АКТИВНИ ОГЛАСИ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/КА и ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА или СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА СО УВЕРЕНИЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/КА и ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА или СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА СО УВЕРЕНИЕ

Доколку верувате во активно граѓанство и промени, се стремите кон праведност, правичност и функционален систем кој работи во интерес на децата, транспарентно и отчетно работење, тогаш имате нешто заедничко со нас. Ако имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во финансиско раководење проекти финансирани од Европската унија и други меѓународни проекти, како и желба за нови предизвици, поседувате висок интегритет, одговорност и отчетност, и сакате да станете дел од нашиот мал, но посветен тим, ве покануваме да ги прочитате долунаведените критериуми за аплицирање на позицијата: -  Финансиски менаџер/ка и овластен сметководител/ка или сметководител/ка со уверение во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.

  Вид на вработување:

- Позицијата  започнува со договор на определено време од 3 месеци, со можност за продолжување на 1 година и потенцијал за долгорочно вработување на неопределено време, со 40 часовна работна недела (100%).

- Ангажманот за дадените позиции Финансиски менаџер/ка и овластен сметководител/ка или сметководител/ка со уверение може да се извршува од едно лице доколку ги исполнува бараните критериуми. Во тој случај работниот ангажман предвидува договор за вработување со целосно покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 60.000 до 80.000 денари, во зависност од искуството, квалификациите и компетенциите на кандидатот/ката.

Целосниот оглас е достапен на следниот линк

Скопје

Полно работно време

По договор

Аплицирај

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ КОМПАНИЈА ЗА СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ КОМПАНИЈА ЗА СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ  

Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi, објавува повик за ангажирање компанија за сметководствени услуги. 

Мисија: 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите. 

Визија на Детската амбасада МЕЃАШИ: ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ   

Заинтересираните компании треба да испратат финансиска понуда на info@childrensembassy.org.mk со назнака: оглас за ангажирање компанија за сметководствени услуги или истата да се достави во Детската амбасада Меѓаши со адреса ул. Коста Новаковиќ бр. 22, 1000 Скопје.   

Детската амбасада МЕЃАШИ не презема одговорност да им одговори на сите апликанти. Крајниот рок за испраќање на пријавите е 30 октомври 2025. 

Понудите кои што нема да бидат комплетни и кои ќе пристигнат по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.  

Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме испратете ги на info@childrensembassy.org.mk  најдоцна до 27 октомври 2025. 

Целосниот оглас е достапен на следниот линк

Скопје

По договор

Аплицирај

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРЕВЕДУВАЧ(К)А ЗА СИМУЛТАН ПРЕВОД ОД МАКЕДОНСКИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК И ОБРАТНО

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРЕВЕДУВАЧ(К)А ЗА СИМУЛТАН ПРЕВОД ОД МАКЕДОНСКИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК И ОБРАТНО

I. Општи информации

            Првата детска амбасада во светот Меѓаши (Меѓаши) објавува повик за ангажирање преведувач/ка кои ќе вршат превод за потребите на Проектот: „TOMAS - Кон усогласено законодавство против сексуална злоупотреба на деца преку интернет“

II. Општи информации за проектот

             Проектот „ТОМАЅ” има за цел приклучување во борбата против онлајн сексуалната експлоатација на деца во регионот на Западен Балкан преку координирање на напорите меѓу регионалните организации на граѓанското општество и организации од ЕУ. Проектот се спроведува во периодот од 22 месеци, почнувајќи од 01 декември 2023 година. Партнерски организации во проектот се: Centar za nestalu i zlostavljanu decu - Srbija како носител на проектот, Child Rights Center Albania и Детската амбасада Меѓаши. Проектот е финансиски поддржан од Smart Balkans.

III. Цел

Прва детска амбасада во светот – МЕЃАШИ објавува јавен повик за ангажирање на професионален преведувач за симултан превод од албански на македонски јазик и обратно, за потребите на јавен настан (трибина) кој ќе се одржи на 18 септември 2025 година во Скопје.

IV. Опис на услугата

  • Обезбедување симултан превод во живо за време на трибина со мешана публика и говорници.
  • Превод од албански на македонски и обратно, во текот на целиот настан.
  • Времетраење на ангажманот: до 4 часа.
  • Превод преку микрофон и слушалки (опремата е обезбедена од организаторот)

Целосниот оглас е достапен на следниот линк

Скопје

По договор

Аплицирај

ПРОДОЛЖЕН ОГЛАС за вработување оператор(к)а на СОС линија АлоБушавко

ПРОДОЛЖЕН ОГЛАС

за вработување оператор(к)а на СОС линија АлоБушавко - правна насока

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши објавува оглас за вработување на оператор(к)а на СОС линија за поддршка на деца и млади „АлоБушавко“ - правна насока.

Оператор(к)ата ќе обезбедува основна правна ориентација и поддршка, и ќе ги насочува корисниците кон соодветни правни служби и институции, по потреба. 

Вработувањето е предвидено во рамки на проектот Безбеден интернет центар во Македонија – MkSafeNet“, кој е координиран од Министерството за дигитална трансформација (МДТ), а ко-финансиран од Европската Унија и националните фондови на РСМ. 

Проектот MkSafeNet има за цел воспоставување на Национален центар за безбеден интернет во Македонија, следејќи ги европските практики и моделот на постојните центри во регионот. Преку овој проект се адресира недостатокот од ваков ресурс во земјата, со фокус на создавање безбедна дигитална средина за децата, развивање алатки и знаења за одговорно користење на дигитални технологии и обезбедување поддршка за жртвите на сајбер-насилство. 

