Коле Ангеловски - Амбасадор Кога ќе споредиш, можеби и не се многу 20 години, но се она што го направи Детската амбасада за овие 20 години значи многу, значи многу за сите тие деца на коишто на некој начин им помогнавме, ги згриживме, поразговаравме со нив, се дружевме со нив, учествувавме во нивните проблеми, болки, маки и мислам дека Првата Детска Амбасада Меѓаши како организација е нешто што ќе остави траен белег во животот на цела Македонија.
Сигурно дека првите години кога беснееше војната во Југославија, кога првите бегалци дојдоа, сигурно дека беа извонредно тешки за сите нас што волонтерски со голема љубов одвоивме време, знаење, моќ и се она што го направивме на тие несреќни луѓе да им се помогне. Овде во еден момент имаше 60000 бегалци во Македонија - 60000 судбини трагични, тешки, потресни. Секојдневно се соочувавме со неверојатни приказни, неверојатни трагедии, но ете тоа фала Богу заврши, се смири работата и некако Детската Амбасада се сврте кон она што е да речеме и некоја главна цел, а тоа е во услови на мир да им се помогне на децата за остварување на нивните права, за остварување на она што е голем проблем сега во Македонија, а тоа е недоволната посетеност на училиштата, за тие 18000 деца коишто не одат на училиште, децата на улица, па преку сите овие работилници што ги има Детската Амбасада, па се она што се прави..
Би сакал на некој начин да ги поздравам, да им честитам, пред се на Драги и на Гордана Змијанац коишто еве овие 20 години издржаа во една неверојатна борба, на сите оние волонтери, на сите тие луѓе што пројдоа низ Детската Амбасада и што сеуште одвојуваат од своето работно време да се посветат на децата, да се посветат на доброто на децата, да се спречи што е можно повеќе од сите оние неубави работи што им се случуваат на децата.
Се надеваме дека уште долго
барем следниве 20 години
сеуште ќе бидеме совест на
ова општество и на оваа
држава што се однесува
до децата.
|
|