Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.42


ФАНТОМСКИ ДЕЦА ПИТААТ НИЗ ЗЕМЈАВА
Петок, 30 март 2012 година Весник ДЕН Пишува  Александар Божиновски

УЛИЦИТЕ ПРЕПЛАВЕНИ СО НЕРЕГИСТРИРАНИ МАЛОЛЕТНИЦИ

ФАНТОМСКИ ДЕЦА ПИТААТ НИЗ ЗЕМЈАВА

Првпат се објавува бројка за овие несереќници што не се регистрирани никаде, па отаму законски никој не е должен да се грижи за нив
 
Најмалку 370 деца – питачи во Македонија се оставени сами на себе, со родители кои наместо да се геижат за нив, заработуваат на нив, но и без никаква можност за помош бидејќи за државава – тие не постојат. Оваа шокантана бројка, која може да биде многу поголема, но никкао помала, ја соопшти канцеларијата на Народниот правобранител, а произлезе од нивно истражување и првпат ја објавувава една државна институција. Уште една лоша вест е дека само девет од вкупно 14 центри за социјална заштита имаа некаква евиденција за овие деца. Вкупно ви државава има најмалку 1.000 деца – питачи, покажува ова истражување.

- Истражувањето го направивме на територијата на целата држава, но ова не се егзактни бројки. Откривме дека најголемиот дел од институциите воопшто не се ни занимаваат со овој проблем. Ако едно дете не е наведено во матичната евиденција, тоа, според законот не постои. Овие деца законски немаат никакви права. Најмногу ги има во Скопје, Битола и во Кичево – вели Уранија Пировска, претставник за медиуми во канцеларијата на Омбудсманот.

   Според ова истаражување, околку 95 проценти од евидентираните деца на улица се од ромска заедница. Најголем број од овие деца имаат родители, а се принудени и понекогаш  злоупотребени денот да го поминуваат на улица. Децата – питачи за кои постои извод од матичната книга на родени, во најголем процент не се вклучени во образовниот систем, односно само 17 проценти од нив посетуваат настава. Дел од овие деца, околу 8,5 проценти, се евидентирани и како сторители на казниви дела.

Но, спред  Прва детската амбасада во светот „Меѓаши“,  проблемот е посериозен отколку што покажува ова истражување на Омбудсманот.

Во Македонија сеуште има деца кои не се регистрирани во извод во матична книга на родените  и немаат соодветна документација за идентификација што претставува пречка во остварување на сите останати права кои на децата им следуваат односно ги имаат во еден правен систем. И понатаму непоседувањето на лични документи е пречка за децата да се вклучат во образование, да добијат пристап до здравствените и другите јавни услуги, вклучително и детскиот додаток. Неформалната бројка на неевидентирани деца во изводот од матична книга на родените се движи меѓу 500 до 2000 деца. Најголем дел од овие деца доаѓаат од маргинализираните групи како улични деца, деца кои не се вклучени во редовниот образовен процес и сл. Најголем број од оваа категорија се Роми.

Најчесто неевидентираните деца се деца кои немаат основни услови за егзистенција, постојано се на улица, питачат и се жртви на  трговија со деца и детска проституција-вели Драги Змијанац извршен директор и основач Прва детска амбасада во светот Меѓаши

ДРЖАВАТА ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ ПОМОГНЕ

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, лани во октомври најави и посебна мерка за вработување на родителите на децата – питачи кои најчесто не работат ништо. За време на летнта сезона акцентот ќе биде ставен на Охрид бидејќи деца од други неста биле носени во овој град за да питаат, велат од Министерството. Тој вети и дека центрите за социјална заштита ќе помогнат и околу документацијата за децата. Засега не се познати резултатите од оваа акција.