Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42

Потребна е заедничка стратегија за воспитување на младитеМЕДИУМ Весник за сите средношколци  16 март 2011

Не успеавме да изградиме заедничка стратегија со заеднички вредности во кои младите ќе веруваат и самите и ќе се втемелат. Стратегија со конкретни активности кои ќе помогнат тие да се сплотат и да веруваат во заедничка иднина и заеднички вредности.
 
За последните инциденти меѓи младите, што се случија во Скопје и во други градови во нашата земја се огласи и Драги Змијанац,  извршниот директор  и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Според него кругот на негативно влијаие не е само семејството, училиштето и политичките партии. Големо влијаие имаат и медиумите.

- За жал полицијата ја име се повеќе улогата да ги евидентира и констатира случувањата отколку да делува превентиво во прсекување на тепачките и да делува едукативно, како брана  од можните последици за безбедноста и сугурноста на младите детски животи. Нашето опшетство  не може да се справи со овие девијантни појави кај младите и се сведе општество кое констаира бројки на деца жртви на улично насилство, насилство во јавниот превоз или во училиштето.

А  насилниците кога се во група многу често атакуваат на деца или ученици.. Често тоа се случува во училишниот двор или во негова непсоредна близина,  во јавниот градски превоз, на постројки, таму каде учениците чекаат автобус или во интернет клубови или  кафулиња, што  младите  ги посетуваат по завршувањето  на училишните обврски. Но многу е важно да се нагласи дека тепачките меѓу младите многу често се рефлексија на нетолерантност на разликите на политичките партии во градење иднина и перспектива на сите граѓани или немањето  волја и визија за заеднички вредности кои младите ќе ги сплоти а не разделува, вели  првиот човек на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

За Драги Змијанац исто така проблематични се и влијанијата на политичките и партиски погледи на родителите и на политичките партии за прашања поврзани со интересите и потребите на младите.

- Покрај отуството на програми и активности за негување и почитување на различностите, за градење на толерантно и граѓанско општетсво, во многу случаи самите партии кои треба да ги застапуваат интересите на граѓаните говорат со омраза и нетлерантен речник во законодавниот дом, во собраниските комисии, во разни политички дебати и форуми без притао да поведат сметка кои последици можат да се изродат од говорот на омраза. Младите ја восприемаат оваа реторика на политичарите, родителите не можат да бидат доволен коректор, ниту воспитно образованиот систем е наменет превентивно да делува во надминување на конфликтни и нетолерантни однесувања од страна на младите. НЕ успеавме да изградиме заедничка стратегија со заеднички вредности во кои младите ќе веруваат и самите и ќе се втемелат. Стратегија со конкретни активности кои ќе помогнат  тие да се сплотат и да веруваат во заедничка иднина и заеднички  вредности, потенцира Драги Змијанац , извршен директор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши .

http://medium.edu.mk

Филип ДИМКОВСКИ