Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42

Уште осум ученици го пријавиле професорот за злоупотребаСЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА ГРОЗОМОРНИОТ СЛУЧАЈ ВО ДРАЧЕВО

Уште осум ученици го пријавиле професорот за злоупотреба

Откако тројца од злоупотребените ученици го пријавиле професорот-педофил, храброст собрале и други осум ученици. Директорката на училиштето, Елизабета Ангелеска, најави дека планираат стручна помош за злоупотребените деца за побрзо да закрепнат

Уште осум ученици од гимназијата Браќа Миладиновци во населбата Драчево пријавиле дека биле сексуално злоупотребени од професорот по историја кој минатата недела беше уапсен од полицијата. Откако тројца од злоупотребените ученици го пријавиле професорот-педофил, храброст собрале и други осум ученици. Директорката на училиштето, Елизабета Ангелеска, најави дека планираат стручна помош за злоупотребените деца за побрзо да закрепнат.

Професорот Ј.И.(57), кој е зад решетки, е осомничен дека во изминатите две години сексуално злоупотребил ученици од трета и од четврта година во училиштето. Наместо да учат, ја заклучувал вратата и барал учениците да гледаат порнофилмови или клипови на компјутерот. Ако ученикот се спротивставел, тој се заканувал дека ќе му стави единица по историја и дека нема да ја помине годината. Не го пуштал ученикот да излезе од кабинетот додека не го задоволел сексуално. Професорот бил уапсен на 16 декември откако еден од злоупотребените ученици се охрабрил и пријавил кај класниот раководител. Потоа следувале и пријавите на другите малтретирани деца.

Работното место на уапсениот професор е во мирување. Според Законот за работните односи, ако професорот не се јави на работа шест месеци, а е во притвор, тогаш неговото работно место е во мирување. Ако не е притворен, тогаш професорот ќе биде суспендиран од работа.

- Kога дознавме за случајот подготвивме решение за суспензија на професорот. Но, бидејќи наредниот ден полицијата го уапси колегата на кој потоа му беше изречен и притвор, неговото работно место, согласно законот, е ставено во мирување. Веднаш по немилиот настан, по итна постапка во училиштето беше вработен нов професор по историја - вели директорката на гимназијата, Елизабета Ангелеска.

Полицијата извршила претрес во кабинетот по историја во кој предава пријавениот. Биле одземени компјутерот, списанија и цедиња со порнофилмови. Kомпјутерот бил службен и му бил доделен со проектот „Kомпјутер за секое дете“.

- Kомпјутерите се службени и доделени им се на сите професори. Не можеме да знаеме колегите што чуваат во компјутерите. Ние сме им довериле компјутери за наставната програма, а секој професор треба совесно да си ја извршува задачата - рече Ангелеска.

Директорката н` информираше дека за случајот го известиле Министерството за образование. Според неа, за во иднина да не се случуваат вакви работи, треба системски да се работи на ниво на сите училишта.

- За превенција досега не сум зборувала со никој од надлежните во министерството. Мислам дека тоа треба да се направи нешто системски, на ниво на сите училишта. Kога ние ги вработуваме професорите или наставниците, не им пишува на челото какви се, дали имаат некои психички проблеми и слично, и поради тоа мислам дека пред да се вработат, треба да им се прават тестови - рече Ангелеска.

Уапсениот професор важел за авторитетен и строг професор, а меѓу колегите бил почитуван и најмногу како постар колега со работно искуство од 30 години. Професорите во училиштето со неверување ја прифатиле информацијата.

МЕЃАШИ ПОТРЕБНО Е ПОВЕЌЕ ОД ОСУДА

Сексуалната злоупотреба на ученици во основните и средни училишта е проблем со кој се почесто се соочуваат децата и младите, велат од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Алармантно е тоа што децата од страв, закани и зависност од наставници - педофили кои ја злоупотребуваат службената должност молчат, не ја пријавуваат сексуалната злоупотреба. Во големиот број случаи децата жртвите имаат доживотни последици. Сексуалната злоупотреба над децата е најтешка злоупотреба, најголемио прекршување на детските права и предизвикува с? поголема потреба не само на осуда, загриженост, револт на државните иснтитуции туку и барање на одговорност кога децата се жртви од педофилите во училиштата од одговорните и конечно работа на сите одговорни во педагошко – психолошките служби не само за превенција, туку и охрабрување децата да го пријавуваат злоупотребувачот - вели Драги ЗМИЈАНАЦ од Амбасадата МЕЃАШИ

Според Змијанац, децата треба да се поучат што моѓат сами да сторат ако се најдат во опасна ситуација и со кого да разговараат за тоа.

Училиштата мора поинтензивно да соработуваат со полицијата на било кој начин (писмено, усмено, по телефон) со учениците и родителите, граѓаните, соседите , со стручните лица во Центрите за социјална работа и граѓанските организации

- вели Змијанац

Даниела ВЕЉАНОВСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6734B3AAD4E2B94C8D34563852733C92