Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


Лани 462 дојавени случаи на злоставување деца

07 февруари 2012  

На СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 во текот на минатата година се регистрирани 235 дојави. Од вкупниот број на дојави само 15 деца се јавиле како дојавувачи. Останатите 220 дојавувачи биле возрасни кои пријавиле вкупни 462 случаи на проблеми кои ги имаат деца. Тоа значи дека во просек една дојава се однесува на две деца. Точно 84 деца од вкупниот број евидентирани случаи биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство. Според податоците на Првата детска амбасада Меѓаши, 86 деца биле незаштитени и изложени на насилство во своето училиште.

Според податоците на Меѓаши, од вкупните 477 случаи, 191 дете биле изложени на физичко, психичко и сексуално насилство, како и негрижа и занемарување. Но тие молчат и трпат насилство и ретко го пријавуваат, бидејќи се плашат. Насилтвото најмногу го пријавувале возразни.

Од амбасадата информираат дека има случаи и кога на СОС телефонот се јавила баба велејќи дека секојдневно била нем сведок на злоупотребата на нејзините внуци. „Гледала а несакала да види, слушала, а несакала да слушна. Дури сега кога нејзиниот живот се ближел кон крајот не сакала гревот да го понесе со себе“, се наведува во извештајот. Затоа се јавила на СОС телефонот и раскажала сe и побарала нејзините внуци да имаат детство како и сите други деца

СОС телефонот за деца и млади функционира веќе 19 години и досега се регистрирани вкупно 18.250 повици. Детскиот СОС телефон претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства.Со телефонскиот повик децата може да добијат помош и информации, стручен совет, психо-социјална поддршка или едноставно да разговораат за проблемите со кои се соочуваат, а за кои немаат со кого да поразговараат. Токму затоа стручниот тим на СОС линијата го сочинуваат педагози, психолози, социјални работници, психотерапевти и волонтери од овие профили кои во разговорите не даваат готови решенија на проблемите, туку разговараат за можни алтернативи за решавање на проблемот за кој се јавиле./крај/со/км

http://makfax.com.mk/#2%2F276848%2Flani_462_dojaveni_sluchai_na_zlostavuvanje_deca