Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42

СУДОТ ЌЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ БРАТЧИЊАТА ПРЕЖИВЕАЛЕ ХОРОРСкандалот дека две деца биле психички и физички малтретирани додека биле сместени во згрижувачкото семејство,што го објави весникот “Фокус”,по сведочење на нивната мајка Катерина Ѓеорѓиевиќ,ќе го истражува јавното обвинителство.

Од МВР информираат дека случајот би пријавен во полициска станица “Пролет”,од каде што поднеле посебен извештај до обвинителството.Самохраната мајка обвинуваше дека нејзините две деца на возраст од 11 и 9 години,во 2000 година биле цели четири месеци тепани,изгладнувани па дури и сексуално злоупотребувани,додека биле згрижени во дом семејство.

Од Министерството за труд и социјална работа, пак, велат дека се запознаени со случајот,но ги отфрлуваат обвинувањата на мајката оценувајќи ги како неточни.Децата се одземени од згрижувачкото семејство и се вратени кај мајката поради превентива.Но,важно е да се истакне дека досега не е докажано дека децата биле тепани или,пак на каков било начин злоупотребувани.

Досега сме имале само позитивно искуство со ова семејство бидејќи во минатото таму биле згрижувани и други деца-велат од Министерството за труд и социјална работа.

Отаму додаваат дека социјалните служби вршеле редовни и ненајавени контроли кај ова згрижувачко семејство, при што утврдиле дека се е во ред, а и децата никогаш не се пожалиле.

Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши истакнуваа дека за случајот биле запознаени преку еден сосед на згрижувачкото семејство, кој, наводно, бил сведок на голготата која секојдневно ја трпеле братчињата.

-          од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи добивме одговор дека извршиле увид во посоченото семејство, но не забележале нешто невообичаено. Воедно не информираа дека соседот што го пријаил случајот не бил во добри односисо згрижувачкото семејство велат од Меѓаши.

Оттаму истакнуваат дека е неопходна редовна контрола од стручни тимови во згрижувачките семејства.

Надлежните треба овој случај да го сфатат како лекција од која веднаш треба да се учи. Да не се чека да следуваат повторувања зашто секое повторување значи уште детски солзи, значи гаснење на детската надеж и може да значи гаснење детски живот- велат од Меѓаши.

Семејството Ѓорѓиевиќ се надева дека судот ќе успее да ја изнесе вистината на виделина.