Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА
Меѓаши наполни 20 години

Првата детска амбасада во светот, Меѓаши, со вчерашната манифестација во Драмскиот театар го одбележа 20-годишниот јубилеј. Свеченоста ја отворија ученици од средните училишта во Скопје, а веднаш по нив свое обраќање имаше Коле Ангеловски, амбасадор на Меѓаши, кој правејќи ретроспектива на изминатите 20 години, го отслика трнливиот пат по кој минале и предизвиците со кои амбасадорите се соочиле низ годините.

-Пред 20 години на драматичен повик од Сараево ги згриживме бегалците од БиХ. Тогаш не бевме формирани туку како неформална група на граѓани решивме да ја пружиме тогашната југословенска солидарност. По 20 дена формиравме официјално здружение на граѓани, истакна Драги Змијанац, првиот човек и еден од основачите на Меѓаши. Детската амбасада го овозможи функционирањето на СОС-телефонот за деца и млади, бесплатната правна служба и отворањето на дневниот центар за деца на улица.

-Го подигнавме прагот на нетолерантноста кон педофилијата, сексуалната злоупотреба и родосквернавењето. Проговоривме за невидливите деца кои не се евидентирани во извод од матична книга на родените и за децата кои не се вклучени во воспитно-образовниот процес, вели Змијанац . (С.Р.)