осамостојување. Дури не е доволно да им се обезбеди вработување, туку и каква ќе биде квалификацијата на тоа вработување - рече Змијанац.
Тој додаде дека, покрај тоа што се дискриминирани кај работодавците, тие се економски нестабилни и ги имаат најниските економски позиции во државата.
- Тие млади луѓе треба да имаат работа за да заработат и да си обезбедат соодветен самостоен живот - посочи Змијанац.
Проектот ќе се одвива во четири фази и ќе вклучува: спроведување на истражување, интервјуа со младинците од установите за сместување деца и младинци без родители и родителска грижа, промотивна медиумска кампања во која гласноговорник ќе биде актерката Весна Петрушевска, која ќе го поттикне интересот на работодавците за вработување на овие млади луѓе, а дополнително ќе бидат организирани и работилници предводени од стручни лица во кои ќе се понуди обука поврзана со аплицирање за работно место.
- Директно од работодавците ќе бараме да вработуваат вакви деца, бидејќи тие се дискриминирани и работодавците однапред ги осудуваат и немаат доверба во нив. Но, овие деца се исти како нас, иако немаат родители. Затоа да помогнеме нивните деца да бидат за пример и да ги прими општеството како што треба - нагласи Петрушевска.
Ивица Јаневски, младинец без родители, рече дека откако излегол од дом за деца без родители, една година бил на улица, но оти сега добил топол дом преку владиниот проект. Сега има работа и добро е прифатен во фирмата, порачувајќи им на сите работодавци да го следат примерот и да вработуваат младинци од детските домови и згрижувачките семејства.
Силјан Костов, кој исто доаѓа од детски дом, смета дека младинците што ќе излезат оттаму и откако ќе почнат да работат треба да бидат надгледувани од институциите.
Преку проектот „Од дом на свое“ се очекува објективно и аналитички да се претстави актуелната ситуација на децата и младинците без родители во Македонија, нивното образование и процентот на (не)вработеност на младите што ги напуштиле установите за згрижување, но и проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Реализацијата треба да заврши за една година, а крајната цел е вработување на овие млади лица во соодветни компании, институции и фирми, според нивните квалификации.
редвидено е проектот „Од дом на свое“ да се реализира за една година и во овој период би требало да се вработат некои од овие млади лица во соодветни компании, институции и фирми, според нивните квалификации  