Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40

МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ НА ФОРМАЛНИОТ ВОСПИТНО ОБРАЗОВЕН СИСТЕМПрвата детска амбасада во светот – Меѓаши во април 2011. започна со спроведување на проектот за мировно образование заедно со партнерската организациј KURVE Wustrow од Германија со која има долгогодишна соработка. Проектот има за цел на сеопфатен начин да се укаже на потребата од воведување на мировно образование во состав на формалното образование на Република Македонија, промовирајќи ги мирот и ненасилството како основни вредности кои треба да се вградат во наставните курикулуми. Од 4-9 април во хотелот Славија во Охрид беа одржани работилници за планирање на проектот и беше потпишан договор за соработка со партнерската организација. Исто така, би сакале да го истакнеме нашето задоволство и добредојде на колегата Себастијан Швајцер кој е ангажиран како civil peace worker во нашата програма за мировно образование. Проектот ќе трае 2 години со можност за продолжување, а е финансиран од Германското федерално министерство за економска соработка и развој.