Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


Стигнавме и до 20 годишнината и ШТО ПОНАТАМУ?!?!ШТО ПОНАТАМУ?!?!

Стигнавме и до 20 годишнината а и сами не знаеме како бидејќи во сите тие ургентни барања за помош на децата погодени од војните, децата кои беа злоупотребувани, малтретирани, силувани... ние не помислувавме на бројки, на јубилеи, едноставно немавме време за тоа.

За да не ги заборавиме тие важни датуми, Детската амбасада МЕЃАШИ испраќаше реакции до медиумите и укажуваше колку е важно да се работи со и за децата. Но кога почна да се  спомнува 2012 година ни стана јасно дека нешто мора да направиме, дека некогашните деца (членови, волонтер(к)и, бегалци) очекуваат од нас да ги собереме, како родители кои ги собираат своите деца за нивниот роденден. Тие почнаа да се изнаоѓаат на социјалните мрежи, посебно некогашните деца бегалци и волонтерите/ките и прашуваа кога ќе може да се сретнат? И има ли подобар момент за такво нешто, од јубилејот кој ете чука на врата? Убаво чувство но и обврска.

Предизвиците за Детската амбасада МЕЃАШИ не се сега помали од оние кои што се испречија во 1992 година кога се оформи. Тогаш се здруживме како група граѓани за да им помогнеме на децата бегалци погодени од војната во БиХ, но продолжувајќи со работата и со другите деца, од  Македонија, на површината излегоа за жал многу други тешки проблеми на кои требаше да се работи. За тие проблеми тогаш воопштоне се ни збореше: луѓето немаа слушнато дека децата имаат нивни права, а сексуалната злоупотреба на децата и педофилијата беа табу теми, детскиот труд се сметаше дека не постои тука на овие простори...Сега сите знаеме дека е поинаку, направени се многу промени, а огромен дел од заслугата за нив припаѓа несомнено на работата на Детскатаамбасада Меѓаши. Но, за жал тоа понекогаш изгледа како капка во морето, има уште толку многу што да се направи и сработи. Децата не обврзуваат на тоа, да ја продолжиме мисијата повеќе од кога било порано, и покрај многуте сопки и тешки моменти на опстојување...НИЕ Продолжуваме!!!

Гордана Пирковска Змијанац
основачка на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ
Република Македонија