Почетна » Архива » 2007


СТОП! На насилството врз децата 
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши започна со кампањата против насилството врз децата во Македонија.
 
Потикнати од последните претепуванја на две деца до смрт и поразувачкиот пораст на бројот на јавувања поврзани со насилство (18,6%  во 2006 за разлика од 2% во 2000 година) на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 (бесплатна линија), одлучивме да стартуваме со кампања за подигање на свеста за потребата од застита на децата од секаков вид на насилство, како и потикнување на граѓаните да го пријават насилството. Распоредени на различни локаци околу центарот на Скопје, веќе една недела можат да се забележат 15 билборди со различни пораки: “Дали денеска го гушавте вашето дете?” и "СТОП! На насилството врз децата”.

   билборд 1        

   болборд 2

   билборд 3        

  билборд 4

Кампањата ќе трае еден месец и оние кои сакаат да ги поддржат активностите на Амбасадата Меѓаши, тоа можат да го сторат со повик или смс кон Космофон телефонскиот број 075/ 14 34 24, и Т - Мобиле 070/ 14 34 24 со што се донираат 50,00 денари, односно 100, 00 денари, или пак на нашата жиро сметка : 

 
Прва детска амбасада во светот - Меѓаши
200000010722372
Стопанска банка а.д. Скопје

Посебна благодарност упатуваме до Акцент Медиа за бесплатно отстапениот простор за билбордите, Македонски телекумуникации за бесплатната СОС линија и до Космофон и Т - Мобиле за отстапените телефонски броеви за донирање средства за оваа кампанја.

Со надеж дека оваа кампанја ќе ги поттикне возрасните да им посветат повеке љубов и внимание на децата, Првата детска амбасада во светот - Меѓаши Ви благодари и Вам на поддршката