Позиција: Оператор(к)а на СОС линија за поддршка на деца и млади „АлоБушавко“ - правна насока 

Број на извршители: 1 

Целосниот оглас е достапен на следниот линк

Скопје

Полно работно време

Аплицирај

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ПРАВНО ИЛИ ФИЗИЧКО ЛИЦЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН ЗА ВИЗУЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ ВОДИЧ И АНАЛИЗА

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ПРАВНО/ФИЗИЧКО ЛИЦЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН ЗА ВИЗУЕЛНИ МАТЕРИЈАЛИ (ВОДИЧ И АНАЛИЗА)

  1. I. Општи информации 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши објавува повик за ангажирање правно/физичко лице за изработка на графички дизајн на материјали, во рамки на проектот: „TOMAS - Кон усогласено законодавство против сексуална злоупотреба на деца преку интернет“

III. Цел на повикот 

Во рамки на проектот на ПДАС Меѓаши за заштита на децата од сексуална злоупотреба преку интернет, изработени се Водич за застапување и лобирање  и Анализа на постојните политики и практики во Македонија. Материјалите се насочени кон подигање на свеста за CSAM и утврдување на методи и алатки за влијание врз целните групи.

Предвидена е изработка на графички дизајн за дигиталните публикации, со цел визуелно претставување на нивната содржина и значење, во согласност со визуелниот идентитет на проектот. Дизајнот треба да биде адаптиран за печатење во формат А4 и применлив за македонска, албанска и англиска верзија.

Ангажираното физичко/правно лице ќе работи во координација со проектниот тим, со можност за креативен израз при дефинирање на основниот изглед на публикациите.

Целосниот оглас е достапен на следниот линк

Скопје

По договор

Аплицирај

ПРОДОЛЖЕН ОГЛАС за вработување оператор(к)а на СОС линија АлоБушавко - правна насока

ПРОДОЛЖЕН ОГЛАС

за вработување оператор(к)а на СОС линија АлоБушавко - правна насока

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши објавува оглас за вработување на оператор(к)а на СОС линија за поддршка на деца и млади „АлоБушавко“ - правна насока.

Оператор(к)ата ќе обезбедува основна правна ориентација и поддршка, и ќе ги насочува корисниците кон соодветни правни служби и институции, по потреба.

Вработувањето е предвидено во рамки на проектот Безбеден интернет центар во Македонија – MkSafeNet“, кој е координиран од Министерството за дигитална трансформација (МДТ), а ко-финансиран од Европската Унија и националните фондови на РСМ.

Проектот MkSafeNet има за цел воспоставување на Национален центар за безбеден интернет во Македонија, следејќи ги европските практики и моделот на постојните центри во регионот. Преку овој проект се адресира недостатокот од ваков ресурс во земјата, со фокус на создавање безбедна дигитална средина за децата, развивање алатки и знаења за одговорно користење на дигитални технологии и обезбедување поддршка за жртвите на сајбер-насилство.

Позиција: Оператор(к)а на СОС линија за поддршка на деца и млади „АлоБушавко“ - правна насока

Број на извршители: 1

Целосниот оглас е достапен на следниот линк

Скопје

Полно работно време

Аплицирај

Оглас за вработување оператор(к)а на СОС линија АлоБушавко - правна насока

Преведувач/ка македонски-албански и албански-македонски јазик

АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Во рамките на проектот „TOMAS“, Прва детска амбасада во светот Меѓаши објавува повик за преведувач/ка од македонски на албански јазик и обратно.
Заинтересираните кандидати/ки треба да испратат кратка биографија, диплома/уверение за стекнато високо образование на академски студии VII/1 или 240 кредити според ЕКТС, меѓународно признат сертификат за познавање на јазикот (доколку е применливо), финансиска понуда во облик на очекуван бруто хонорар по страна за ангажманот за извршувањање на задачите и обврските и референци на iro@childrensembassy.org.mk со назнака: „Пријава по оглас за ангажман на Преведувач/ка од македонски на албански јазик и обратно“.
Сите информации за работните задолженија како и потребните квалификации за аплицирање, може да ги најдете на следниот линк
Крајниот рок за испраќање на пријавите е 24 јули (четврток).
Skopje

По договор

Аплицирај

Преведувач/ка македонски-англиски и англиски-македонски јазик

АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Во рамките на проектот „TOMAS“, Прва детска амбасада во светот Меѓаши објавува повик за преведувач/ка од македонски на англиски јазик и обратно.
Заинтересираните кандидати/ки треба да испратат кратка биографија, диплома/уверение за стекнато високо образование на академски студии VII/1 или 240 кредити според ЕКТС, меѓународно признат сертификат за познавање на јазикот (доколку е применливо), финансиска понуда во облик на очекуван бруто хонорар по страна за ангажманот за извршувањање на задачите и обврските и референци на iro@childrensembassy.org.mk со назнака: „Пријава по оглас за ангажман на Преведувач/ка од македонски на англиски јазик и обратно“.
Сите информации за работните задолженија како и потребните квалификации за аплицирање, може да ги најдете на следниот линк
Крајниот рок за испраќање на пријавите е 24 јули (четврток).
Skopje

По договор

Аплицирај

Координатор/ка на програмски и проектни активности

Се бара искусен координатор на програмски активности

Скопје

Полно работно време

Аплицирај
Scroll to top