Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Дневен центар за деца кои не посетуваат училиште при Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Посета на Дедо Мраз и делење на новогодишни пакетчиња

- Дедо Мраз ги посети децата во Дневниот центар за деца кои не одат на училиште, деца кои беа згрижени во Прифатилиштето за внатрешно раселени лица за време на воениот конфликт во Република Македонија.


-Делење пакетчиња и играчки за децата сместени во одмаралиштето „Младост“-с.Љубанци

На ден 29.12.2011 година претставници од Првата детска амбасада во светот Меѓаши донираа новогодишни пакетчиња и играчки на децата кои се сместени во одмаралиштето „Младост“ во с.Љубанци. Овие дечиња се од семејства кои се социјално загрозени и се наоѓаат во состојба на социјален ризик, затоа ова мало внимание му овозможи на секое дете среќа и радост во Новогодишните празници.

- Новогодишни пакетчиња и за децата во т.н. картон маало под Тврдината Кале-Скопје

На ден 29.11.2011 година претставници од Првата детска амбасада во светот Меѓаши заедно со Дедо Мраз им донесоа искрена насмевка на 21 дете сместени во импровизирани куќи од картон под тврдината Кале донирајќи им новогодишни пакетчиња. Ова е најранливата група на дечиња, но Дедо Мраз успеа да им овозможи и тие да ја почуствуваат новогодишната радост и среќа.

Оваа акција беше поддржана од следниве организации:

- Babylon Software Solution

- Genel

- Фруктал

- МакПрогрес

- Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“

За непрекорно функционирање на Дневниот центар при Првата детска амбасада во светот Меѓаши, донациски го поддржаа:

- Млечен ресторан Ваташа

- Хумани граѓани кои донираат облека, обувки и играчки

- Волонтери кои работат директно со дечињата до Дневниот центар при Првата детска амбасада во светот Меѓаши, на кои сме им најмногу благодарни.