Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ДЕЦАТА НА УЛИЦАВо дворот на Амбасадата со музичка точка, ликовни творби, изработка на оригами и гимнастички точки децата ќе покажат дека и тие и сите деца во светот се исти, со исти потенцијали, желби и потреби.

 

Според проценката на „Меѓаши“ во Македонија има околу 2.000 деца кои секојдневно се на крстосниците, на улица, питаат, мијат прозорци на автомобили, продаваат под ведро небо. Вкупната бројка на деца кои не започнале со задолжителното образование досега е 18.500, а дури 200.000 возрасни не успеале да го завршат основното училиште. Има од 500 до 2000 деца на улица кои воопшто не се евидентирани во извод од матична книга на родените.

Во Македонија постојат Дневни центри кои се од привремен карактер и згрижуваат деца од улица. Во Скопје постојат четири вакви центри и тоа два кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика и два се раководени од страна на невладиниот сектор. Целта е да се згрижат и оттргнат од улиците, но и да се стекнат со основните хигиенски навики, да им се помогне во учењето и да го поминат денот во игра и безгрижност.  На децата им се овозможуваат услови за задоволување на основните детски потреби исхрана, облека, следење на здравствената состојба, здравствено осигурување, пријавување во матичната книга на родените, организирање на слободни активности за развивање на детската креативност, организирање на културно-забавни посети и рекреативни активности, програми за мотивирање на децата и нивните родители за вклучување на децата во образовниот процес како и психосоцијална поддршка и интервенција со децата и со семејствата на децата.

Дневните центри според Првата детска амбасада не се трајно решение бидејќи тие работат само неколку часа во денот, а кога ќе заминат од центарот повторно се на улица.

Меѓународниот ден за деца на улица прв пат беше меѓународно одбележан на 12 април 2011 година од страна на Конзорциумот за деца на улица (ГСЦ), една од водечките меѓународни мрежи за остварување на правата на децата на улица во светот.

Извор: Курир