Застапување на правата на децата
Првата детска амбасада во светот Меѓаши покрај проектните активности поврзани со заштита на детските права има бројни активности кои ги спроведува вон проектите. Посветеноста кон заштитата на детските права, кон нашата визија и мисија многу често значи и поддршка на граѓански иницијативи, следење на јавни политики, следење на актуелните случувања поврзани со децата, истражувања на состојбите со добробита на децата итн. Секоја наша вонпроектна активност од претходно споменатите значи и акција во вид на повик до граѓаните и институциите за мобилизација, реакции во јавноста за направени пропусти на институциите, предлози до релевантните чинители за промени на политики и практики, алармирање за горливи прашања за кои институциите молчат.

Детската амбасада Меѓаши, активно работи на:
- Застапување на детските права и интереси преку поддршка на Инцијативата за заедничко и одговорно родителство и по развод.
- Застапување на правата на децата и превенција, преку воведување построги мерки за сексуалните предатори односно воведување хемиска кастрација за педофилите повторници на делото.
- Застапување на децата и нивното право да ги дознаат билошки родители во случаите каде децата се дадени на институциите на згрижување.
- Застапување на правото за чиста животна средина и чист воздух за заштита на здравјето на децата и нивниот правилен физички развој.
- Итн.



