Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38

Денес е Меѓународен ден на децата Денес се облежува Меѓународниот ден на децата - 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Правата на децата во Македонија се остваруваат согласно Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации и законска регулатива во Република Македонија.

Најновите истражувања на Првата Детска Амбасада во светот "Меѓаши" од Македонија, покажуваат дека дури 70 % од децата во нашата земја не знаат ниту едно свое право. Значително мал број на деца бараат помош од училишните психолози и педагози, а за своите права најчесто дознаваат во училиште.

Непријавена и неказнета најчесто останува злоупотребата на детскиот труд, кога родителите ги тераат децата да работат. Правобранителството бара децата од улица да влезат во посебна категорија на заштита, како и да се отворат посебни центри во кои би се третирале децата зависници од дроги, но и трговија со деца.

Секоја година повеќе од 1 000 деца во Македонија се жртви на полови напади, најчесто од своите родители, пријатели или соседи. Статистиките покажуваат дека 18 000 деца до 18 години не одат на училиште. Околу 2 000 деца се на улица и тие најчесто се жртви на злоупотреба. Исклучени од воспитно-образовниот процес, тие најчесто се жртви на сексуална злоупотреба, на педофилија, трговија со деца и слично.